Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

AliExpress

Дискусија во 'Мода и стил' започната од pamelche, 27 февруари 2013.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Хм, епа сега имаме проблем.
    Не знам како може да ја откажеш, зашто сигурно нема да ти ја пратат ако е испод 10 долари.
    Пиши им они да ти ја откажат, зашто вајда они треба да одбијат да ти ја пратат во следните 7 дена, и така ќе ти се вратат парите.
    Друго нема.
     
  2. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Онлајн шопинг

    Прашај го sellerot дали е free shipping, да не ти додадат и поштарина, бидејќи некои имаат правило можеш помалку од 10 но да доплатиш за поштарина.
     
  3. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    откако ке пројде преиодот на Your Payment is Being Verified, обично 24часа, после тоа додека чекаш да ти ја пратат можеш да ја откажеш порачката и да нарачаш повторно откако ке ти ги вратат парите
     
  4. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Да, му пишав на човекот, ми кажа да ја откажам, само треба да почекам да помине периодот на верификација. Фала на помошта.

    П.С. Саатов одма го качија за еден долар :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.231
    Допаѓања:
    157.177
    Онлајн шопинг

    И моите стигнаа утрово. Помеѓу 20 и 25 беа пуштени, денес ми стигнаа до дома.
    Задоволна сум многу. Не смрди ништо на кинеско, квалитетот е супер,не е три кончиња и патент,туку стварно се потрудиле да изгледаат одлично. Верно на сликите и димензиите кои беа прикажани.
    Во превод...ќе ја испразнам цела картица штом е вака!!!
     
    На LilBaby, martinuska, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.625
    Допаѓања:
    106.603
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг


    Не сум прочитала наназад дали си напишала но ме интересира што порача , како што разбрав облека од Кина нели? :) Јас поставив и поназад едно фустанче од ибеј но ме мачат броевиве носам М па од нив би требало да порачам Л? Знам дека една феминка ми одговори но сакам и др. мислења да слушнам :)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.231
    Допаѓања:
    157.177
    Онлајн шопинг

    Не,не е облека,ташни се. Димензиите на големината мислев.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    ^ Анд д селер ако може?
    Јас сакам ташни да си нарачам следен месец има многу убави а со простојни суми, само не знам од кој да порачам, скоро секој ги има истите ташни...
     
  9. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Онлајн шопинг

    Денеска пишував со тој селерот од кај што нарачав претходниот пат и го прашувам дали има светло црвена сукња пошто таква сакам, а не темно црвена и дека сакам да нарачам од кај него дека ми е сигурен и брз. И ми одговара и ми кажува дека сега цените се покачени за 2 долари, ама за две недели ќе ги симнел и нешто во смисла тогаш да си порачам. :D
    Еј баш е срцка. И сега ќе чекам да видам што попусти ќе има па ќе нарачам тогаш и онака не ми се брза многу многу :D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    :rofl: :rofl: ми стигна нарачката, пред малку ми ја донесоа до врата, не платив ништо +, само се потпишав дека сум ја примила и ми ја предаде поштарчето :rofl: :rofl:

    од овој продавач порачував
    http://www.aliexpress.com/store/813556

    тракингот на кинеската пошта ми беше точен, во сабота навечер ми покажа дека е стигнато во Ск, претпоставував дека денес ке ја донесат, бидејки во недела не работи и навистина ја донесоа.
     
    На passion.for.fashion му/ѝ се допаѓа ова.
  11. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Онлајн шопинг

    Со здравје да си ги користиш новите работи, инаку сакав да те прашам со каква картичка плаќаше , мислам преку која банка?
     
