прашањето ми беше што е сега ова кај Али? копија? Не знам ако е копија ама навистина има така добро изработени некои работи, и квалитетни, а демек од продавница тука со колку пати поголема цена, се демек оригинал?
Да ја снабдува МК Зара, не ја снабдува, моја претпоставка е дека се изработтуваат низ кинеските фабрики па или ги крадат, или им ги дават место работна рака. Евентуално ги земаат по ниски цени и ги препродаават, затоа и не смеат да го пишуваат целото име на брендот. Е сега има и копии , ама има и доста квалитетни работи, кои никако не изгледаат како копија.
мислам дека се работи за колекции на Зара и други брендови кои се изработуваат во кина, поради евтина работна рака, а од материјалот кој ке остане се прават исти за домашен пазар, тоа е тоа што се продава на али. На ист принцип работи и италијанската Форментини за чевли во куманово. Се прави серија за италијанскиот пазар, а од материјалот кој останува се прави серија и за продавницата тука, па се продаваат обувки со лого MADE IN ITALY што нема врска
токму тоа е она што нас, како потрошувачи во МК, не иритира. Не може од ЗАРА МК, истата таа кошула да чини околу 2000 денари, а со Алиекспрес, истата, ама буквално истатата со истиот квалитет, да ја кушиш за некои смешни 5 долари и што е најинтересно добиваш бесплатна испорака!!11 Тоа мене ми укажува на сомнеж, дека таа роба што ја порачуваат, очигледно многу луѓе, преку алиекспрес, веќе ја има некаде во МК, инаку сигурно некој нема за една блуза да ти прави бесплатна достава од Кина. Што е најтрагично, други ми кажуваат дека имало и Томи Хилфигер и ред ред други марки, и Масимо Дути и што уште не, кое се нарачува преку Алиекспрес. Тоа значи дека овде во МК некој ДЕБЕЛО заработува као демек продава марки, уствари се снабдева од алиекспрес. СТРАШНО!
малку ке сум офф зошто мислите дека се што се продава кај нас, а го има и на али е порачано баш од таму? пред неколку дена во шутка видов ланчиња кои на али се по 6, 7, 8 долари, а тука ги продаваа по 80, 100 ден, ромите сигурно не порачуваат од али за да продаваат на пазар
Истото и јас го реков, ние немаме врска со али, посебно не Зара, Манго итн. Кај нас цените се многу повисоки и поради големито трошоци кои ги имаат продавниците.
Конечно и јас ја добив мојата прва пратка денес,презадоволна сум..да ми стигнат и другите па ќе се пофалам и во другата тема
Ми пиша селерот дека нема црна боја од таја блуза шо ја сакам и дали сакам друга...Ама пак јас неќам.. Ако прицнам „Request Order Cancellation“ ќе ми бидат вратени парите?
Треба и селерот да се согласи да ја откажеш нарачката. Пиши му дека не сакаш друга боја, и ќе ја откажеш. Ќе ти ги вратат парите.
порачав кошула од овој селер http://www.aliexpress.com/item/Ladies-D ... 99750.html ниту добив кошула, ниту селер одговори нешто, па дури и кога истече времето за процесирањето на мојата порачка, оставив фидбек колку сум разочарана од (не)комуникација (бидејќи му пишав на селерот неколку пати) и дека не ми стигна порачката, дури не е ни пратена, па ни фидбекот ми го нема?!? Не е можно селерот да може да го избрише, нели? И сега што, да чекам ќе ми вратат ли парите или не?
Ќе ти ги вратат парите, провери на меил дали имаш престигнато нешто. Инаку коментарите треба да ги одобрат тие мислам, па после излегуваат.
Хмм, проблем е што не можам да го отворам тој имејл, едноставно како да ми е хакиран, не знам, па вчера сменив на Али, ставив друг, нов имејл, па сега немам појма што се случува... Да не требаше да кликнам на некој линк како верификација за да ми вратат парите? Да не знае некој како оди постапката? Ако е така, ако јас треба да потврдам на имејлот тогаш ништо од парите, од вчера се обидувам да ја повратам старата имејл адреса и ништо :/ А фидбекот досега требаше да се одобри, веќе помина неколку дена... Едит: еве сега и проверив во мојата фидбек историја, имам оставено фидбек и вчера, па веднаш е прикажан, а тој (за тој селер и порачката) никаде го нема ... Едит2: всушност, имав уште еден негативен коментар за порачката кај друг селер и него го нема... јас секогаш оставам коментари, значи негативните се или бришат (вероватно не сите, бидејќи има и негативни коментари) или треба повеќе време да ги објават, нешто има тука што не ми е јасно
Јас имав нарачано ланче од друг селер, и после 20тина дена се уште немав тракинг број, ниту било каква инфо, отворив dispute и после 2h ми стигна mail дека ќе ми ги вратат парите. За случај ко твојот сигурно ќе ти вратат.
Ќе ти ги вратат сигурно парите, бидејки порачката не е пратена, а селерот не го одобрува фидбекот бидејќи е негативен, па затоа и стои. Тоа е лошо на али, додека на ибеј, продавачот не смее да го чепка фидбекот, колку и да е лош. Сигурно имаш добиено маил на стариот, па не можеш да го видиш, за 3-10 денови ќе ти легнат парите на сметката.
Женски една моја пратка е пратена од Прага уште на 30ти мај и уште не е стигната тука, а времето за стигнување ми истекло сабајлево во 6 саат и сега ми пишува дека е finished. Не му оставам фидбек на продавачот ама не знам што да правам, мислев ќе му направам open dispute ама ништо... Совет? P.S Во врска со фидбекот за коментарите погоре. По 30 дена откако си го оставила фидбекот ќе се покаже под производот. Обично кога продавачот ќе ти одговори на фидбекот одма се прикажува, а ако не ти одговори он на фидбекот по истекувањето на 30 дена ќе се покаже автоматски сам кај производот, само што ти ќе немаш добиено фидбек како купувач.