AL-Rehab/Crown perfumes

Дискусија во 'Тело' започната од DarkStormm, 29 јуни 2026 во 22:14.

  1. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    5.377
    Пол:
    Женски
    Барав тема и се изненадив кога видов дека нема, а баш се популарни овие рол-он маслени парфемчиња.
    Ги продаваат по социјалните мрежи некои девојки и се со многу прифатливи цени. Од 150-250 ден ги среќавам.

    Јас имам испробано повеќе.
    IMG_1604.jpeg Овој ми е омилен.

    Има многу и стварно не би можела веднаш да ставам слики од сите, но важно е да кажам дека не се сите многу трајни. Некои траат навистина изненадувачки долго, додека други ветреат за 1-2 часа. Мачкам на раце, по благите траат навистина долго, но некои се тотален промашај, мирисаат на бонбони, на старовремски парфеми, некои пак на омекнувач за алишта. Арапски се, барем така пишува, но не мирисаат тешко повеќето, е сега има некои кои се тотално oud smell и се баш арапската жичка.
    Потеклото не им го знам, се немам позамарано доволно, но бидејќи цената е повеќе од прифатлива дадов шанса и купив десетина, па тие што не ми се допаднаа ги подарив.

    Какви се вашите искуства ? Дали имате купено ? Дали сте задовопни ?
    Во наредните денови ќе ставам слика и рецензија и од другите кои ги имам.
     
    На Panda00 му/ѝ се допаѓа ова.