Мене ми се има случено, и на Мадам -А. Имаме пишувано некаде на претходните страници. Неколку дена кај мене беше таков застој, после се си се врати во нормала. Ти преостанува само да чекаш, а колку тоа не знам да ти кажам. :/ Најбитно е дека ќе се среди.
Мене истото ми се случи вчера. Првите 2 обида ми беа неуспешни и ми го даваше истото. Таман бев спремна да ја отворам темава и да побарам совет и мислење, но третиот пат беше успешен... Си платив и сега се се одвива во најнормален тек
Денес ми покажа дека пратката ми е стигната во пошта во Скопје, може да идам да си ја подигнам сама без да чекам да ми ја донесат до дома или??? Нестрпливост, тоа е.
Мимс јас двапати се обидувам да одам уште истиот ден без картонче и двапати "љубезните " тетки ме враќат да си чема картонче.
Дафи сепак отидов, беа многу љубезни на шалтер и ме испратија позади кај Колосеум кај што им стојат комбињата, ме внесоа внатре и со лична карта ми ја дадоа пратката, само се потпишав.
Порачав маска за телефон од Алиекспрес пред 2 месеци и уште не ми е стигната а на порачката пише Compeded јас пред тоа не стиснав Open Dispute. До пред да истече времето бев во контакт со селерот ама сега не ми одговара на пораките. Што да правам?
Си требала да внимаваш на времето. Останува да чекаш да ти стигне пратката, можеби касни и ќе ти стигне ама ако не стигне ништо не можеш да направиш кога е истечено времето за отварање на dispute.
Буквално преведено отварање на спор/расправа, но всушност му доаѓа како пријава, забелешка, приговор... Се отвара кога има некаков проблем со нарачката (пр. неисправност или погрешен производ, непристигната нарачка и сл.) пред да истече времето предвидено за испорака, со цел да се најде решение за проблемот со продавачот или повраток на пари.
Колку дена пред да ми истече рокот на примање на нарачката можам да отворам спор? Имам уште 10-15 дена, може уште сега, или требе да чекам 1 или два дена?
Ми треба брз одговор. Порачав 3 работи но после кога го отворив мејлот ми стигнаа четири пораки, односно како еден од производите два пати да сум го порачала а јас се регуларно направив, не знам од кај излезе тоа. Инаку на сметката има точно пари колку за трите работи и сите ги порачав на различни адреси, што мислам дека тоа нема некаква врска. Сега уште треба да почекам да се исплатат но не знам дали веднаш да му пишам на селерот за грешката или да почекам.Бидејќи нема доволно пари за 4 работи, да не ми стигнат после 2 исти.....
Чим не е платена, ако не ја платиш автоматски ќе ти се откаже по 10-15 дена не знам колку точно беше. Немај гајле
За тие што живеат во Скопје, дали работите од алиекспрес ви стигнуваат да си ги земете на шалтер или во достава?
Изгледа зависи од локалната пошта мене секогаш ми стига картонче а на другарка ми, која е од друга населба, поштарот дома и ги носи пратките Може и по 2 па и 3 недели
Прв пат нарачувам од алиекспрес и го имам следниов проблем: Нарачав 4 производи од кои што 3 се веќе испратени, а последниот ми има статус Awaiting Shipment. Кога кликам на производот дури ми пишува дека пејџот е непостоечки, што би значело дека селерот си ја избришал страната или можеби го повлекол производот. Му пишав две фини пораки, без да го опцујам јер нова сум у ова и не знам што да правам, и типчето не ми враќа, а гледам дека е онлајн (вау се осеќам ко откачена женска). До статусот на производот ми покажува време кое сега е стигнато на 4 дена и неколку саати и пишуе Extend Processing Time/Cancel your Order. Е сега се распрашував по луѓе и ми рекоа да почекам да поминат тие 4 дена, па после ќе ми се појавело Open Dispute каде што треба да кликнам и да си ги чекам парите назад на смета. Нешто истражував по нетов и прочитав дека не смеам да дозволам да ми измине времето. Сега сум збунка и не знам дали да стискам cancel или не, на некој му се случило истово? Што напраивте?