И јас со истото прашање Што ако се одбројат деновите, а селерот не ја прати нарачката ? Или оние што се пратени , не стигнат по 60 дена ? Спојлер ( сигурно имате објаснето назад во темава, ама слаб ми е интернетов , ќе треба еден ден да барам )
Ако селерот не ја испрати порачката, парите одат назад, а ако не стигне пратката, би требало пак да ти ги вратат назад, ама за ова не сум сигурна. Ако ја следите нарачката, и се е во ред, а времето истекува, најдобро е да го продолжите, мене така ми се случи со една порачка, самата го продолжив. Бидејќи порачката си патуваше но со некои застои, па на крај си стигна во ред. А ако ви е нешто сомнително, прво контактирајте го продавачот, па отворете диспјут. Јас најчесто вака поставувам, и се било во ред. Иако сум имала пратки кои не стигнале, 1или2, не се повеќе, ама ми ми ги вратиле парите. Затоа пак ќе кажам, најпрво убаво да се разгледа страната, плаќањето,како функционира праќањето, комуникацијата со селерот, и сите поврзани работи со али, па после да се се нарачува. Бидејќи после али е крив.
Девојки јас денес имам проблем со нарачување. Се јавив во банка и ми рекоа дека не е проблемот од кај нив може да биде од страна на Али. Што може да е? Се случува ова кај вас? Вака ми вика:
Знам дека треба да се информираш како функционира страната и јас истото го направив кога прв пат нарачував ја испозамарав другарка ми која стално порачуваше на 2 минути ама битно ништо не испостискав. И јас истото му го реков бидејки кликнал Confirm order received сега нема право да отвори диспјут.Јас имам направено 3-4 порачки кои ми стигнале и се супер и се на се сум многу задоволна м еве сега чекам уште 2 да ми стигнат и верувам дека нема да има проблем. Јас му реков дека најверојатно ништо нема да излезе од сето ова бидејки порачката ја направил крај на јануари , во текот на фервуари му ја испратиле значи до сега 2 месеци па и повеќе поминале а никаде ја нема.Со болдираново мислев на дека стоеше дека од Хонг Конг е испратено на назначената дестинација , а како назначена дестинација стои Македонија.Сето тоа се случувало на 20и некој февруари како што се сеќавам така да до сега требало да стигне... Еве го тракингот RC935020359HK , јас преку 17track пробав да го следам. Ти благодарам за одвоеното време и одговорот
http://www.aliexpress.com/store/703044 задоволна од продавачов. Порачав две кошули денес едната ми стигна, како што сметав за месец без некој ден. Секогаш онлајн и враќа на пораките. А и цените му се супер.
Дали може да се плате со виза елеκтρон на стопансκа банκа туκа на али? Неκои виκаат можело неκои не, па аκо знаете на сигуρно ве молам κажете ми. Благодаρам однапρед.
Извадов интернет картичка од Стопанска банка,ме интересира дали ставате пари во денари или во друга валута и за отприлика колку денови стигаат порачките?
Обично ставам во денари колку што ме кошта се (пред тоа ќе си израчунаш колку ќе те фати). Не ставам повеќе пари. За стигнувањето кај секој различно, кај мене обично за месец стигаат.
Ништо јас утре ќе се јавам в пошта да проверам дали има некаква нарачка стигнато. За 3-4 работи што ги имам нарачано пишува дека се стигнати во мк на 10 април. А денес 16-ти Се надевам не ги вратиле назад изгубенине
Не може. Јас пробував и не успеав. Затоа си извадив интернет картичка. Вработената ми кажа дека треба во скоро време да ги пуштат и Виса Електрон, односно да може и со нив да се порачува, ама не знаеше да ми каже точно од кога.
Лара оваа воопшто не се однесуваше на тебе ,туку случајот со другар ти ме поттикна да го напишам тоа, кое оддамна го мислам,ама никако да му дојде редот, бидејќи слушам за доста вакви случки. Инаку го проверив тракингот, дестинејш кантри му е МК, на 28ми февруари пратката тргнала од ХК. Ама информации за пристигнување уште нема. Малку ми е чудно, бидејќи порачките од ХК најдоцна за месец дена стигнуваат. Освен да била пратката наменета за некој друг од МК,па да му го дал селерот овој тракинг број, да го измами,ама би била преголема коинциденција, а да нема на 17track информации за пристигнување на пакетот. Нека почека, незнам што да кажам, тоа единствено му останува кога веќе потврдил дека ја добил. Да се надеваме ќе стигне.
Абе имал некој проблем со сајтов? Не можам да платам. Се јавив во Стопанска ми рекоа тој Security Code грешно сум го пишувал, значи наместо 123 што го пишувам јас требало тој сиви кодот да сум го пишал(а до сега све така си порачував со тоа 123). И добро, го ставам тој код сиви, порачав две работи и после пак истиот проблем ми го пишуваат како причина на проблемот. Што треба сега да направам??? Да одам во Стопанска да ги акнам од земја ли? Ми требаат уште 2 битни работи да порачам што е можно побрзо, а неможам.
Marick14 битно прашање - пробуваш да платиш со обична виза електрон картичка или имаш извадено специјална Интернет картичка од Стопанска Банка? Бидејќи само со виза електрон картичките на Стопанска не може да се плаќа (мислам дека се само за трансакции во МК - така имам слушнато).
Девојки што се случува ако не ви стигне порачката?за 60 дена колку што е максимумот колку што знам, то се случува со парите?
За да ти се вратат парите пред да истече рокот од 60 дена мора да отвориш dispute, во спротивно по истекот на 60те дена ако не пријавиш дека не е стигната сметаат дека пратката си ја добила и му ги префрлаат парите на продавачот. Има опција да го продолжиш предвиденото време за испорака или во комуникација со селерот се договорите да се продолжи, заради евентуално каснење и за да се почека уште некое време пратката да стигне. Значи како и да е во било кој случај на доцнење, неиспорачување, договор за повторно испраќање на пратка и сл. внимавајте да не истече предвиденото времето затоа што потоа немате можност за приговор.
И ти ли? Ете погоре пишав дека и јас имам ист проблем. Си мислев до мене е, збрлавев. 100000пати им се јавив. Исто ми најававува како тебе, а они викаат дека не е од стопанска Сеа празници ќе фатат ќе не гипсираат овие неколку дена.. ваљда ќе се опраи од таму Патем јас имам картичка од тие што е само за интеренет. И не правам никакви грешки во внесување на кодот и ваков проблем ми јавува, нека не ти се праат паметни од стопаска Ако средам нешо јас во меѓувреме ќе ти пишам што биднало, пиши и ти ако откриеш спас..
Имам пишувано на некоја од претходните страници за ист проблем.... се уште го имам... Колку што разбрав јас, веќе од Али не поддржуваат дебитни Виза картички (мојата е од Тутунска) само Маестро.