Колку што голедам има добар фидбек не гледам зашто не би ти го донеле. само во поголемиот дел телефониве што се нарачуваат преку интернер искачаат кинески, знам една другарка си нарача самсунг, јес да за малку пари ама пак пишува дека е оргинален, на нејзе кинески и донесоа од ибеј.. на твој ризик тоа
http://forum.femina.mk/moda-i-stil/sledenje-na-pratki-t20698/240.html#p2085575 Тука имаш се убаво објаснето.
L.i.n.a.a веднаш реагирај кај продавачот, тоа може и не е твојата пратка, може имаш добиено погрешен број за следење..ако продавачот не го реши проблемот, додека не ти истекло времето отвори dispute.
Девојки сакам да порачам фустан од тука како што гледам има добар фидбек е сега да ве прашам со каква картичка можам да го нарачам и колку ќе ме кошта поштарина за го земам ? Инаку пишува на фустанот фри шиппинг .
1. Селерот не ми ја испрати нарачката и сега автоматски ми се откажа. Ми вика Fund Processing, е сега што треба да направам за да си ја порачам на ново? Не видов дека толку краток бил рокот за шипинг па не го продолжив. Треба да чекам да ми ги вратат парите па да ја нарачам пак или да му пишам? Да не испадне многу комплицирано ако му пишам сега дека ипак ќе ја чекам нарачката? Се мислев да ми ја откажат па пак ќе ја нарачам јас ... Не е битно за колку време би ми ги вратиле парите, но ме интересира за колку време ќе се откаже нарачката па така да ја нарачам кај тоа readd to card. Обично за 1ден до сега ми ги откажувале ама кога јас сум барала, ова сега дека е од нивна страна да не одзема повеќе време? 2. Имам уште една критична нарачка. Значи ланчево го имам нарачано точно пред еден месец и ни трага ни глас од него според тракинг бројот. Ми вика Unable To Track Му пишав на селерот дека не можам да си го следам продуктот и го прашав дали е се во ред и поштено си ме изигнорира, е сега има уште 20тина дена до истек на нарачката, ќе почекам, не се брзам ама па криво ми е ако не стигне а ја чекам 2 месеци тука како ерген пред момини порти
За првата, откажена е, толку, сега чекај да ти ги вратат парите, нема што друго да се прави. Само не разбрав зошто е откажена и зошто не ја порачаш од др селер, кога веќе тој сам ја откажал. За втората, отвори диспјут, не ризикувај.Па ако стигне, здравје. Мене само еднаш ми се случи да ми стигне нарачка, која не може да се следи.За сите други излегло дека е превара.
^ првата: ми е откажана ради ненавремено испорачување од селерот (имаа само 3 дена за испорака), ок тоа, нема везе ќе чекам да се заврши и ќе ја нарачам од ново. вторава: бајаги добар е селеров ( 96.3% Positive feedback ), а и продуктов е нарачуван ( customer reviews 100.0% of buyers enjoyed this product! (4 votes) 10 orders ), што мајка бара мене да ме зеза не ми е јасно, ама ајде ќе отворам диспут, не сум отварала до сега па да видам како оди и тоа Спојлер Инаку duffy оваа истиот продукт за кој се жалев пред некое време дека сум го нарачала од селер што бара мин ордер и го откажав, па од тука го нарачав и еве пак проблем. никако да стигне.. не ми е суден изгледа
Девојки дали некоја има искуство со порачување на "Keds" патичиња од AlieExpress? Сакам да си порачам само не знам каков им е квалитетот Гледам дека на крај сепак ќе прежалам некои си 1000 ден. (околу 20 и нешто долари се), не ми се даваат над 30 фунти за оргинал Keds зашто знам дека меракот за нив ќе ми трае колку што трае летото
И аКв да ве прашам коа ке порачате нешто, они самите ли ви го пракаај бројчето за следење на пратката или пак вие треба да им пишете. И тоа кај им го пишувате преку емаил или пак преку порака?
А да ја разлистиш малку темата Едит: Реинловер и јас ги меркам оддамна, конкретно од селеров http://www.aliexpress.com/item/2013-fas ... 17190.html , има добар фидбек и конкретно коментари за патикте. Па се мислам
Епа разгледував и неможам да најдам никој нема поставено прашање каде ви го пракаат тоа бројче за следење на пратката