Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

AliExpress

Дискусија во 'Мода и стил' започната од pamelche, 27 февруари 2013.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Дојдов да фалам селери, ми стигнаа денеска 2 пратки и ептен сум задоволна.

    За накит селеров е одличен, минимум ордер му е 10 долари, а башка и поклони дава, мене два ми имаше дадено :D
    http://www.aliexpress.com/store/415916

    Конверсот ми стигнаа, верувајте или не оригинал се, со се кутијата од конверс, истата кутија значи и кај нас ја даваат.А цената е доста пристапна 17 долари :)
    http://www.aliexpress.com/store/918155
     
    На Hipster и Lilit им се допаѓа ова.
  2. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Онлајн шопинг

    За конверсот, според линков, овие ги порача? http://www.aliexpress.com/store/product ... 83177.html
    Дека, според сликиве никаде не пишува дека се конверс... сепак се конверс? :D
    И јас веќе некое време меркам старки :angel:
    За бројчето немаше проблеми, според таа табелата се годи бројката?
    А, и ова да прашам - не ти ги царинеа?
     
  3. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Онлајн шопинг

    Имам едно прашање ако на некој не му е тешко може да ми одговори
    Имам порачано од алиекспрес неколку работи сега на сите ми пишува дека ми се испратени и имаат бројче на која страна да го следам бројчето и второ дали некоја знае кое бројче на патики одговара на наш 39 таму се прикажани со други бројки 6-8-8,5-9-10 со 39 наше кое да си го порачам ????
     
  4. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Онлајн шопинг

    ^ За секои обувки они си даваат табела според нивни и наши броеви. Ако таму нема, тогаш на нет ќе најдеш сигурно :)
     
    На eva11 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Онлајн шопинг

    А за колку време ти стигнаа, кога ги имаш нарачано? :)

    П.С. точни ли се локацииве на страната на кинеската пошта според тракинг бројчето? Поминаа околу две недели од коа нарачав и до сеа само два пати се има сменето локацијата. :^)
     
  6. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Онлајн шопинг

    И јас да си прашам нешто?? Дома ти ги донесоа патиките од пошта или ???
    И јас се запалив сега да ги купам, ако можеш да ги сликнеш и да ставиш слика, бидејќи навистина кај селеров не пишува дека се оригинал конверс.
     
  7. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Девојки и јас сакам да нарачам конверс е сега незнам со броевиве кој број од овие би одговарал на 37 ?
     
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Јас имам порачувано од trendy.mk,супер е.Ти стигнува брзо пратката,бесплатна е.... :D
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    На таа провизија уште пари за испорака да земаат.
    Разледај на алиекспрес, па размисли дали ќе нарачаш уште еднаш од тренди.мк ;)
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    http://www.aliexpress.com/store/product ... 78272.html

    Од овој линк ми се нарачани конверсот, значи сега селерот додал 2 долари шипинг, и испаѓа значи околу 19 долари.За бројчето конкретно јас носам 38-39, и за да ми биде посигурно според табелата си измерив во сантиметри стапалото и го определив бројот ми испадна us 6, и таман ми се.Не ми ги царинеа, значи слободно да си порачате во однос на тоа.Ми стигнаа за некои 20-тина дена.Инаку не ми ги донесоа до дома, ми донесоа само картичка за подигање од пошта и си ги подигнав, и нормално не платив ништо :)
    Инаку ќе ги сликам и ќе ги постирам :)

    Едит:
    Еве фотографии
     

    Прикачени фајлови:

    • converse.jpg
      converse.jpg
      Големина на фајлот:
      253,7 KB
      Прегледи:
      267
    На Tiki-lolipop, jb82, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  11. digitron

    digitron Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    5
    Онлајн шопинг

    Си имаш ли порачувано нешто од алиекспрес,стварно има многу убави работи и доста евтини
     
  12. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Па пола и повеќе од тука имаат многу пати нарачувано, патиките на чери и се од алиекспрес, пролистај малку низ последниве 30 страни само за тоа се збори!
     
  13. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Онлајн шопинг

    Девојки да прашам нешто, порачав обетки од алиекспрес, е сега не ми е јасно дали шипингот го земаат пред да биде испорачана пратката, или откако ќе им потврдам дека пратката е стасана? КОга одам да ја следам порачката на нет пишува Awaiting shipment.
     
  14. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Онлајн шопинг

    Не сум многу запознаена па ме интересира
    што гледам тука по ибај многу им е скап накитот , и како се порачува тоа
    каде стига, каде плаќам , колку земаат за пратката што ми ја праќаат( поштарина) ?? :)
     
  15. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Онлајн шопинг

    Многу е лесно :) Прво, треба да имаш картичка (провери каква прифаќа страната каде сакаш да купуваш-обично има најдолу на сајтот.) Второ, најчесто сите бараат да направиш профил со твоите основни информации. Трето, си праиш листа на производи кои сакаш да ги нарачаш и ги ставаш во кошничката. Следно, плаќаш со картичката :) Ти стигаат дома производите и најчесто не се плаќа поштарина ( :!: зависи од производот, пишува на секој) Од сумата зависи дали ќе платиш царина/данок или не, ако една нарачка од ист seller е поголема од 45еур (како што разбрав погоре во темава)
     
  16. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Онлајн шопинг

    Од која страна што порачувате не се плаќа поштарина , па нели тоа е од друга држава не ми е логично за џабе да ти го донесуваат....
    и каде пишува дали се плаќа поштарина или не , извини што досаѓам ама не ми е јасно и логично некако... :)
     
  17. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Онлајн шопинг

    http://www.youtube.com/watch?v=X1d1gboDfGg
     
  18. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Е женски уште нешто да прашам...Дали картичката мора да е девизна за да порачам од али експрес?
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Онлајн шопинг

    Не мислам дека на чери и прави голема разлика тоа дали се сто посто оригинал или не.
    И на многу од нас.
    Па и дечкото не може да биде сто посто сигурен дека знакот за трејдмарк не е фејк.
    И на фејк работи сум го видела знакот на тм па знам дека не се оригинал.
    Со кинезиве се е можно, се се очекува.
    За 1000ка и поише од супер патики си земала чери, кај минимум 2000 ќе дадеше за истите.
    П.С на нејзините има R, така да би требало да се оригинал, ама би требало!
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Онлајн шопинг

    На моите Конверс има R oзнака и под неа Мејд ин УСА, а се пред неколку години купени, случајно ги најдов во кутија нови, необлечени.
    Веројатно се оригинал. :^)

    Се урна митот дека само рокери и металци носат старки, кога фешн блогеркиве од Лобутинки се симнаа на Конверс.

    Конверсот мука немаат, освен ако си коњ и ги искинеш за пар месеци, ама треба да скиснеш во нив за тоа да се случи. :D Со здравје да си ги носиш Чери!
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.