Ако не се следи порачка, а и селерот не ви враќа, отварајте диспут. Уште кога не одговара,значи нешто не е како што треба. Инаку кинезите одговараат после 12часа,поради времеската разлика нели, па дајте им и од вас уште 24, а ако за тоа време не добиете одговор, отворете диспјут.
Отворив диспјут и поминаа веќе 2 дена, останаа уште 3 и доколку не одговори продавачот, спорот ќе биде затворен во моја полза. Прееска баш проверив да нема одговор од него, ама ништо, а го покажува дека е вклучен. Сакав да прашам, имате представа зошто не одговара? Може чека до последен момент па да ми направи некоја финта?
^ Веројатно знае дека ја утнал работата, свесен е дека залудно ќе му биде да те убедува дека се е во ред со продуктот и сега не се ни замара, ионака диспјутот ќе биде решен во твоја полза.
Како да откажам нарачка? Не го гледам Cancel order, мислам дека има некои измени и неможам да го најдам.
Веројатно уште не е поминета верификацијата, кога ќе помине,и ќе почне да се одбројува времето за спремање на нарачката, тогаш имаш Cancel ,иако не секој селер се согласува.
Што е со купониве и како се искористуваат? Get a US $2 coupon и ова You now have a US $5 coupon. Remember to use it when you place any order in this store!
Кликаш врз купонот и кога нарачуваш од тој селер можеш да го искористиш купонот при нарачката, значи добиваш попуст од 2 или 5 долари, зависи од вредноста на купонот. Меѓутоа, повеќето од купоните важат за нарачка над 100 долари. http://intmail.183.com.cn/icc-itemtraceen.jsp
Епа пиши му само да ти го прати во друга боја, сиигурно би се солгасил. И јас вака имам утнато, дали бројче беше или боја незнам, му пишав, и се среди. Не мора да ја откажуваш нарачката.
Конечно и јас дојдов на ред за порачување ги зборам тие штикли од 2005 Денес си ставив 700 ден. на интернет картичката е сега сакам да ги порачам штикливе http://www.aliexpress.com/item/2014-New ... 42756.html ама страв ми е бројчето да не го утнам јас носам 34 , која од нивните е бројки е 34-ка 4,5,6...
Измери ја ногата и ќе го добиеш точниот број, јас носама 36,5, па на едни обувки кои ги порачував стои број 39.
Пак јас за оние што имаат интернет картичка од стопанска банка. Мојата е планстифицирана плава картичка Visa прашањето ми е каде да го најдам тој security code, ми кажаа дека го пишува на самата картичка ама никако да најдам јас и каде да го видам бројот на картичката дали е 16 цифрен број на самата картичка или 10 цифрениот број што го има на писмото кое се добива со подигањето на картичката. овде на писмото сеа читам CVV2 бројот за вашата VISA интернет картичка е и има три бројки. дали е тоа тој security code што треба да го пишам при порачување.. малку испомешано напишав ваљда сфаќате што сакам да прашам
Тоа е кодот Амбрелче, а бројот е 16то цифрениот, и треба да го имаши на картичката, првиот, најдолгиот со најголеми бројки.
Мене не ми е јасно царинењето, инаку знам дека царинат над 45 евра, но тоа се однесува само за еден производ или се смета вкупната сума? Имено сега имам порачано во еден ден повеќе производи и вкупната сума која ја потрошив е 35 евра, но сакам да порачам уште едно палто од 25 евра, дали ќе ме царинат или како оде тоа? Би замолила некоја феминка да ми објасни доколку знае
^ Царинењето се однесува на единечен пакет, кој е над 45 евра. Се додека порачките ти се од различни селери, немаш галје