Nausica без тебе темава ќе беше депресија само ти тука им објаснуваш на сите и ги тешиш.Алал да ти е! Заслужуваш награда девојко!
И јас исто имам нарачка од 1ви што ми е во Пекинг, таму секогаш повеќе време се задржуваат, така да ништо страшно ќе ги добиме нарачките, само што ќе си почекаме уште малку
Мојата порачка долго време не ја лоцираше и сега пишуват дека била во Нанњинг - Кина,и демек чекала и други порачки за Македонија па да тргнела. Има некоја логика во ова? Ќе стигне воопшто?
^ Да, најозбилно, чекаат да им се соберат поголем број на пратки па ги праќаат заедно, веројатно на еден трошок Од мое искуство, колку бил селерот по`слаб` толку подолго сум ги чекала порачките, претпоставувам токму поради оваа причина
Јас чекам скоро 20 дена. Нјесе,можда ќе стигнат. Тоа ме чуди мене што некои овде пишувате дека порачките ви стигнувале за 10-20 дена,а мојава уште во Кина си седит
Многу ретко да стигне порачка преку Кинеската пошта за 10-20 дена, во просек 35, плус -минус..Додека преку Хонг Конг, стигнуваат за 2-3 недели, релативно побрзо отколку преку Кинеската пошта. На 17трак ли ја следиш?
Пратката ми е пристигната во Македонија на 25ти август, а на 4ти септември пишува дека е испратена. Прашав во локалната пошта, ми рекоа немало стигнато пратка. Нормално ли е ова? Ако не е, чаре?
Вчера направив нарачка и на мејл ми стигна порака дека е платена, а на профилот на алиекспрес ми пишува -awaiting payment- namesto processing time. Што е работата, јас колку што знам од кога ќе платиш нели пишува една недела processing time?
Се случува, најверојатно има гужви, или уште тераат одмори,знаеш како е кај нас... Почекај уште некој ден,ако не оди повторно до пошта. Сигурна ли си дека е платена? Провери си на сметката дали има повлечено пари. Некогаш знае да ја одбие трансакцијата.. Ако веќе ти е платено, пиши му на селерот.
Нати, ако си слободна, препиши си го тракинг бројчето и отиди уште денес во пошта! Можно е да дошло до некоја збунка, некој комшија од злоба да ти го има `собрано` картончето, да е однесено на друга адреса... се бидува. Во август ќе останев без ташна поради `промена на систем`, да не отидев да прашам веројатно ќе ми ја вратеа назад во Кина порачката.
Досега сите пратки ми ги носеа дома, без картонче. Како и да е, во понеделник ќе отидам и ќе прашам повторно. Може они да проверат по бројчето, така?
Врати се 5 страни наназад е постиран линк на која страна можеш да ги следиш пратиките. Е кога ќе го отвориш линкот ќе забележиш празно бело поле, на средина е, најголемо, ете тука ќе го ископираш бројот за следење од производот, кој изгледа на пример вака RC105400900CN и ќе кликниш track. Ова прашање е одговорено милион пати
Јас имам порачано еден пар чизми. Ми стигнаа точно за еден месец, големината и бојата си беа исти како што си ги порачав. Квалитетни се и не ми пропуштаат вода. За тие пари супер се погодија.