  12. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    фала, поубави да си купиш, со Интернет картичка на Стопанска банка плаќав.
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Дали некој знае како се прави т.е да пуштам приговор или- Open Dispute на нарачка?
    Ми стигна меил од алиеспрес дека рокот на една нарачка мие при крај, и да му пишам на селерот, да ми каже каде е нарачката или да го продолжи рокот, или да напраав Open Dispute.
    Јас му пишам што му пишав уште пред 2 дена ама мртвиов ништо не ми вратил.
    И сега до петок мора да напраам Open Dispute или ќе ми се рачуна дека ми стигнала нарачката...
    Малку се фатив во небрано ја превртев страната кај што ми е нарачката ама никако не можам да се снајдам.
    Енибади?

    П.С се снајдов сега, не знам како не го видов до сега
    Инаку за овој селер се работи, ефтини работи има, ама не го бива, страм да му е :D
    http://www.aliexpress.com/store/714350
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.466
    Допаѓања:
    13.524
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Вчера си ја направив првата нарачка на Али Експрес. Сега чекам да ми ја верифицираат исплатата.
    Па кога ќе стигне ќе кажам дали сум на кејф :wasntme:

    Морам да ја пофалам страницава, убаво ја разгледав, има едно чудо продавачи кои бесплатно доставуваат, можеш да си платиш со било каква македонска картица (нешто заради кое ибеј душата ми ја има земено :^) ). Ќе видиме сега со достава како ќе биде, за колку време ќе стигне, иде преку пола свет. Ако ова пројде добро, дефинитивно ќе си нарачам пак нешто... :)
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Леле ама ме изнервира кинезов, ми го одби приговорот, пиша некоја реченица препишана од којзнае каде, и сега иде разбери си :devil:
    Не се многу пари во прашање ама зашто бе.
    Му пишав сега сто пораки во одговор ама џабе гледам дека е полуписмен не знае добро англиски.
    Глупав ме изнервира ептен!
    Отварајте очи од кој нарачувате, и овој има над 93 проценти фидбек, ама сега кога има проблем нигде го нема :@

    П.С еве ви некоја друга страна подобра за пратење, јас не ја знев до сега...
    http://www.17track.net/en/result/post.s ... 76251979CN

    И да прашам што би било кај нас OFFICE OF EXCHANGE кое е тоа, пошта не е, царина да не???
    ај некој ве молам..
     
  16. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    јас имам друг проблем, пред недела дена направив порачка и сеуште не ја прати, а на производите му пишува дека за 7 дена ги праќа, му пишав но не одговори, ке почекам уште некој ден и ке ја откажам.
    незнам дали е до продавачите или до страната, на секоја нарачка ми го зголемува processing time, на последнава што ја направив вчера е 23 дена, додека да стигне можеби 3 месеци ке пројдат.
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Секој продавач си има различно време за праќање на нарачката.
    Го имам увидено тоа, затоа што поселедниов за буквално 24 часа откако ја направив ми ја прати, а кај претходните и по 8 дена чекав пред да ми ја прати.
    Почекај уште малку, барем уште 2-3 дена, а ако пак не ја прати тогаш откажи ја.
    Колку време ти било дадено да ја процесира?
    Чекај до крај, до последниот ден, и ако тогаш не ја прати откажи ја, одма ќе ти се вратат парите, барем би требало.
     
  18. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    19 дена беше, ми падна чудно бидејки кај првата порачка беше 11 дена, кај овој 19 и сега последната 23.
     
  19. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Онлајн шопинг

    Мене на едната нарачка ми пишува: Status: Opening, Date 20130605 0910 а на другата Departure from outward office of exchange, 20130603 1146. Се надевам нема да чекам уште многу :lol:
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Bикаш беше, поминаа тие 19 дена или не?
    Ако поминале не чекај одкажи му ја.
    Обично и кога тече одреден рок може за побрзо да ти ја прати, тој се прекинува, и почнува да тече тој од 60 дена.
    Секој различно, ома од 3 дена па се до месец дена се изгледа роковите.
    Секој различно си бира сам колку време му треба.
    Али да глупаво е 19 дена да чекаш да ти ја прати, преглупо,али тоа е.