Преку e-bay порачувам и стигаат мошне брзо за помалку од недела. За овие другите прв пат ги видов па ме интересираше за нив.
Девојче незнам колку ти значи, јас имам порачувано во Швајцарија, нормално постапката е иста, а стигат за околу 15тина денови.
истиот продавач има профил и на али, разгледувајки ја мојата "wish" листа налетав на него, значи истите производи ги има, со малку повисоки цени, веројатно на али плаќаат провизија затоа не им се исплати да пратат по едно парче и тражат мин. порачка, а странава веројатно му е приватна само за него си работи. Ова е моја претпоставка немора да значи дека е точно еве линк да споредите http://www.aliexpress.com/store/group/J ... 995/3.html
сакам да нарацам купаки, дали некој до сега нарачувал? само се мислам за бројот , според табелата што ја имаат ставено сум С ама ми е страв да не се мали? дали да нарачам М? помош....
Јас порачав, но сеуште не ми се стигнати. Земав L величина, и да испаднат малку големи можеби ќе можам да ги средам,. Така да секогаш земај поголемо бројче.
И јас имам нарачано, можеш да погледнеш тука. Носам М, порачав L - таман ми се нема да згрешиш ако земеш едно бројче поголемо, иако јас кога се мерев според табелата - излегов L, така и порачав.
24часа, брои од страна, ќе видиш уште колку часа има останато. Но од сметката веднаш ги повлекува парите, тоа е прокол на али, поради безбедност.
Да, еве брои Натаму како оди постапката? Што треба да правам, да чекам потврда? Tracking number треба да добијам? Прв пат порачувам, помогнете
После имаш процесинг тајм, односно време за продавачот да ја процесира и прати нарачката. Кога ќе ја прати , ќе ти се смени сатусот во Goods Awaiting Acceptance и во View Detail, ќе го имаш тракингот бројот. Тоа е тоа.
Порачката вчера е испратена од Прага, а имам уште 9 дена заштита. Да чекам или да отворам диспјут? Би требало да стигнат ама за колку време знак прашалник....
Реално за 9 денови има големи шанси да ти пристигне. Мене не ми се случило да не ми го пролжи, обично автоматски се продолжува, кога ќе кликнеш на Request to extend purchase protection. Како и да е, почекај, ако не ден пред истекот на рокот отвори диспјут.
Како мерите length на кошула? Нели length е должина, ама сантиметриве некако не ми штимаат. Конкретно за оваа кошула прашувам. Најмалото бројче има 66cm должина. Нема шанси толку да е долга кошулава, некако не ми е пропорционално на другите мерки