Онлајн шопинг Да ве предупредам, да не ве излаже високиот фидбек на продавачот http://www.aliexpress.com/store/115898 порачав од него, го чекав 10 дена да ја прати нарачката, денес после 8 дена конечно ми се покажа тракингот и имав што да видам, порачката пратена на друг крај од светот веднаш мy пишав, па ке видам што ке врати, дали ке ја добијам нарачката или парите
Онлајн шопинг Па или тоа или тоа ќе добиеш. Кога во одредениот рок нема да ја добиеш нарачката, ќе направиш Open dispute со причина Непристигната пратка и готово. Мислам дека дава опција дали да ја почекаш да ти стигне или да ти ги вратат парите, зошто тие нема да му легнат на сметка на продавачот се` додека ти не кликнеш дека ја доби пратката и дека е ОК. И искрено не знам колку се веродостојни овие tracking numbers, зошто мене ми покажуваше дека пратките не ми постојат - а ми стигнаа на врата
Онлајн шопинг незнам, ке почекам да ми врати на пораката, да видам што ке пише, уште која ја прати ми беше чудно бидејки не пишуваше за 60 дена, туку имав рок од 45 дена да одговорам дали сум ја добила, но мислев дека кај секој продавач е различно и не реагирав
Онлајн шопинг ^ Абе он си ја испратил за МК, ама на аеродром може го утнале авионот http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... PzRPga6uDg да се посмееме де
Онлајн шопинг Девојки ми ја одобрија нарачката и ми пишува: Please only click "Confirm Order Received" after you've received your order in satisfactory condition. If you did not receive your order, please "Open Dispute" before... и денови тука се одбројуваат, но барав не можев да најдам кај треба да кликнам Open Dispute кога ке биде при крај?
Онлајн шопинг Јас сега си порачав фустанче од алииекспрес и ми ја потврдија нарачката.па кога ке ми стигне ке го сликам да го видитее-срекна сум
Онлајн шопинг во табелата кај што ти се производите кои си ги порачал, на крај на секој производ пишува Open Dispute
Онлајн шопинг Дечки од алииекспрес каде стигааткога ке ги порачате , на адреса ли дома ? и каде да прочитам дали се плаќа поштарина, дај помогнете
Онлајн шопинг Девојки имате искуство со откажување на производ? Грешно сум порачала некои производи, не се многу скапи по долар и нешто, ама сакам да ги откажам. Пишува тука дека мора 24 часа да поминат за да се одобри прво плакањето , па после тоа да ги откажам пред да бидат испорачани. Ама не знам потоа со парите како ке биде тоа, бидејќи сега целосната сум ми е во резервирани средства. Дали потоа ќе си ја наплатат само потребната сум или целосната не знам. Изгубена сум. Има некој искуство? Заборавив да прецизирам преку Алиекспрес порачав
Онлајн шопинг Конечно денес си ја зедов виза картичката, ставив пари и седнав дома, си пуштив нарачка!!!! Плаќам и пишува Payment Success!!!!! Среќнаа!!!!!! Нарачав од овој продавач, http://www.femina.mk/out/?id=d1ab66...afeurl=http://www.aliexpress.com/store/415916 го прашав нешто на чат, веднаш врати, фин беше многу!!!
Онлајн шопинг Од алиекспрес за колку време ви стигнуваат порачките и дали ви правеле проблем на царина ако се работи за копија на некој бренд пример версаче или луи витон?
Онлајн шопинг Дечки од алииекспрес каде стигааткога ке ги порачате , на адреса ли дома ? и каде да прочитам дали се плаќа поштарина, дај помогнете
Онлајн шопинг Зависи. Мене ми стигна дома, а на некои им стигнува картонче да си го подигнат од пошта. Кога ќе отвориш некој производ ако не се плаќа поштарина за него пишува free shipping со зелени букви под цената, а на тие што се плаќа пишува одредена сума.
Онлајн шопинг Па добро, што е работава Пред една недела ми ја пратија пратката, уште не можам да следам до кај е Success find: 0 items! Отприлика за колку време ви покажува вас?
Онлајн шопинг Мислиш тоа што пишува Track number? и јас кога нарачав пред 2 недели неколку работи не пишуваше ништо па еве сепак стигнаа пред 2 дена мислам дека тоа не покажува точно конкретно за ибеј зборувам Инаку од Кина и Ј.Кореа сум презадоволна , работите ми стигнаа за 2 недели блуза за ќерка ми и ранче. И тоа дома ми ги носи поштарот Сега порачав и едно фустанче исто од Кина па ке видиме дали исто ке стигне исто порачав на 8ми јуни футрола со пенкалце и фолија за таблет Самсунг но уште нема стигнато ништо , инаку пратката е од Америка , американциве секогаш доцнат
Онлајн шопинг Полека, смирете страсти Го ставив чисто ако ја интересира, ако не ја интересира немора ни да го отвара линкот. Исто важи и за другите.
Онлајн шопинг Леле какви работи има овдеееее и ако се тоа цените што пишува испод во $ тогаш стварно се пре ефтини. Ама нешто прочитав дека треба минимум да направиш нарачка до 10 $ за да можеш да го нарачаш тоа што го сакаш. Ај кажете ми вие што веќе порачувате од таму како иде тоа? Благодарам
Онлајн шопинг Епа целата нарачка не треба да е помала од 10 долари. Си бираш обетки, ланчиња, прстени.... и се вкупно да е не помалку од 10$. Ако е помалку немале рачун да ја испратат нарачката,
Онлајн шопинг Луѓенца исчитав еден куп страни наназад И се збудалив, ептен убави работи има. Е арно шо исчитав ама ништо не разбрав Сега си направив профил на Алиекспрес,барам да видам со каква картичка можам да плаќам,друго шо ме интересира е како се гледа или како се рачуна колку ќе треба да платам поштарина или нешто такво за да ги подигнам? Или се плаќа само колку шо чини производот? Уф, многу се нервирам вака кога ништо не разбирам, ова ми е прв пат вака да нарачвам од интернет, а за пристигање на производот ќе знам на пример од кога ќе ја пратам нарачката? Многу се бервирам вака значи, аман Кој е расположен нека ме просветли тука или во лп