Знаеш дека искрено не ни ми дојде дека може да е toddler ,гледав и се прашував како да одредам Фала многу macence85
Да, производите се испратени, пишува Goods Awaiting Acceptance, што значи се чека да стигнат кај тебе и да се прифатат, за потоа да кликнеш Confirm Order Received. Ако има статус - Awaiting Payment - се чека да се платат ако има статус - Awaiting Shipment - се чека да се испратат. Едноставен гугл транслејт може да ви заврши работа во случајов
Проверив на track17 и пишува дека две маички ми се стигнати во четвртокот во мк. И сега утре да си отидам во пошта да прашам, или да почекам чичко поштар да ми ја донесе пратката ?(пред некој ден ми донесе пратка до дома) На 10-ти стигнало во мк, а утре сме 14-ти ми е страв да не ја пратат назад па да се сликам после. Пошо многу се ажурни нашиве.
Јас пратките кои пристигнале во четврток или петок најчесто ги добивам во понеделник или најкасно вторник... Можно е да не вршат достава за време на викенди (иако треба, ама мрзи се...). Нема потреба за секирација, ќе ти ги донесе поштарот деновиве.
Не се секирај Сепак зависи од пошта до пошта. Неколку пати имам пишувано за мои случки - мене пратките ми стигаат во пошта Чаир, каде што е општ невиден хаос! Последниот пат ми донесоа картонче 7 дена покасно од датумот за преземање (каде пишува најкасно 5 дена за преземање). Но отидов таму и пакетот си стоеше уште - позитивна страна на хаосот и гужвата
http://www.aliexpress.com/item/shirt-wo ... 56829.html Полудев по кошулава, башка и 4 евра А тоа шо пишува 48 days left, уствари за толку време ќе праќаат нарачки, или попустот до тогаш ќе трае? Не се разбирам баш нова сум на аливо
Фала ти многу Морам некако да се одвикнам од аливо, само нешто си наоѓам, картичката на нула ќе ја направам. Евтино евтино , ова блузиче, ова ланче , и отидоја парите.
феминки ако има некоја што има искуство и е слободна нека пише лп сакам да порачам нешто но не сум многу упатена во ова
Имате видено негде по странава интересни ранчиња, црни со нитни/ресички нешто така, или messenger bags какви што имаше во Аксесорајз, се утепав од барање и никако не можам да најдам а порано имаше куп
http://www.aliexpress.com/item/Free...n-Men-Fashion-Teenager-School/1422947046.html нешто вака? Напиши си women backpack и разгледај си
Еден другар со првата нарачка утнал , прв пат порачувал и избрзал . Вака сега , тој пред време кликнал дека ја примил слабо знаел англиски и едноставно биднало. Сега знам дека не е возножно да се отвори диспјут , значи има ли некоја друга можност.Му пратил 4-5 пораки од кои прво селерот не му враќал и после само "ок 11"му пишал. Другаров се снашол со некој колега од работа пишале на англиски порака што и како се случило со нарачката ама тој не им вратил за на крај само ова горе напишаново да му врати.Значи кликам на селеров сега не се отвара вика пејџ нот фаунди на нарачкава исто. Дали тоа значи дека селеров веќе не продава на алиекспрес?Пробав да ја следам нарачката ми излегува статус дека од Хонк Конг мислам дека беше е пратена накај означената дестинација значи накај Македонија, но покажува дека од крај на февруари е испратена па мислам дека до сега нема шанси да не стигнала? Може ли нешто да се направи околу овој проблем ? Благодарам
Ако е преку ХК најдоцна за месец дена стигнува. Ама не можеш да ја следиш, ти пишува само кога тргнува нарачката, и на крај кога пристигнува. Пејџ нот фаунд, значи секерот го нема, кај мене досега се случило неколку пати, ама нарачката ми стигнала. А другар ти стиснал дека ја примил, или ќе му стигне нарачката, или нека се збогува со парите.Болдираниот дел не го рабирам, како накај Македонија, или стои Македонија во дестинација, или некоја друга, а да ја следиш , реков не можеш. Ај ако не ти е е тешко копирај го тракингот. Јас за тоа велам дека прво треба да се знае како функционира странава после да се порачува, тоа исто ко да влезеш во продавница да купуваш , а незнаеш од каде и како. Сум слушнала милион примери на незадоволни, баш поради тоа што не ни знаат на што се нафаќаат. (Лара ова не е лично за тебе ) Најпрво треба да научиме како фукнционира алиекспрес, што да очекуваме, што може да добиеме, итн..