И јас сакам да ми ја објасни некој комплетната процедура за започнување на ваква дејност. Дали има потреба да се регистрира фирма, каде треба да се пријави приходот, кој тип на сметка и картица се најисплатливи итн... Благодарам
Другар издава стан преку Booking.com ама мислам дека и со AirBnB e исто. Фирма не треба да се регистрира. Приходот го пријавуваш во УЈП. Сметка можеш да користиш било каква. https://chatgpt.com/share/a4b5674c-05bf-4a8b-8073-932c87f40fad
Хај луѓе, ми треба помош. Веќе скоро цел месец имам објавено стан на букинг и на аирбнб. Аирбнб ми се допаѓа ептен, бидејќи си го поврзав со Payoneer, вратата ми е со кодови за self check-in, давам код на гостите и не мора да ги чекам кога ќе стасаат за да наплатам. Ама проблемот е што скоро сите резервации ми се преку букинг Ептен помалку се користи аирбнб. А букинг не ми дава опција за да ги примам парите, т.е. да наплаќам преку букинг. И мора да ги чекам во станот, или јас ако не можам, да задолжувам друг. Претежно се Срби, и скоро секој ден различни... Некои стасуваат подоцна, некои воопшто не кажуваат, други доцнат... Многу глупаво. Дали може некој кој има искуство да ми даде совет? Како да сетирам за наплата преку Букинг. Не ми ја дава опцијата Payments via Booking... Како наплаќате?
Не е точно.. Има еден куп сместувања на букинг каде што се плаќа однапред. Тоа што знам е дека правно лице бараат да си.. Така беше порано. Сега што смениле не знам..
Прашај ги во супортот за виртуелна картичка, има таква опција. Ама.. не е исплатлива за кај нас искрено, ние се откажавме од старт и тераме со кеш сега за сега
Вие сте регистрирани како физичко или правно лице? Инаку, колку проценти зимаат од наплата со виртуелна картичка? Вака зимаат 12%. И плус данок што се пријавува во УЈП.
Женски, може прашањето не е за овде ама ми треба совет. Издавам стан на аирбнб и букинг и гостите ги пријавувам секогаш за адреса. Денес некој од комшиите пријавил во полиција а има гости кои дојдоа попладнево на едно ноќевање и ги немав пријавено. Дали некој имал ваква ситуација и како постапил? Од полиција ми рекоа дека била редовна проверка но прашав кај комшиите и кај нив немат отидено.
Може некој да ми го објасни принципот на плаќање преку аирбнб? (Подетално: кога ќе завршиш до букирање на апартманот, колку имаш време за исплата/дали има чекори кои водат до уплатата и што всушност се внесува за уплата). Плаќањето е само со картичка преку трансакциска? (Во девизи или денарска).. Притоа, не е провизијата поголема така? Никогаш не сум патувала и уплаќала преку ова, па затоа сум цела во збунка…
Дали има некој плаќано смештај преку airbnb во скоро време? Трансакцијата не сака да ми помине, па се мислам дали може да е бидејки треба да се внесе id ( лична карта или возачка) или пак е нешто до стопанска.. Инаку на букинг имам плаќано и сум немала проблем до сега. Ако знае некој би била благодарна на одговор
Може и нешто до картичката да е, види и во банка јави се. Мене лани исто вака со Стопанска картичката не сакаше да ми помине три пати трансакцијата на страна за траект букирање. До сега сум немала проблем со плаќање на аирбнб.
Може совет од каде купивте намештај (конкретно уште кревет, душек, постелнина перници, пешкири тие работи ми останаа).. каде перете и пеглате дали има некој сервис што би бил испчатлив? Исто и за чистење како се организирате? Било кој друг совет е добредојден..
Креветите ни се правени од мајстор, душекот е од Федер бау. Постелнини купуваме од Битпазар, дуќаните кај полициската станица. Пешкири во последно нарачувам од Синаг, а имам нарачувано и од Босфор, преку ФБ. Ќебиња и јоргани ќе ти требаат исто така. Сами переме и сами чистиме. Би ти препорачала сами да го средувате станот. Ем е поекономично, а најважно е дека ќе бидете сигурни за хигиената. Од моето искуство, покрај погодностите или содржаите што ги нуди станот, хигиената е на прво место. Освен Аирбнб, ни го издаваме станот и на Букинг и од таму ни се околу 80% од резервациите.
По колку постелнини, пешкири имате резерва (за менување)? Јас јорганчиња нарачав од Gloria Tex, но само тоа за сега..
Зависи колку кревети имаш. Јас имам по две и едно за резерва земам. Пример, за мојот стан кој е за 4 лица имам четири дупли постелнини и плус едно за резерва. Тие четири ги менувам, дуплата ја чувам ако нешто се оштети. Друг совет што заборавив погоре да го споменам е станот да биде минимум за четворица. Ако има една спална, во дневната да има софа на пуштање. Вака многу почесто ќе биде букиран оти генарално покрива поголема побарувачка, ако е за двајца, ограничени сте само на парови.
А што се минимум “kitchen supplies” според всс да оставам? И дали оставате намирници типа оцет, масло, сол, бибер, шеќер.. дали ова е доволно или треба нешто повеќе?
+ кафе, вегета... За кујнска опрема треба да имаш прибор за јадење (вилушки, лажици, ножеви) тањири, чаши мали и големи, чаши / филџани за кафе / чај, тенџериња барем две, тавче за пржење, ако во шпоретот нема тава, тогаш плус за печење. Ова ти е минимум. Јас имам три тенџериња, две тави за пржење, тава за печење, мали здели за сладолед (кои се мултинаменски всушност) чаши за вино, чаши за нес кафе, посебно шолји за чај и за кафе, мали чаши за ракија. Од зачини имам сол, бибер, вегета, оригано, црвен пипер. Им оставам јаболков оцет, маслинов зејтин и обичен зејтин. Обавезно во станот треба да имаш тостер, микро, апарат за кафе (ова најчесто се користи) ако имаш машина за садови, треба да им оставаш капсули, сол, сјај.