Вчера гледав едни торбички и ги гледам по 4$, 5$, некои и 7$ a на еден селер истата торбичка бесхе 2,86$ и сега која разликата?? зошто е толку евтина во споредба со другите да не се оштетени или имаат некоја фабричка грешка што мислите ??
Некој селери се едноставно поевтини од другите Зирни ги коментарите под продуктот, провери го рејтингот на селерот и ако е се во ред, порачај си ја торбичката Големите попусти на Али обично траат по 24 часа, но најавени се една недела унапред, лани памтам дека имаше нешто како летна распродажба при крајот на август. Исто така, и селерите цело време даваат попусти, понекогаш нешто може да се начека и за 50% поевтино и тие попусти може да траат од 3 дена до 3 недели Во овие ситуации виш листата е многу корисна - стига нотификација дека некој продукт е на намаление
Пред три дена направив прва порачка од Али експрес.Денес сукњичката што ја порачав ми пишува дека е МК. Можно е за толку брзо време да ми стигна? Додека наочарите што ги порачав ми пишува дека сеуште ги немаат испратено.Да го контактирам селерот или ќе ги испрати?
Извини што ќе те разочарам но премногу е рано да биде стигната кај нас. Веројатно Македонија ти се појавува во полето Destination, но тоа ја покажува конечната дестинација на пратката. Претпоставувам дека проверуваш на 17 трек, тоа што те интересира е во евентс Некој селери побрзо ги праќаат порачките, некој поспоро. Ако не ти ги прати до истекот на времето, порачката автоматски ќе се поништи и ќе ти бидат вратени парите но штом порачката е направена пред само 3 дена, веројатно има уште време до истекот
Да дестинацијата била МК,а локацијата ми ја покажува со бројки. Како и да е ќе си почекам,па кога сака нека стигне Фала ти
Здраво ова ми е прв пат да порацам од али ке Сака некоја да пи ја објасни целата процедура.И каква картица треба ,имам сметка и картица за банкомат мозе со тоа.фала и поЗ
Задоволна сум од Ali Express. Досега имам порачано три работи и трите ми стигнаа. Но сега на последната порачка ми излезе Frozen. Ова значи дека ќе ми ги вратат парите или како?
и да имам мастер од тутунска но сакам да порачам од картичката на мајка ми од стопанска знам дека има само дека има картичкаа за банкомат моzam со на д порачам или да отварам интермет картиЧка и знаете за колку време се отвара таа.
Веројатно имало некој проблем со кредибилитетот на селерот и (претпоставувам) сите негови трансакции се замрзнати. Во некој случаи се е во ред и порачката ќе биде пратена а доколку се испостави дека вистина има проблеми, ќе ти биде рефундиран целиот износ. Пиши му на селерот што е работата и проверувај си го мејлот, ако дојде до рефундација ќе те известат преку мејл за тоа
Девојки вие што сте порачувале или некој близок порачувал рачен саат дали сте задоволни дали имаат добар квалитет ??сакам да си нарачам но не сакам да ги фрлам за џабе парите
Имам порачано еден фустан пред 10тина дена и еве секогаш кога проверувам на 17track.net исто толку време порачката стои на исто место (од 24.06 сеуште е некаде во Кина). Му пишав и на селерот, додуша оведнаш ми врати одговор дека пратката чека лет за Македонија. Додуша има фора уште 30тина дена но мене фустанот ми треба и се надевав дека ќе ми стигне исто толку брзо како и другите производи(чекав само 10-15 дена). Се случило ли ова на некоја од вас?
Девојки да не знаете што е проблемов, пред една недела имам прекинато порачка , денес ми се вратени парите , меѓутоа излага вака :/
Се е во ред, нема причина за загриженост Некој пратки стигаат порано, некој подоцна, мене вообичаено порачките ми стигаат меѓу 30 и 40 дена, на прсти од една рака се бројат оние кои ми стигнале порано Не знам од која банка е картицата, меѓутоа мене на интернет картицата од Стопанска рефундациите ми стигнаат расцепкани на помали суми во рок од неколку дена, веројатно нешто слично се случува и кај тебе и гарант за некој ден ќе ти се појави целата сума
Јас до сега имам порачано 3 фустани и сите ми стигнаа многу подоцна од останатите пратки... Не знам дали ова е само случајност, ама фустаните беа од различни продавачи и ги порачував во различни периоди. Првиот го чекав скоро 2 месеца, вториот и третиот месец ипол, додека останатите пратки ми стигнуваа/т отприлика за 25-35 дена...