Ти и психолошки профил си и направила само да ја оправдаш, може болна, е, може баба и умрела Штом воопшто не ти пишала досега контактирај ги аирбнб обавезно а можеш и неа да ја бараш на тел број ако има оставено. Којзнае може пак стварно нешто и се случило
Да пишам апдејт, може на некој ќе му користи. Пишав на Support, веднаш и' се јавија, и типкава семи-налутено по една секунда ми пишува со една реченица дека не ни вратила оти не знаела кое време ќе не' пречека, не била она таму, ќе пратела некој друг. Ќе ни кажела одма штом знаела. Абе........ абе....... Последен пат со instant booking правам вака, следен пат додека не си напишеме семејна историја со host, не резервирам.
Доколку некој од вас престојувал преку airbnb во Хановер (Германија) и сте задоволни од сместувањето, ве молам пишете ми.
Здраво, Направив профил на airbnb, и прашањето ми е како да пријавам кај нас, односно која е постапката во ујп?
Се поднесува даночна пријава за остварени приходи од имот и имотни права, во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите. Но , најдобро е да отидеш во УЈП и ќе ти објаснат затоа што може и некои измени да имаат
Здраво , направивме профил на аирбнб , но сега имам резервација , каков начин на исплата да одберам ? гледам преголеми се провизиите , молам за помош ?
Прочитај го линкот https://hr.airbnb.com/resources/hosting-homes/a/how-much-does-airbnb-charge-hosts-288
Благодарам , прочитав но не најдов конкретен одговор , од контакт центар велат дека зависи од банката провизијата, иначе си отворив сметка на payoneer , па ке видам како ке оди , битно да не ми дојде провизијата поголема од цената која гостите ке ја платат
До сега се било како што е напишано , конкретно јас ја имам оставено мојата трансакциска и сумите си се како што е на pay out делот наведено (т.е опцијата за исплаќање по твоја желба- со рефундација , без , и тн) . Нема да имаш проблем , искрено и кога патувам лично секогаш предност давам на аирбнб затоа што reviews се баш поточни за разлика од booking.
Дефинитивно подобра варијанта е отколку букинг , поддршка им функционира беспрекорно , ти благодарам уште еднаш , ке видам ко ке члегнат средствата како ке испадне
Барајќи одговори на темава твојот е последен па сакам да прашам како е досегашното искуствосакам да издавам стан на истата платформа така да било какво искуство, и во однос на исплата на средства се добредојдени
Здраво на сите, имам прашање до поискусните Сакам да издавам стан преку airbnb, прашањето ми е дали може исплатите да се вршат на paypal сметка на адреса во странство на која секако не живеам (адреса на роднини) и дали тие би можеле да имаат некој проблем заради тоа? Благодарам
Гледам не е одговорено на прашањата од претходно, но да си ја пробам среќата и да прашам дали на некој може да му се обратам макар и во порска и да ми објасни како функционира издавањето на стан на airbnb