Значи има уште многу за чекање, за џабе ме израдуваа Офф бее сите различно ми кажуват ме испобркаа...
зависи од мн фактори ама да,имаш за чекање..некогаш заглавува баш таму па заглавува Прага..може и да дојде побрзо ама сепак е сеуште во Кина
Вчера направив 3 порачки, веднаш ги платив истите и денес одма ми стои Goods Awaiting Acceptance... Ме интересира што се случи со Processing time, т.е. времето кое што му беше потребно на продавачот да ти ја спреми нарачката? Отворив и на маилот ми стои само дека се платени, а не испратени и свесна сум за тоа бидејќи е невозможно веднаш по истекувањето на 24-ите часа од плаќањето - да ти ја испратат пратката... А и + сите три нарачки истовремено и тоа од различни продавачи... Јасно ми е дека не се навистина пратени, но ме нервира што стои така. Порано во ред беше се... Дали само кај мене е овака забеганко малце или ви се случува и на вас истото?
Кат, претпоставувам дека се работи за некој грешка во системот, претпоставувам дека немаш тракинг намбр Ќе се среди секако , инаку некои селери имаат помалку од 24часа за верификација, но тоа е друго. Проби да се одлигираш и пак да се логираш, можеби ќе се среди, ако не почекај, или пиши на некој од селерите.
Неколку пати забележав дека некои феминки спомнуваат дека пратките од Алиекспрес им оделе преку Кан, но најверојатно мислат на CAN што не е Кан туку се однесува на Guangzhou Baiyun Airport. Спојлер
Мене ми се има случено да ми трае процесинг тајм многу кратко, неколку саати. Порачам, после некое кратко време отварам и гледам испратени.
Неколку дена трае процесот на рефундација и потоа ќе ти стигне известување дека во рок од недела или 10 дена (во зависност од тоа преку која банка е извршен трансверот) парите ќе ти бидат префрлени на сметка. Имај во предвид дека нема да ти стигнат сите пари одеднаш (барем кај мене така беше) туку секој ден ќе ти се појавува по помала сума
На мене во рок од три дена ми беа префрлени сите пари одеднаш, цела сума, назад на сметката. Е не знам дали има некоја разлика бидејќи порачката не беше ни пратена, а кај тебе е друг случај ...
Ми пишува дека пратката е во Македонија, ама еве веќе 4-5 дена така стои и уште нема ништо. Обично вториот ден е веќе тука. Има потреба да се грижам, ви се случило вако нешто?
Одамна манијачам по странава и решив конечно да порачам,со виза картичка од тутунска,е сега,датумот на картичката ми е до 04/14 а трансакција слободно си правам.Дали е можно да наидам на проблем? Ви благодарам.
Мојата последна пратка беше стигната во Македонија од 24ти април, а ја добив дури на 12ти мај. Инаку прашав во поштата на почетокот на мај, ми рекоа дека царината не работела неколку дена и дека пратките ќе каснат. За секој случај, ако не стигни уште два-три дена, прашај си и ти
Има некој искуство со овие комплетите од Сваровски? http://www.aliexpress.com/item/Wholesal ... 80158.html
Ги гледав подолго време воглавно сите имаат супер фидбек. Овие се всушност со сваровски елементи ( нормално не оригинал изработени во сваровски) , истите што ги продаваат по локални златари само по 3 пати повисока цена од на али.
Јас го чекам истиот да ми стигне , па ќе ви пишам. Инаку да изработени се од сваровски елементи, но не во нивната фабрика, и не го плаќаш брендот кој е скап.
Девојкии што се случува со алиекспрес од сабајле се обидувам да нарачам ама не сака а итно ми е колку порано нарачам толку подобро зашто ми е за поклон и треба да ми стигне за одредено време...одам таму кај што се плаќа внесувам податоци и кликам на плаќање на нарачката и ова ми излегува Sorry, your payment was not successful! No money has been deducted. Reason: An unknown error has occurred. Solution: Please try again later. досега ми се нема тоа случено некоја од вас има искуство со вакво нешто и дали некој денес нешто е нарачувал па дали ви излегло ова истото како на мене