Имам пишувано на некоја од претходните страници за ист проблем.... се уште го имам... Колку што разбрав јас, веќе од Али не поддржуваат дебитни Виза картички (мојата е од Тутунска) само Маестро.[/quote] Јас скоро секој ден порачувам по нешто со Виза Електрон од Тутунска, а последната порачка ми беше пред 2 дена и немав никаков проблем со плаќањето
и јас порачував редовно со истата картичка, наеднаш почна да ми излегува истото што го има ставено Мадам-А на претходната страна. Кога кликав за објаснување ми излегуваше дека Али поддржува само дебитна од Маестро. После неколку денови се имам обидено повторно, и пак истото, не ми ја прифаќа. Ова ми излегува:
Ви се случило некогаш да ви испратат нарачка последен ден? Направив нарачка на 2ри Април, а рокот за испраќање истекува за 5 дена, го контактирав селерот пред 3 дена и ми пиша дека ќе ми ги прати брзо да не се грижам. Ако истече рокот, а не ми ги прати ми ги враќаат парите така? И дали треба јас да пристиснам таму cancel order или сама ќе се откаже одкако ќе измине рокот за испорачување? Ми е страв да не не ми ја прати нарачката за 5 дена, имам порачано два пара старки.
се случува да...и мене така ми се има случено..пратката ми беше пратена точно последниот ден .... пс..денес ни стаса за малата долго очекуваниот комплет
Аиии и сега нова да си вадам а? Е многу ми го комплицираат животов значи Нема друго решение? п.с. Фала Sky-butterfly
Хм.. вероватно дека 5 пати си го порачала истото те. си се обидела да порачаш, ама не ти земале пари. И јас би да знам дали ова е само привремен проблем земајќи во предвид дека кај другите истите картички се уште функционираат. Кога размислувам последното порачување ми беше од еден наш сајт, со онлајн плаќањето, па само се прашувам можно ли е да е тоа нешто повезано со неприфаќањето кај Али, бидејќи од Али потоа нон стоп ми излегувашње Security check failed. Можеби нема врска никаква, ама навистина не ми е јасно што се случи... можеби претерав со порачките бидејќи тој период нон стоп нешто порачував, се уште ми не се ни стигнати работите...
Мене веројатно ми се откочи проблемот. Сега моментално нарачувам и еве неколку порачки едно по друго во ред се завршуваат Веројатно било привремено. Пробај сега нарачај си Се надевам дека и тебе ти се средил проблемот
Е да си ми жива и здрава, го прочитав постов и си велам ајде пак да пробам (а пробував пред некој ден последен пат) и УСПЕАВ Што и да било, поминало, јеееа, ете значи и тоа се случува
Вчера порачав неколку работи од али експрес , парите се повлечени од мојата сметка а на некои од производите пишува дека чекаат испраќање а на некои фонд на обработка .. бидејќи ова ми е прва порачка и не сум искусна со онлајн порачките би сакала да ми кажете што се случува со производите на кои пишува фонд на обработка .. дали е можно уште порачката да не е видена од продавачот или е настанат некој проблем? фала ви однапред . поздрав
на неколку производи имам кликано така речено до крај, уште да ја напишам сметката онака од разгледување, да видам со како е и сега имам неколку кои ми стојат на листата My orders, како да ги избришам ?? зошто вака може продавачите чекаат да им платам и да ја пратат таа нарачка
Девојки да ве прашам дали некоја има порачувано козметика од али? Сакам да си порачам палета со консилери и камена пудра за контури ама сум скептик од проста причина што се кинески и незнам да не случајно(не дај боже) имам некои последици. Што мислите?!
јас ја порачав оваа палета, моментално е во прага, чекам да стигне, па ке пишам што како е за неколку дена http://www.aliexpress.com/item/1pcs-New ... 91377.html
Мобилен телефон дали има некој нарачувано? Или да познавате некој што нарачал? Ме интересирра дали се добри? Сакам да нарачам ама некако не ми е сигурно.
Незнам колку се сигурни, мислам дека нема да ти стигнат. Барем на дечко ми не му стигнаа, порача неколку пати од различни акаунти ама ништо.. Пробај може ќе ти стигнат.
jas se misala da poracam fustance za polumatura ama nezz dali ke i stigne i dali ke mi bide taa velicina sho sum ja poracala i bojata