Ако е во пошта, и по име и презиме ќе го најдат ама ти носи си го и тракинг бројчето, за секој случај.
женски што значи ова Fund Processing на Алиекспрес? Откажав еден производ и ова значи дека парите ќе ми ги вратат?
^ Да, процесот на враќање веќе е во тек, проверувај си ја сметката, во рок од недела дека би требало да ти се појават парите
Девојки планирам да порачам најк патики од алиекспрес, но нивната цена изнесува 55 $.. Дали за овај износ се плаќат царина?
Дали некој има порачано телефон од алиекспрес, и што мислите дали е безбедно да се нарача? http://www.aliexpress.com/item/HDC-S5-I ... 60830.html овој конкретно би го нарачала ако се одлучам.
Најискрено, кога веќе си спремна да дадеш 2 500 ден за патики, подобро да побараш да видиш што има по продавнициве кај нас. Сепак не знаеш што ќе ти стигне а 55 долари не се малку пари за лесно да ги прежалиш. Како и да свртиш, секогаш постои некој мал ризик кога купуваш онлајн, особено кога купуваш обувки на `непробано`. BelieberYeahh, можно е на царина да ти го конфискуваат ако е бренд (те да го прогласат за нелегална копија) и тогаш немаш право за диспјут. Од друга страна, ѕирни го постот на Kaley moda-i-stil/onlajn-proizvodi-iskustva-i-kritiki-t20081/270.html
Се во ред, ама кога патиките тука чинат 100евра, а на али 55долари па и не е баш исто Јас имам порачувано патики од 60стина долари, ништо до сега не ми е царинето, никогаш не ја пишува точната сума на пакетот, секогаш е околу 20, ништо повеќе. Дуре еднаш по грешка наместо да ги ставам во 2 пакета,сум порачала заедно патики за мене и сестра ми од по 35долари, значи вкупно 70, а на пакетот имаше некоја смешна цена. И си стигна на врата , коректно, не платив ни денар.
Апсолутно се согласувам за разликата во цена, дефинитивно заштедуваш со Али но јас лично не би дала толку пари, еве зошто- со секоја порачка свесна сум дека можеби нема да бидам задоволна од продуктот (пример блузата ќе ми стигне сосем во ред и идентична со описот од селерот но мене нема да ми се допаѓа како ми стои или ќе ми биде тесна на рацете или на градите и нема да ја носам а немам основа за диспјут) и од старт ми се прежалени парите. Според мене, секое купување на невидено и непробано со себе носи ризик а јас, со мојот буџет, не можам да ризикувам со повеќе од 500, 600 ден. Минатата есен порачав палто за некој 15 долари но од старт бев помирена со тоа дека може воопшто да не ми се свиѓа како ќе ми стои, дека може ќе личам на Миле Паника во него ама па, во споредба со цените на палтата во Манго и Зара, ми се исплатеше да ризикувам (700 ден наспроти минимум 4000 ден) и имав среќа, палтото ептен ми се погоди. Исто планирам да порачам старки, ама и покрај сите мерења, читање на критики околу бројчето и досаѓање по лп на феминки од форумов, јас во моментот кога ќе ги префрлам парите на картица ќе бидам помирена со тоа дека можеби џабе сум ги дала. Муабетот ми беше, ако ги дадеш тие 2500 денари за патики(или фустан, блуза, јакна итн) кои може нема да ти се погодат, дали ќе имаш уште пари за повторно да си купиш патики? Ако можеш да ризикуваш, дефинитивно порачај си
Баш така , ама јас сум па оптимист , главно се ми се има погодено, се надевам така ќе биде и во иднина. Инаку, за старки, ич да не се секираш, јас имам нарачено за кој ли не, другарки, братучеди, уште никој се нема пожалено, бројчето е по мерка, а и квалитетот ,за таа цена е супер Ги споредувавме со оригиналот и не забележавме никаква разлика.
Значи аман,знам дека сум нестрплива.... : Ама порачакава од 23 август порачана уште во Кина си седит,шо е ова не одговорност?
Луѓе ви се случува и на вас или само кај мене нешто не е во ред? Веќе 3-4 дена кога ќе отворам http://www.aliexpress.com јазикот ми е наместен на англиски, ама само на почетната страна додека стојам. Кога ќе изберам категорија јазикот ми се менува автоматски. На пример, кога одам Apparel & accessories на шпански ми се променува, кога изберам home & garden ми се менува во индонезиски (http://id.aliexpress.com/category/20300 ... decor.html ) итн. Само ми отвара со ид , а без ид не ја отвара страната. Али или јас сум збркана? Ако знае некој нека ме просветли?
Кај мене исто има проблем. А и минатите неколку дена, место автоматски да ми отвори на почетната страна, ми даваше рендом срч на некаква облека
Цитирам, оти нема смисла да се пишува се едно исто. Само напишете во пребарувачот што ви треба, не мора да барате низ страните..
duffi џабе е толку долг и добар пост кога пак за 2-3 страни ќе прашаат истото и наместо да пишуваме за производите, се пишува се едно исто.