Девојки ве молам , можеби прашањето е глупаво но ве молам одговорете ми . Јас сакам овие патики да си ги порачам : http://www.aliexpress.com/item/Free-Shi ... 70634.html . Ама ме интересира дали ќе одат на царина , и ако е така колку ќе ме чини тоа . Значи првпат сакам да нарачам нешто , ама не се снаоѓам баш најдобро . И ако некоја од вас ги порачала овие патики ,ќе може да ми каже дали се квалитетни или нешто слично ?
Само за знаеш дека постои шанса, минимална ама сепак постои, да ти ги конфискуваат на царина како копија на бренд. Инаку, патичињата се преслатки
Девојки ај ве молам некој што ептен се разбира во онлајн шопингов и има доста купувано на овој начин да ми објасни детално како иде нарачка, плаќање, пратка, сигурност и слично од АлиЕкспрес, пошто сакам телефон да купам, меѓутоа прв пат ќе порачувам а не знам како. Ве читав и тука и во темата за AliExpres ама се збунив и ништо не разбрав Ве молам за одговор Пишав и во темата за онлајн шопинг но не добив одговор а итно ми е Некооој???
Ќе извадиш интернет картичка од Стопанска Банка и на неа ќе си префрлаш околку колку што планираш да потрошиш. Кај селерите е битно да имаат добар рејтинг, пожелно е да биде над 94 %, и секогаш читај ги коментарите за продуктот кој сакаш да го порачаш а и за селерот воопшто. Моментално најдобра страна за тракинг е http://www.17track.net/index_en.shtml Конкретно за телефон имаше случај пред нова година, една феминка пиша, на царина и го имаат конфискувано, значи постои мал ризик и тебе да ти се случи тоа.
Како оди постапката за вадење на интернет картичка од Стопанска банка? Треба ли да имам отворено трансакциска сметка во Стопанска (платата да ми иде преку нив), се плаќа ли некаква провизија за користење на картичката и слично? Јас сакам да извадам картичка која ќе ја користам САМО за плаќање на интернет. Картичката би била празна, само би префрлала пари на неа кога ќе плаќам на интернет. Во Комерцијална и Тутунска прашав, бледо ме гледаа на шалтер, викаат немаат вакви картички. Некако ми е несигурно да плаќам со картичка на која имам редовни приливи, ми е страв да не ми ја хакнат, па да ми “отидат“ парите.
Во стопанска имаш таква картица,само за интернет порачување.Си ставаш на неа пари по потреба и само за нарачки можеш да ги искористиш.
MIA-SK, повели http://www.stb.com.mk/visa-internet-.nspx Ти ја издаваат за два работни дена, треба да ја подигнеш од дирекцијата која им е на кат во Трговски
Сакам да порачам стартки, па ако има некоја од вас порачано дали сте задоволни и за колку време ви стигнаа?
Пак јас. Имав кликнато Open dispute за еден производ и сеа ова ми го пишува,па ако може некој да ми објасни што значи...
Селерот го прифатил диспјутот, провери си и на меил, може да ти стигне порака дека парите ќе ти бидат вратени во рок од 7-10 денови.
Здраво, Да прашам дали на некој му се има случено проблем како и мојот, неможам да ја следам нарачката му писав на продавачот не ми врака незнам што се случува..
Ако има поминато повеќе од 10 дена од кога е пратена, а не се следи и селерот не одговара можеш слободно да отвориш диспјут.
Има поминато повеќе од 10 дена па си викам да почекам уште некој ден може ке се управи ама попаметно е да отворам диспјут
^На твое место би му пишала уште еднаш и би му се заканила дека ако не ти одговори, не ти останува ништо друго освен да отвориш диспјут.
Времето на заштита на продуктот или како се викаше она што одбројува,ми помина а сеуште кошулата не ми е стигната,да му пишам на селерот или да почекам?
esperansa777, штом поминале 60 дена а не ти стигнал продуктот, отвори диспјут. Евентуално ако тракингот ти покажува дека порачката е во Мк и е во прашање ден, два додека да ти го достават картончето, тогаш би почекала уште некој ден.
Од Алиекспрес ја порачав копијата на Naked Basics , ја порачав од селер што исто така порачала една јутјуберка што ја следам , на видеото ја споредува палетата со оригиналот и боите немаат воопшто разлика инаку гледав и едно друго видео дека зависи и колку среќа ќе имаш со овие фејк палетиве , некои копии не се и така добри. http://www.aliexpress.com/item/retail-N ... 15669.html https://www.youtube.com/watch?v=wKvBmdK ... rRdqeBzSzQ