Треба да ја отвориш нарачката во All Orders, да ги селектираш производите и да кликнеш Confirm Order Received
Здраво и од мене, ја сум нова на форумов, од AliExpress немам порачувано до сега а сакам да нарачам фустан http://www.aliexpress.com/item/Free...g-Prom-Gown-Ball-Evening-Dress/836047760.html, нема feedback од досегашните купувачи, ме интересира дали има некој искуство со овој продавач
Самиот продавач има висок рејтинг од досегашните фидбекови 96,4% позитивно а за самиот фустан што го сакаш сеуште нема коментирано никој.Инаку како што можев да видам фустанот е таков каков што носела Миранда Кер манекенката е сега значи станува збор за реплика т.е копија на нејзиниот фустан и не можеш да бидеш сигурна колко добро ќе изгледа реално бидејќи ќе биде шиен од кинези.Единствено ако веќе тоолку многу го сакаш тој фустан јас би ти препорачала да му пишеш порака на продавачот да ти пушти реална слика од фустанот од нивна изработка па доколку и тогаш ти се допадне земи си го....со среќа
Онлајн производи (искуства и критики) Еве и од мене 2 сигурни селери од Аливо : http://www.aliexpress.com/store/600651 Од тука си имам порачано блуза и сум задоволна од квалитетот и величината. И вториот : http://www.aliexpress.com/store/1047150 Тука нема многу избор ама тоа што е е со многу висок квалитет. Јас си порачав кошула за 10тина долари и сум препрезадоволна од неа !
Дечки,имав една нарачка од али,преку хонг-конг,на линкот за следење на нарачката пишува дека од 17ти е во Македонија,т.е.Скопје. Е сега прашањето ми е колку време им треба на Македонска пошта за да ми стигне пратката на адреса? Повеќе од 1 недела? Да чекам или?
Провери на http://www.17track.net, ќе ти даде точна локација. Нема потреба даму праќаш доволно е да напишеш дека си платила, а и да не , ќе види тој. Исто како што гледа што имате нарачано така ќе види и дека си платила. Јас имав вака пред некој ден, само му пишав еве денес пратена ми е нарачката.
2014-05-22 10:05, MACEDONIA, THE FORMER YUGOSLAV REPUBLIC OF, SKOPJE 1003 OFFICE OF EXCHANGE, Send item to domestic location (Inb) Ми пишува дека пратката уште од 22 е во Скопје, што е работава што уште ми нема стигнато, да не ми ја вратат назад ми е страв.
Блу гледам некој пишуваат дека ги чекаат и по недела и повеќе да им ги донесат. Мене ми се нема случено, обично ден после пристигнувањето ми ги носат. Ако не ти е тешко оди до пошта провери си. Инаку ги враќаат назад после 2 недели мислам.
Ама 2 недели откако ќе ти дадат картонче? Мене една пратка ми е од 10ти мај во СК, и во пошта минатата недела двапати ме вратија дека нема ништо, а ни картонче не добив секако во меѓувреме.
Незнам да ви кажам точно, реков мислам.. така да распрашајте си низ поштите,бидејќи кај нас едно се кажува друго се прави.
Фемина беше во доставното одделение? Одете дирекно таму ако одбиваат да ве уптат во поштата. Незнам дали пишав тоа е од позади кај Колосеум ќе ги видите паркирани жолтите комбиња на поштата и прашајте на портирница ќе ве упатат, барајте ги дирекно таму затоа што вака многу чекате, мислам нема смисла чекаш у Пекинг коа ќе заглави месец дена па уште и тука коа ќе стигне да чекаш пола месец, мене до сеа одма ми ги носеле...
Бев да, ме вратија дека тоа доставно одделение е само за подрачје Центар, а ја не живеам во Центар. Бев вчера пак во локална пошта и после 2недели си ја земав конечно, без картонче Од едната пратка не сум задоволна и оставив feedback со лоша оценка и коментар и гледам пишува fund processing...тоа значи пари ќе ми вратат?
^^Не, тоа значи дека се трансверират кај селерот. Ако си сакала парите назад требало да отвориш диспјут, да сликаш, да го видат производот.
Конечно ми пристигна порачката без никаков проблем http://www.aliexpress.com/item/Military ... 36697.html ист како на сликата.
Леле тие таму се луди значи! Каква врска има подрачјето? Ни јас не сум под Центар, значи како ќе им текне си кажуваат, зависи од расположението, нема врска тука општината или градот сите нарачки за цела Македонија ги примаат таму!
Луѓе а да си порачам со картичка која и инаку ја користам ама преку неа може да се прават онлајн порачки, дали има ризик од крадење и такви работи, знаете за што зборам, зошто прв пат ќе порачувам од нет и не сум баш сигурна