и јас имам картичка на тутунска, и оваа моментална состојба ти се парите кои ти ги имаш потрошено, ама не се прокнижени се уште. Отиди на таа иста страна горе имаш ставка Трансакциски сметки, кликни на Промет во период и ќе ти излезе се детално, што ти стигна на сметка и што ти е повлечено од картичка. Обично и кога ти кажат дека ќе ти вратат парите, треба да помине најмалку 48 саати да ти се појават на сметка. Така да ако ти кажале денеска дека ќе ти вратат, ти се уште ти немаш на сметка. Дури очекувај таму после 3 дена.
Дали имате порачувано обувки, тоест штикли? Како сте задоволни? И дали се таман со броевите? јас инаку носам 37
http://www.17track.net/index_en.shtml Дали се ви е во ред со странава? На секоја пратка ми дава unable to track, ај неколку ми се од деновиве само што ги пратија ама имам пратки од мај месец што ми се порачани
Кај мене се е во ред. Пратките ми се пратени при крајот на мај и ми дава се регуларно, немам никакви проблеми
Исто и кај мене се е во ред. Пиши ми на селерот дека не можеш да ги пратиш, прашај да не има некој проблем и замоли го тој да ги провери
селерот бара да земаме нешто до 10 долари за да ми ја одобри нарачката, е сега јас несакам да купам ништо и што да стиснам за да ја откажам нарачката или треба да му пишам по меил???
Кликни на cancel order Што се однесува до бувчето, разгледај си убаво, сигурно ќе го најдеш кај некој селер кој нема одредено минимална сума. Исто така, ако точно паметам, кај селерите што имаат минимум, ако не сакаш да правиш порачка од 10 долари а сакаш да купиш нешто, можеш да си доплатиш шипинг кој е долар ипол
Ај некој нека ми појасни со ова shipping како одат работиве. Ми пиша еден дека минимално треба 10долари или да доплатам шипинг. Е сеа откако тоа шипинг ке платам 4 долари нешто ќе излези бројче и треба да му го пратам или како?
И јас да прашам во врска со минимум ордер треба на селерот во порака да му писам колку е или кога ке влезеш во продавницата ти пишува бидејки јас барав и не најдов ??
Најчесто во самото име на продавницата фигурира и минималната сума ( пример - Mina's store ( Min order is $10,mix order) http://www.aliexpress.com/store/813556 ). Кај некој селери и кога ќе `влезеш` во продавницата, и кога ќе отидеш на саканиот продукт имаат на неколку места обележано дека имаат минимална сума, се тоа е пишано со дречливи букви, на впечатлива позадина, реално тешко е да се утне И мене ме интересира тоа како иде. Прво мислев дека ако не се достигне минималната сума, автоматски се додава и трошокот за шипинг ама не било така. Претпоставувам дека треба лично да се договориш со селерот?
Во овој случај селерот ти праќа линк со одредена сума за шипинг 1,-2, за да го платиш, т.е да го порачаш. Некаде мислам дека постирав низ темава.
Кога поднесов баране за ВИСА ми дадо картичка иста како што ги прават трасаксиските сметки и сега сакав да порачам и ми вара сеќурити код ја гледам од позади и нема и приметив дека треба картичка за банкомат или ???
Ако мислеш на оној троцифрениот број, не го пишува на картичката, туку на документот кој се ти го дале.
Господ да ти даде се што сакаш, како си ми ја погодила продавницата чудо е, има се што сакав и веднаш си порачав фала многу
Мене ми стигна пред 4 дена, овој саат си го порачав и презадоволна сум, баш како на сликата e, и плус заштитен си е со фолии