Мене едната нарачка уште од 17.7 ми стои во PEK. Дали е нормално ова? Читав дека на некои таму им стои повеќе од месец дена ...
Помошшшшшшшшшшш девојкииииииииииии !! Си порачав неколку работи,од ист селер , зашто цената минимум требаше да биде 10 долари.Првиот пат пробав и имаше некој проблем не можеше.Пробав и втор пат кој за среќа беше успешен.Пратката пишуваше дека е пратена,отворив 17track.net за да ја следам и видов дека е во Пекинг уште од 16ти јули.. Е сега,денес отварам aliexpress и селеров кој ми ја пуштил пратката вика дека првата нарачка (онаа која не ми успеа) не сум ја завршила со плаќањето ,па не ја пуштале колегите нивни. Не разбирам,цело време ја следам втората нарачка која ми успеа со НЕЈЗИНИОТ тракинг- број и сега одеднаш-другата нарачка не била завршена,а јас цело време ја чекам пратката која успеа-онаа втората. Да ми помогне некојј?
Епа првата порачка , не ти е платена, и не е пратена нормално, и тоа е тоа, селерот затоа ти пишал да знае дали ќе ја плаќаш или не. Втората ти е усшешна и платена, кај да е ќе ти стигне. Незнам што не ти е јасно тука. Ако добро разбрав...
Доколку некој има купено All Star патики, ве молам да ставите линк од каде се купени. Дали многу се разликуваат од оригиналот? На сликиве не гледам некоја разлика од оригиналните што ги имам дома. Разликата во цена е огромна, кај нас се околу 3000 денари, а ваму има и за 15 евра, па за 3000 ден. можам да си купам 3 пара. ФАЛА однапред!
Штом можеш да ја следиш, пратката ти е пратена и ќе ти стигне. Претпоставувам дека се ближи времето за автоматско откажување на првата порачка (веројатно таму статусот ти е awaiting payment) и селерот на овој начин сака да те `потсети` да платиш ама како и да е, немај галје, порачката ти е пратена
moda-i-stil/onlajn-proizvodi-iskustva-i-kritiki-t20081/90.html#p2034817 moda-i-stil/onlajn-proizvodi-iskustva-i-kritiki-t20081/140.html#p2060414
Мислам дека претходно пишував баш за ова. Другар имаше порачано Самсунг S4 од Али, ама на граница триста фрки му направија. Секој ден го бараа по телефони, да однесе некои налози од банка, картички, царинење триста глупости. Ама помина лесно девојка му среди да помине без царинење.
Денеска ми стигна едната порачка од али, испратена пред недела дена. Палетата беше убаво спакувана, никакво оштетување, за квалитетот неможам да тврдам, зашто ги пробав на рака набрзинка, ми се видоа убави, ама на лице не сум ги пробала сеуште. Еве слика од палетата коректори. Сега чекам да ми стигне и палетата со 120 сенки, се надевам наскоро ќе пишам и за неа. Едит: еве линк од палетата http://www.aliexpress.com/snapshot/6151261848.html Сега проверив, ми стигна за точно 10 дена. Не очекував волку брза достава.
Колкав беше максималниот износ кој ќе помине без царинарење? Низ темава прочитав 45 долари, па 45 евра, 50 евра... Се знае ли кое е точно?
Aj pomognete mi ..prvpat poracuvam od aliexpress...i stoznaci >> ReAdd To Cart<< i posle mi pisuva >> Buy all from this seller<<
Кога порачувате блузи, ја бирате големината што ја носите или избирате еден број поголем? Зашто порачав една блуза L (нели 1-2 броја поголема) ама ми стигна огромна, па ја порачав одново и тоа S, но можно е и таа да ми биде голема, што значи дека не во секој случај важи да се порачува еден број поголем. Затоа последниве неколку порачки ми се со големина free па ќе видиме кога ќе стигнат. Од сликите во фидбек гледам дека одговараат и на послаби и на пополни. Тоа е отприлика S или уште помало? И сега која опција е посигурна-големина free или по избор?
Затоа е најдобро да се читаат коментарите, тие се најдобар репер за реалните димензии. Вообичаено е подобро да се порачува поголемо бројче но понекогаш има европски модели и броеви и тогаш си одредуваш според дадената табела. И кај облеката што е Free size вообичаено има дадено димензии и од тоа што досега сум го сретнала најчесто одговараат на нашето С, евентуално М
Не се раководете од тоа да порачувате поголем број од тоа што носите! Тоа не е никакво правило! За секој производ си постојат димензии, фино лепо измерете си ги и порачајте си ги тие што ви одговараат. Од кај го измисливте тоа дека треба да се порачува еден број поголемо
Сакам да купам патики Nike Free Run цената им е 34$ со бесплатана достава.Ме интересира дали некој има купувано и дали ќе прават проблем на царина, бидејки се бренд?
На аеродромот во Пекинг ти е пратката, ќе лета за Прага кај и да е mims-89, вообичаено С кај Али одговара со нашиот М, М со Л и така натаму и од тука, претпоставувам, дошло тоа да се порачува едно поголемо бројче.