Јас би ти кажала да почекаш. И јас 2-3 нарачки не можев да ги следам, па ми стигнаа на време. Почекај може продавачот ќе ти пише, а и имаш уште 30 дена. Штом поминале две недели, почекај уште една, обично минимум 20 дена треба да стигне нарачката.
Онлајн производи (искуства и критики) Кога порачувам од али експрес секогаш сум гледала фидбек (тие жолтите звездички да ги има),ама сега најдов едни хеланки од еден селер и немаше ич фидбек,ги побарав истите хеланки кај друг селер ги имаше аама нигде нема фидбек..незнам шо да правам,и незнам дали е сигурно..што мислите вие?
Девојки и јас ја направив мојата прва нарачка пред една недела... Само што не приметив дека требало да порачам мин 10$, јас порачав за помалку од 10, ми стигна порака дека селерот ми ја испратил нарачката и од картичката ми се повлечени пари колку што си чини ланчето. Може сега поради тоа да ми наплати shipping?
Сакав да си порачам десетина прстени, скоро сите беа половина долар или нешто повеќе, гледав да се фри шипинг. Решив да не отварам акаунт, вујко ми има и постојано порачува. И после ми вика не може да се порача мора од еден ист вид на прстен 10 долари да се направат...
Јас сакам да прашам дали знае некој каде на странава има старки за да си го видам бројчето?Брат ми сака да ми купи од Америка ама не знам како да се разбериме за бројче, некој совет?
Се што плаќаш преку Али е преку картичката и тоа кога порачуваш. Нема после што да доплаќаш, колку ти е повлечено од картичка - тоа е. Нема никакво накнадно плаќање.
Секој селер има табела во милиметри па брат ти може да си ја измери ногата и на тоа да додаде 1 цм но мислам дека најпрактично е да оди до Конверс и таму да си проба и така најточно да си го одреди бројчето, калапот е тој.
Нерасонет човек, тоа ти е, не чита ко што треба Инаку, истото се однесува и за тебе, најсигурно ти е да отидеш до некоја продавница каде држат конверс и да си пробаш а еве ти и табела http://www.size-chart-shoe-clothing-int ... verse.html Имаш и тука http://www.aliexpress.com/item/Free-shi ... 87854.html
Девојки ми треба помош. Порачав патики пред 20 дена еве ги денес стигнаа истите патики НО јас порачав број 39 а ми стигнаа едната патика 41 а другата 42? Сега што да правам? Чаре?
Девојки јас имам виза електрон од комерцијална оваа http://www.kb.com.mk/Handlers/GetResour ... 4050f3e2a8 дали може со неа да се порачува? Дали и колку се плаќа чланарина во Стопанска банка? Дали може да се порачува и од Уни банка?
^^ Порано не можеше да се порачува со картичка од Комерцијална, можеби сега имаат нешто сменето, не сум во тек - до пред некој месец можеше да се порачува само со картица од Стопанска и од Тутунска. Ако точно памтам, ништо дополнително не се плаќаше за интернет картицата од Стопанска но мора да префрлиш 100 или 200 ден при стартувањето на картицата ама ти остануваат и одма можеш да ги користиш.