Јас сабајле ставив пари на каритичка од Стопанска банка, Мастер Карт и сега седнав да правам порачки и ми кажува као демек нема пари, проблем нешто дека трансакцијата е одбиена...а сите податоци ги внесив и бројки и кодови и модови и се... и не ми дава А колку бев залетана радоси заш ке порачувам и ништо. Некој ми викаат дека со Виза карт можело, комшиката со Мастер порачува а јас неможам... што би можело да биде
Добро, ако сакаше да кажеш можеше убаво ко човек...а не на ваков начин. Сепак ти благодарам, нема да има сто и први пат, па за да одговориш...
Онлајн производи (искуства и критики) Мадам А, и јас носам 37 тука со нашиве калапи, некогаш и 36 ама таму според табелите кога нарачував патики (ги имам горе поставено) ми испадна дека на број 37 европски, одговара 6.5 американски, а имаше табела и во сантиментри колку е тоа па си го измерив стапалото и испадна околу 22 сантима, јас заокружив на 23, и на 23 сантима одговара точно бројот 37 односно 6.5. Така да добро разгледај ги димензиите на патиките што сакаш да ги порачаш не се води од тоа дека ако носиш тука 37 така ќе ти испаднат и тие шо ќе ги нарачаш. Мене ми стигнаа и точни ми се се, мислам дека да ги пробувам у продавница нема да ги погодам толку точни.
Онлајн производи (искуства и критики) фала Мимс и јас носам некогаш помал број така да веројатно сме исти калап. А и што викаш, само по број ни овдешните патики не се исти..
Не знам што тоа не ти е кажано како човек, ама да не ја полниме со офтопик темава можеше само ми се допаѓа да стегниш.Ем ве мрзи да читате некоја страна наназад и уште ке ви кажи некој па се мрчите.
Визата од Стопанска треба да ја пуштат во најскоро време, односно ќе може да се порачува и со неа. Не мора да се вади интернет картичката.
Вака еден производ од 17ти ми е во Пекинг а има уште 13 дена за purchase protection. Побарав од селерот да го продолжи времето ама нема никаков одговор. Пишуваше ако не се продолжи да отворам диспут. Што да правам? Што ќе се случи ако стегнам опен диспут?
Дали некоја досега има нарачано со Виза интернет од Стопанска? Вработената ми кажа откако ќе порачам нешто, после тоа да ставам пари на сметката. Селерот од кој што порачав има пишано дека треба да се плати во рок од 10 дена. Направив порачка и во processing your order ми пишува - Sorry, your payment was not successful! No money has been deducted. Прашањето ми е дали кога ќе ставам пари на сметката автоматски ќе ги повлечат и ќе ми ја процесираат порачката? Како нарачувате вие со оваа картичка?
^Да, да автоматски ги повлекуваат парите одма од како ќе ја направиш нарачката, и после тоа ќе ја процесираат ... И јас таа картичка ја користам и прво на сметката ставам пари толку колку што ми треба за производот и потоа си го порачувам
Старките што ги порачав ми се пратени пред една недела, а сега ми покажува дека линкот не постои повеќе. Селерот си го има и неговата продавница, меѓутоа старките ги нема, не постојат повеќе кај него... Незнам што е проблемот, дали му завршила понудата или...? Се надевам дека сепак ќе ми стигнат патиките штом се веќе пратени. Имал некој слично искуство?
Јас имам исто вакво искуство, нарачав купачи, а после 1 недела пишуваше This item has stopped selling. Малце се извадив од памет, ама немало потреба - си стигнаа купачите како што треба. Изгледа им завршила залихата, ако е тоа можно
Мене вработената ми рече прво да порачам нешто, па да ставам пари на картичката. Сега ми пишува дека се чека да се наплати, во спротивно ако не се плати за 20 дена ќе ми ја откажат. Во понеделник ќе ставам пари, па ќе видам што и како ќе испадне Прва порачка ми е.
Мимс мене ми сеслучува неколку пати вака, да го снема селерот или пак производот, ама се било во ред, на крај ми стинуваат како што треба. Најверојатно го нема повеќе на лагер. Инаку јас чекам старки деновиве, па ќе ви ги сликнам и пратам, да ги видите. Не може вака, веројатно ти дале грешка информација. Треба да имаш пари на сметката за да направиш нарачка. Доколку не ја платиш ти стои во мај ордерс, но не платена , доколку ставиш пари на сметката, додека не кликнеш на пеј нау, не ти зема никакви пари од сметката. Значи се додека ти сама не кликнеш дека сакаш да ја платиш, нема никакво повлекување на пари. На али не се зачувува сметката, туку само адресата и личните податоци, а сметката ја внесуваш одново со секоја порачка. Се надевам ме разбра. Можеш самада го продолжиш времето, кликни на Request to extend Purchase Protection, напиши за колку денови сакаш да продолжиш и тоа е тоа. Кога стигнал до ПЕК , кога и да е ќе престигне.
Јас со стопанка на Мастер Карт, ставив пари и вечерта порачав и ми пишуваше исто Sorry, your payment was not successful! No money has been deducted... И сега се збунив малце,дали неможам да праам порачки засшто е Мастер а не Виза...или има нешто др проблем, Ниму да ми ги земат парите.. а ваму пишува Sorry, your payment was not successful! No money has been deducted.... Извинете прв пат нарачувам и можда и глупости прашувам
За прашањето на Nati.P убаво објасни duffi. А единствена картичка од Стопанска банка со која може да се купува онлајн е интернет картичката наменета за тоа. Спојлер Има најава дека ќе може и другите нивни картички да се користат, но додека не се воведе таква можност тоа не важи. Или почекајте да се случи тоа или извадете си соодветни картички кои поддржуваат плаќање преку интернет (информирајте се подетално во која банка Ви одговара).
Да да, прочитав тоа... јасно ми е дека нема да може со оваа на Мастер, само прашањето ми беше да не ми летаат парите и покрај тоа што пишува Sorry, your payment was not successful! No money has been deducted... зашто онлине, технологии се си бидува
Ако ти летаат парите тогаш честитам! успешно си ги пробила и надмината е неможноста за онлајн плаќање со друга картичка на С.Б..
http://www.aliexpress.com/store/product ... 77639.html Можно ли е овие да се толку ефтини.. Отприлика 400 денари би дошле некаде?? Сакам да ги порачам преку едно другарче што купува од интернет..