Женски порачав патики од али експрес 33,50 евра со фри шипинг ме интересира дали ке ми удрат царина овие нашите?
Нема, за да ти царинат треба да биде над 45 евра, но овие од али помали цени на производите пишуваат.
Нема, читајте луѓее читајтее, 100 пати имам напишано дека на али не ги пишуваат вистинските вредности. Имам порачувано производи од 60 долара и ништо ми немат земено плус.
нашиве не се придржуваат баш на правилата, како ке им текне така царинат, кога ке ти стигнат ке видиш дали ке има или не царина +
Точно е дека не се придржуваат,ама баш заради тоа и не е напишана вистинската вресност на производот, и е означено како гифт. Додека на асос имаш и фактура и точната вредност, и 1евро да ти поминува производот можат да го царинат. А али и ибеј е друга работа, освен техника која секако подложи на царинење ако ја надмине вредноста, друго не чепкаат, освен некој царински преглед од 100тина денари. Ова е моето искуство, а имам направено преку 50 порачки и од али и ибеј.
јас порачав некои работи , сега може да видам уште колку време треба да стигнат? И кај да стегнам за да дојдам до time-reminder ?
My orders- View detail Одоздола имаш тракинг број,копирај го на www.17track.net,и ќе можеш да ја следиш нарачката. Притоа треба да поминат 3-10 дена ,откако е пратена.
На www.17track.net за еден продукт ми пишува pick up. Ако не се лажам ова би требало да значи дека е стигнат во Македонија,но се уште не е пристигнат во мојот град.За колку време би стигнал?Или да си проверам за секој случај во пошта..
Можеш да почекаш а можеш и да тркнеш до пошта да провериш ако е таму да ја подигнеш Обично поштарот носи обавестување дека е стигнато па да си ја подигнеш пратката или до дома ја носат ,ако е нешто поголемо и потешко мора од пошта
Копирај го на http://www.17track.net Преку ХК ти е пратена нарачката , за околу 20 дена би требало да стигне. И по 100ти пат ќе кажам читајте ја темата, исто и Спедење на пратки.
Не ти препорачувам да порачуваш било каква електроника од Кина. Досега сум имала позитивно искуства само со ситни делови како дисплејчиња, лед-диоди, табли за спојување + жички, но со готови апарати секогаш има по некој проблем. Подобро плати некое илјадарче плус и оди од продавница за електроника, барем на лице место ќе си провериш дали ти одговара. Имам порачано видео камера со HD леки. Со леките се во ред, но затоа пак битрејтот е ист и за снимки со поголема и со помала резолуција, па боите на снимките со повисока резолуција се катастрофа. Всушност со појака резолуција добиваш уште полоша снимка .. Исто имав usb од 64 гига порачано, и добив усб што врти 8 гига и во пропортис покажува дека е 64 гига. Тоа само што го добив го проверив и му пишав на селерот, па ме молеше да ми ги врати парите, да не му оставам лош рејтинг, фабричка грешка било (демек мастило пијам), ама тоа е .. Ако сепак се одлучиш да порачаш пиши му порака на селерот и прашај го за работи што ги нема во дескрипшн, а се битни, како битрејтот. И исто речи му ако сака да ти го испрати во обична картонска кутија, не во оригиналната, пошто инаку може да ти ја проверат на царина. Мене ми ја проверија камерата на царина и си доплатив (како гифт со мала вредност беше означена, а оригиналната кутија беше обвиткана со слој заштитен и слој жолт најлон).
Devojki imam poracano dva fustani od AliExpress i na dvata mi pisuva finished, eddniot go poracav DHL i ne mi go locira a za vtoriot mi pisuva deka e stignat vo MK, sto znaci statusot finished?
Finished значи дека поминал рокот во кој што требало продавачот да ти го достави производот, т.е. да ти стигне пратката. Значи дека парите веќе му се префрлени и се е завршено, исто како да ти стигнала пратката. И ако не ти стигне, немаш веќе опција за open dispute, што значи дека неможат да ти ги вратат парите... Освен ако му објасниш на продавачот дека ја нема пратката, па да се договорите некако
Девојки, јас стварно имам проблем Нарачувам како луда . Тракатанции колку што ти душа сака како мало дете сум, се` сакам Па и за подарување на блиските нарачувам...прав болесник Не дека трошам некои си солени суми, сите ми се евтинки работи ама почнав малку да се загрижувам.. Муабетов ми е: започнав од пред некој месец со нарачки, па си мислам дека би требало да ми помине еуфоријава ваљда а? Кога ќе почнат да стигаат дома, коса ќе им се крене на моиве
И јас нарачувам, дури и премногу, исто како тебе - почнав со ситни и евтини работи со изговор - и да не стигнат, нема да ги жалам парите Последниве 3-4 пратки ми се покрупни т.е.не се накит (фустан, купаќи) и планирам да намалам со порачување. Навистина имам тоа што ми треба, не знам што ме тера да нарачувам кога ќе ги видам така евтини, си викам зошто да не А поштарот ме мрази, осеќам, секој ден само нешто стига. Барем да беа во еден пакет сите порачани работи, вака еден ден доаѓа за менѓуши, друг ден за прстен и слично Дефинитивно планирам да намалам, ако не и да престанам, да нарачам работи за кои вистински би имала потреба, а и да си заштедам малку пари