Каква царина!? Ако мислиш на дополнителните 3,17$ тоа е доплата за испорака, а нема никаква врска со царина. Според фидбекот и коментарите би требало да се ок сенките.
Можеш самада го продолжиш времето, кликни на Request to extend Purchase Protection, напиши за колку денови сакаш да продолжиш и тоа е тоа. Кога стигнал до ПЕК , кога и да е ќе престигне.[/quote] Кликнав и пишав 15 дена. Ми стигна потоа порака дека треба на маил да ми се потврди продолжувањето, а ако не ми се потврди тогаш да отворам диспут. A на маил досега немам ништо.
Тоа не е царина тоа е shipping, oдносно тоа е колку ќе те чини превозот од Кина до Македонија. Во овој случај shipping-от е 2,33 eвра, a вкупната цена заедно со шипинг на сенкиве изнесува 8,81 евро.
А зошто не ги порачаш од BuyInCoins? Имаш 88 нијанси за 9.49 долари. Има и помали палети, поевтини. Јас од тука имам земено со 15 нијанси за 4.75 долари. Ист е процесот на порачување како на АлиЕкспрес, истата картичка се користи, free shipping Еве ги сенките: http://www.buyincoins.com/item/1199.html И еве ги моите: Онлајн производи искуства и критики
Не користам многу нијанси на бои на сенка, а оние што ги сретнав ми беа супер и најомилените. Овие што ти си ги порачала, се баш супер - и онакви како што сакам - мат. Иста ли е процедурата ан порачување и кај бајинкоинс? За колку време ти стигнаа..?
За сите што сакаат да купат од BuyInCoins: Според моите искуства од оваа страница - се работи за еден селер. Затоа што имав повеќе работи нарачано, а ми стигнаа стие заедно во една пратка, во едно плико. Нема minimum order, првиот пат нарачав само трепки од 0.98 долари Пишува дека е Free shipping, така и е, досега сум немало проблем со тоа, иако една феминка ми пиша дека во пресметката и се пресметал некој минимален шипинг. Мене секогаш ми е 0, така и си пишува под секој производ. Два пати имам нарачано од таму, и двете пратки стигнаа за 20тина дена. Со тоа што нема Tracking Number, не може да ги следиш до каде се. Tracking Number даваат за производи над сума од 30 долари. Шипингот е бесплатен Јас еднаш имав проблем за плаќање, што всушност беше нивни проблем - ја имаа повлечено опцијата за плаќање со обична картичка, можеше само со пејпал, но следниот ден беше вратена. Се надевам дека ова ќе ви помогне
Јас пред две ипол недели за прв пат порачав од алиекспрес.Некој накит,кошулка,два саати ...и се надевам деновиве ке стигнат .Без никаков проблем се прими нарачката и по 3-4дена пишуваше дека се пратени.Но незнам зошто неможам да ја следам порачката да видам до каде е а цената на сите овие работи ме фати околу 40$ ..
епа треба да поминат од 3-10 дена некогаш и повеќе за да можеш да ја следиш нарачката..од кога тргнале ако се толку поминати и неможеш да ја следиш,почекај..ама ако помине уште 1 недела и неможеш да ја следиш тогаш пиши му на продавачот,да види кај е проблемот
Девојки и ја би сакала да си порачам од алиекспрес ама не сум упатена ама со ништо.Како се плаќа,како стига пратката.Ама имам 14 год. што значи малолетна...
јас баш се спремив да порачам од тука и се откажав кога прочитав дека мора со пејпал. Сега ме израдува кога прочитав дека може и со обична кога ке плаќам да изберам ли "standard checkout"?
^ Да, одбери Standard checkout и би требало да даде избор на картички Можно е да смениле нешто во врска со плаќањето, последниов месец немам ништо нарачано од таму
Да да, разбрав. Еве ми стои Awaiting payment, утре ќе ставам пари на картичката и ќе платам. Па ќе ве информирам дали првото порачување ќе ми биде успешно
Девојки да ве прашам нешто поврзано со BuyInCoins,вака значи вчера порачав едни четки и сега проверувам коа гледам уште ми стои Payment verification pending,поминаа повеќе од 24h незнам што треба да значи ова. Прв пат порачувам од тука па малце не се разбирам како идат процесиве,ако има некоја што знае да ми објасни.
Малце се побавни со процесирањето на производите, не се секирај но пред да го испратат, го сликаат пакетот, баш оној дел каде што стои адресата, да си сигурен дека го спремиле и пуштиле
Девојки го разгледувам ова Вuyincoins и имам впечаток дека има доста исти работи како на Али, баш онака со истите слики Разгледајте и споредувајте убаво пред да нарачате sanja.burgundy пишала дека за 20тина дена и стигнале, има некој друг што нарачувал да сподели временски како стојат? Ова со Али не се издржува.. Баш сега чекам 4 ствари што имам нарачано од пред 3 недели, а не се мрднати од аеродорм Има некаква друга разликата во двава сајта? И овие се кинески или?