знае некој да ми ја појасни табела што им е со димензииве на струкот? ни најмалиот кинез нема вакви мињатурни струкчиња Јас нешто не сфаќам? грешно мерам на димензиите кај waist? или што е работава? Патем мене ми е 77см. Замолувам некој поупатен да ми посочи да се ориентирам. Фала. Се снајдов, ама редактирам и не го бришам коментаров во случај да му треба одговор на некој друг. Всушност дадени се величини од само напред/назад, а не е свртен цел круг со метрото околу струкот - овие во табелава се половина од целосниот обем
Добро девојки има некоја со близок датум на овој испратено од Прага, а веќе да си ја добила пратката? 2014-04-23 21:25, CZECH REPUBLIC, PRAHA 120, Send item abroad (EDI-received) Мислам умрев веќе, пред месец ипол имам порачано, ова чекање не е за мене дефинитивно!
Jaс имам две, едната ми беше од 19-04, дури вчера пристигнала во Македонија. А другата од 25-04 си седи во Прага. Ама ке стигнат. Мислам нема потреба од паника и нервоза.
И јас има една пратка во Прага од 23.04 порано се задржуваа во Прага 2-3 дена сега еве 10дена поминуваат не знам што се случува
За еден ден истекува рокот за испраќање (процесирање) на мојата порачка. Му пишав на селерот уште пред некој ден ќе ја праќа ли порачката или не, ама нема одговор. Прашањето ми е дали дали јас треба да кликнам на cancel order , или само да оставам така бидејќи пишува дека и автоматски ќе се откаже порачката ако истекне рокот во кој селерот треба да ја испорача порачката? Мислам дали и во двата случаеви би требало да ми се вратат парите?
Кај моето мислење има и линк од селерот Конкретно тие купаќи веќе не ги продава, но мислам дека има и друг избор Мене последната пратка од Прага, ми седеше од 15-29.04, значи 14 дена, но стигна. Дефинитивно има некој застој
дали знаете некој преку кој би можела да порачам нешто од aliexprees или ebay... незнам да се снајдам со ова порачување па би сакала да најдам некој што ќе порача наместо мене..
Девојки има ли некоја порачувано диоптерски или обични очила за сонце? Ме интересира дали ќе стигнат здрави,да не бидат искршени.
Јас ги имав порачано овие: http://www.aliexpress.com/item/Men-Sung ... 59596.html Стигнаа совршено спаковани во катронска кутија, убаво завиткани. Немаа ни гребатинка - не беа допрени, а не па искршени Еве ти и RayBan-ки (во план сум да си порачам и овакви) moda-i-stil/onlajn-proizvodi-iskustva-i-kritiki-t20081/120.html#p2053742
^^Ана, од друг селер истите скроз ги имав порачано од овие првите што ти ги предложи KatFem, исто беа убаво спакувани ич не беа нигде оштетени, поефтини се, a и шипингот е бесплатен јас од кај што ги порачав.. еве и линк http://www.aliexpress.com/item/Full-Blu ... 13277.html
Здраво девојки, има ли некоја нарачувано свечени фустани, во план сум да правам порачка за свадба ми е, па се двоумам пошто истиот фустан кај друг селер е поскап, кај друг поевтин па не знам што да правам... Прашањето ми беше дали навистина фустанот што сте го порачале ви е ист како на сликите што е прикажан, значи квалитет, боја итн. ?
Па не ти баш препорачувам некој да порачува наместо тебе, подобро ќе биде некој да ти објасни убаво како се порачува, одколку да даваш броеви на картички на непознати луѓе. Мое мислење Во повеќето случаеви, квалитетот е добар. Но треба да внимаваш на селерите ако има многу порачки и добар рејтинг, тогаш повеќе купувачи биле задоволни. Ако планираш да порачуваш нешто поскапо, подобро ќе биде да дадеш некој долар повеќе да порачаш од добар селер, одколку да ризикуваш.
Јас имам порачувано и сум многу задоволна, ги користам секој ден. Еве линк: http://www.aliexpress.com/item/9PCS-Set ... 24994.html
Кај и да е треба да ми стигнат пратки, ако не сум дома, а поштарот го носи пакетот со себе, се надевам не остава пред врата, туку ливче?