коземетика можеш да порачаш од оваа сттрана, козметиката е малку поевтина во споредба со алиекспрес ако порачуваш повеќе шминка ке ти се исплати. www.buyincoins.com
Го разгледав саjтов и не налетав на ниту еден коментар кој што има помалку од 5 ѕвезди, што не е нормално секако. Побаравме со маж ми критики за BIC преку Google и имаше толку многу негативни коментари, во врска со работата на продавачите (комуникација и сето тоа), квалитетот на производите, почитувањето на правилата на сајтот и ред други работи, па се премислив и си нарачав од Aliexpress кај селери што имаат добар фидбек и реjтинг воопшто. На Aliexpress ако нешто не е ок, ќе ти вратат пола сума и производот може да си го оставиш, а на BIC треба да им jа вратиш нарачката па тек тогаш ќе ти ги вратат парите (читав еден куп коментари како се правеле наудрени и не им враќале пари на оштетените).
Ај некој нека ми каже дали ќе и ги вратат парите на братучетка ми (дека за неа прашувам) ако кликнам Open Dispute? Дека нејзи и стигна една блуза ама не е задоволна и ме праша што да прави,ама дека јас појма си немам реков вас да ве прашам?
BelieberYeahh, од што конкретно не е задоволна? Згрешен е бројот, бојата, моделот? Има видливи оштетувања на блузата, флеки, грешки? Погрешни мерки се наведени во табелата во однос на тоа што и има стигнато? Ако има основа за диспјут, може да бара да и бидат вратени парите или селерот да и ја препрати блузата но ако не е задоволна од тоа како и стои, тоа не е до селерот и нема причина да отвора диспјут.
Нема врска, сечие искуство е различно. Мене на пример странава ми е супер и најмногу од се ми се допаѓа што има опција купувачите да објават слика од производите, со што се добива подобра претстава за тоа реално каков е производот. А во врска со оштетените производи и невраќањето пари, не можам да коментирам бидејќи сум немала таков проблем
Секако дека има разни искуства, дали на Али или во било која друга онлајн продавница, но конкретно на БФК не ми се допадна фактот дека ги бришат негативните коментари, па баш ради тоа не ни нарачав. Понатака можеби и ќе нарачам некоја ситница, па ќе напишам и лично искуство.
Може некој да ми објасни како се порачува и што се треба,на кратко,бидејќи тотално се изгубив,ваљда дека никад не сум порачувала онлајн
Цела тем ти е за та не туку бидете готовани и да чекате се на тацна сврти некоја страна не ти паѓа круната ако разлисташ
Убаво прашав,не ми се понашај или одговори ми или игнорирај,со ова ништо не ми помогна,а и да,мислиш дека не побарав,мислиш проста сум ја?цц
пишав зошт преку едно прашање е тоа како се порачува ако си ралистала ке си видела стави си ја круната на главта и листај имаш тема и онлине порачки листај и таму
Цела тема е за тоа, треба да се разгледа од прва до последна страна затоа што се има пишувано за тоа. нема да ни се одрони бисерот ако одговараме, но постојано има едни исти прашања прашања и здосадено ни е како папагали да го повторуваме истото. http://forum.femina.mk/moda-i-stil/aliexpress-t20692/1860.html#p2024863 Повели тука имаш објаснето а имаше и уште некое објаснување на страните.
Само јас имам 100 пати објаснувано како се порачува, па и сликовито, а и една купа други феминки, така да не си порабарала изгледа
Мојата прва порачка од Али ја направив лани во август, сосема случајно налетав на страната, ме заинтересира, се запрепастив кога видов дека накитот кој го продаваат на фб за 300 ден, на Али не е ни 30 ден и морав да направам порачка но како? Имав куп прашања, никогаш дотогаш немав порачувано ништо, се распрашав по другарки ама и тие појма немаа, за среќа на Фемина ја најдов темата за онлајн шопинг (тогаш уште не бев ни зачленета), си сварив кафе и почнав да читам од првата страна, се што беше напишано за Али го простудирав и утредента отидов да аплицирам за интернет картичка. Си се израспишав ама муабетот ми е дека на секоја петта страна има на долго и на широко објаснување како се порачува, со што се порачува, дали се плаќа шипинг и царина, дали е безбедно итн. Треба да се одвои малку време и да се прочита па ако нешто не е јасно, тогаш да се праша конкретно што не е јасно а вака е навистина чекање на готово, кога се што треба е да се разлиста малку (се извинувам за офтопикот)
Во иднина игнорирајте ги тие прашања, за да не се полни само за џабе темава со прашања и со одговори од типот на „ разлистај, разгледај, бла бла бла„. Ако некој толку многу сака да знае ќе се потруди, ни мене никој не ми кажа на готово. Треба само малку да си писмен да знаеш Англиски и ништо повеќе. Отвори ја алиекспрес страната и регистрирај се, толку е просто и едноставно, ама работата е што ве мрзи да прочитате малце. Затоа престанете да им ги одговарате прашањава и ако толку ги интересира нека се снајдат, нема сеа на секоја страна да се објаснува истото ко да се работи за атомска физика.
Нарачав во петокот и едната пратка пишува дека е испратена и има трак бројче. Чисто од радозналост проверив до каде е и во статус пишува Collection, а локацијата ја покажува во бројки. Ај ве молам просветлете ме што значи ваквиот статус и зошто локацијата на пратката е во бројки?