Има некој што му стигнала деновиве порачката? Спојлер Јас чекам порачка,што треба деновиве да ми стаса според моите пресметки.Ама еднаш веќе се шетав до царина заради порачка од Асос,па да си прашам дали уште им важи политиката да ја отвараат секоја пратка.И дали тоа ќе ми се случи пак и со оваа порачка од Алиекспрес,да знам да си се спремам за дополнителни трошоци,што најверојатно ќе ги има.
http://www.aliexpress.com/item/2014-New ... 79414.html овај мислам е подобар.. А ова за sleeve leght како да мерам?
Од рамото па се до крајот на раката, т.е до почетокот на дланката П.С: При мерењето благо свиткај ја раката.
Талита, и овде немаш фидбек, иако има доста порачани, јас не би ризикувала. Инаку сакото не е како на сликата, да го најдам ќе ставам линк. Едит: Еве линк http://www.aliexpress.com/item/Hot-2014 ... 98075.html Бојата и материјалот немат врска како на почетната слика, барем според мене.
Јас си нарачав фустан уште пред еден месец, на 08.03 ми го пратија и сеуште не ми е стигнат. Кој какво искуство има со овие работи, на моменти ме фака страв да не не ми стигне ништо. А после 15 дена ми пратија и едни кондури исто што си ги нарачав. Ме фаќа малку паника, да не ми отидат на празно парите :/
Уживај, до сега имам порачано 2 фустани, првиот стигна за помалку од 2 месеца, а вториот за месец ипол... Според моето искуство фустаните најмногу се задржуваат Не се секирај, ќе стигне
Јас имав нарачано фустан со малку повисока цена и така се тресев дека нема да ми стигне бидејќи беше заглавен околу месец дена во Цирих, но за среќа стигна за 40 дена. Сега има гужва со порачки, но имаш уште месец дена рок за да ти стигне. Без гајле можеби малку ќе почекаш но ќе ти стигне. Кога ќе отвориш производ од десна страна (како на сликава). Гледам да има над 95% фидбек и барем 100 купувачи.
Веќе ми се одбројува дека е пратена прочката веќе 4-5 дена, а на track17 ми вели дека денес е пуштена порачката
Не разбирам што се случува со пратката...Пред 2 дена пишуваше pick up а денес проверив и пишува transporting.. 2014-04-02 00:00, The item (RC890378016HK) was posted on 2-Apr-2014. ова го пишува.. ќе ми каже ли некој што се случува?
Патува пратката, не паничете за без везе, и пишувајте во соодветни теми. Преку ХК не можеш да ја следиш, ќе ти напише само кога ќе стаса во МК. Треба да поминат минимум 5-6 дена, за да почнеш да ја следиш.
Девојки, дајте ми совет што да правам Денес ми стаса пратката, наочари, значи катастрофа! Како сплескани се како да има некој седнато на нив, рачките широки Дали да направам confirm order recived и да им напишам некој ужасен коментар, или да им напраам open dispute ептен се разочарав
Искрено, не знам што да ти препорачам, освен да не оставаш лош коментар, ми звучи злобно Ти можеш да оставиш добар фидбек на основа на комуникација со него, брза испорака и слично, а во коментар да наведеш што ти се случило, без да му го загрозуваш фидбекот. Пиши му на селерот (или отвори диспјут), не знам што би било попродуктивно, некој со искуство нека каже, за некако да се договорите да го решите спорот. Претпоставувам дека не е вина на селерот што се смачкале при транспорт, освен ако не биле во некоја поцврста кутија. Мене ми се има случено да ми стигне ланче со скинато синџирче, но си најдов делче и сама со клешти - го споив, а сепак оставив солиден фидбек. Се случува, колку пошти и авиони менуваат пратките, не верувам дека многу ги пазат
Помогнете ми ..незнам тука на AliExpress како да одредам големина за облека за мало дете,отворив неколку фустанчиња и не можам да најдам табела никаква .. некој знае ? Пишува 2Т,3Т,4Т... не разбирам.
Веројатно поназад сте прочитале за мојот случај, имав нарачано 2 марами, а добив по грешка 3 пара гаќи. Му пишав на продавачот, дека сум премногу разочарана, и како да се договориме затоа што ке отворам диспјут. Беше многу љубезен се "утепа" од извинување, и по некој ден се договорил со менаџерот и ми ги испрати пак марамите, нов број за следење ми прати и ми го продолжија времето.Инаку за цело време не бев стиснала confirm order recived, затоа препорачувам веднаш да му пишеш порака и опишеш во каква состојба си ги добила наочарите, па и сликај ги,прати му доказ.
Феминки кога ја отварам мојата порачка ми го пишува ова..може некој да ми објасни што значи?? фалаа 2014.04.11 12:31 (GMT-7): Departure from outward office of exchange 2014.04.10 20:41 (GMT-7): Collection
17трак и сличните сајтови служат за колку толку да имате претстава каде се наоѓа пратката. Некогаш има точни информации, а некогаш нема. Не ми е јасно зошто толку се напнувате со детално толкување на секоја процедурите низ кои поминува пратката таму некаде. Преку разни пошти и места одат пратките, па некогаш некоја процедура може им се разликува, али тоа си е нивна работа. Разбирам некогаш кога има сомнителни "event"-и, чудни или грешни дестинации, губење па да се консултирате ама на крај краева вас битно ви е да ви стигне пратката овде (и да нема зезанции со нашава пошта). Не кревајте паники, бидете стрпливи зошто може и многу да потрае доаѓањето на пратката, следете да не ви истечат роковите, ако не стигне пратката во потребниот период или ако е неисправна контактирајте со продавачи или отворете "dispute".
Значи нашиов бренд али со кој што ние од одамна сме запознаени, кај нас, во Македонивчево тек сега станува актуелен Каде и да одам , локално, само за тоа се зборува, тек-тук го гледам испишан на ливчиња, жени на жени си го поддават, со огромни насмевки на лицата, како да си разменуваат чек од милион $. Ех, али бре, не осакати финансиски, но алал ти вера на парите кои ти ги имаме дадено. Вредиш, јбг....