Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

AliExpress

Дискусија во 'Мода и стил' започната од pamelche, 27 февруари 2013.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Бојана, еве ти линк за старки http://www.aliexpress.com/item/The-most ... 00328.html. Иди уште денес до Стопанска Банка и поднеси барање за интернет картичка. Додека чекаш да ти ја издадат, направи акаунт на Али, внеси си ја адресата, стави ги старките во виш листа и кога ќе ја добиеш картичката, префрли на неа 1000 ден и купи си ги патиките. На оваа страна http://www.17track.net/index_en.shtml ќе проверуваш до каде ти е пратката.
     
    На dimebencov и duffi им се допаѓа ова.
  2. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.111
    okcenzi ако ти беше тешко да ми објасниш немора воопшто да пишуваш,не ја гледам потребата од вакви коментари,форум не е за џабе доколку некој смета дека треба да ми одговори нека ми одговори ако не никому ништо ;)
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    форумов е за информирање, а не за пофторување на едно исто секоја втора страна, само затоа што некого го мрзи да кликне уште 2-3 пати и да читне.
     
  4. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.111
    Можеби и мене требаше да ме мрзи нешто кога тебе ти требаше нели МИЛА хах ...памет за друг пат нели ...за разлика од тебе мене не би ми сметало да му кажам на некој она што јас го прашав ама тоа е не секој е ист :)
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.195
    Слушнав нешто ќе почнеле да ги царинат пратките од Али. Знаете нешто за тоа?
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Прв пат слушам :^)
    А и пратките од али не пристигнуваат со фактури или нешто слично, како што е случај со Асос.
     
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.426
    Допаѓања:
    171.838
    може нема да ти смета да објаснуваш 2-3-5-7 пати ама после ке видиш дека иако е на секоја2-3страна убаво објаснето ке си прашуваат пак поново
    Срамота море засрамете се а вие па уште силни ем шуто ем боде или прочитај некоја страница наанзад или ако те мрзи да читаш ,кај со имаш пребарувач горе напиши порачки од алиехпрес ке ти испаднат милиони постови наместо да пишиме како што се е :!: дно исто е на темава како та како се порачува од али
    Нема шанси да ги царинат ако се со помала цена ,на нив не им угра улога дали е од е баи ,али ,асос или друга страна они гледаат вреднос на пакетот и ако е облека ке поминис без ништо ако е нешто ектроника ,бела техника ке ти стават царина Вие сепак гледајте порачките да ви бидат помали од 45 евра за да не платите царина и помали од 22евра за да не платите ддв зависи како ек се погодени некој и што треба да плати се извлеко без пари некој и за малку ек плати за него
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Си порачав едни обетки пред 2 недели и ми стигна порака дека се пратени после 3 дена.
    Пробав да видам до кај е пратката на странава http://www.17track.net/, ама не ми покажува ништо
    На која друга страна може да се следи?
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Пиши му на селерот, ако е мала вредност пакетот можеби воопшто не може да се следи.
    Има поминато повеќе од 10 дена откако е пратена?
    Ако не ти враќа отварај диспјут.
     
  10. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.111
    може нема да ти смета да објаснуваш 2-3-5-7 пати ама после ке видиш дека иако е на секоја2-3страна убаво објаснето ке си прашуваат пак поново
    Срамота море засрамете се а вие па уште силни ем шуто ем боде или прочитај некоја страница наанзад или ако те мрзи да читаш ,кај со имаш пребарувач горе напиши порачки од алиехпрес ке ти испаднат милиони постови наместо да пишиме како што се е :!: дно исто е на темава како та како се порачува од али

    ХАХА да се засрамам набере некој ви утепал некого со едно прашање,гледам не ти е прв пат да изреагираш на ваков начин,не секој на форумов кој што е нов знае што како и на кој принцип оди,впрочем зачленета сум за ако имам нешто да си прашам,кој има желба да ми одговори нека ми одговори кој несака никој со сила не го тера скролај надоле и готово,мислам не вреди да се објаснувам со некој што нема да разбере така да толку имам ;) да ти кажам
     
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ах мила јас ти пишав ЛП, на која не си морала да одговориш, ако зборуваш за психологот. Ама според инаетењево и приговарањево гледам дека нема многу да се сложуваме.
    Не знам зошто те вреѓа тоа што некој ти рекол да читнеш некоја страна назад, а и мојот коментар не се однесуваше лично на тебе, така да не кревај прашина. Јас сум те прашала за психологот зошто сама се понуди да дадеш информација, а никој не те замараше по 100 пати со истото.
    Муабетот ми е дека страните се пополнуваат цело време со истите прашања, наместо да има некоја нова информација или линк од добар селер. :P пошт Nausicaa и duffi се изморија од одговарања цело време а останатите од досадните - истите постови ( прашања)

    БДВ кажете некој селер од кој можам да си земам добри четки за шминка, поточно за течна пудра и руменило, но и цел комплет е ок.
     
    На duffi и Nausicaa им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Кала, од 1100 мислења досега, 200 ми се само во оваа тема, а сигурно уште толку имам и во онлајн шопинг и следење на пратка, сите тие мислења се одговор за нечиј проблем или прашање, додади на тоа колку пати по лп имам објаснувано што - како, значи воопшто не ми е проблем да одговарам, ќе напишам уште десет пати по толку но имало ситуации каде феминка прашува нешто а јас на истата таа страна, само 2, 3 поста погоре веќе сум одговорила на истото прашање од друга девојка. Прашањата од типот на `Како да порачам од Али?`, `Со која картица се порачува?`, `Каде да ја следам порачката?`, `Дали се плаќа царина?` се одговорени веројатно повеќе од 100 пати, навистина е доволно само да се разлиста неколку страни наназад и ќе се најде одговорот :)
     
    На Sky-butterfly, KatFem, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.185
    Залудно е да објаснуваме девојки, од кај што се им е на тацна,па и се бунтуваат, и незадолни.
    Ај да мериме на кантар кој на кој колку помогнал :x

    Туку да не ја полниме темата со офф.
    Окцензи,види во темата за искуства и критики, мислам дека неко феминки имаат порачувано четки.
    Имам и јас, ама од ибеј се. :)
     
    На okcenzi и Nausicaa им се допаѓа ова.
  14. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ајде не се расправајте за глупости.
    Мене ми треба сега помош, значи нарачав очила за сонце, стасаа денеска, меѓутоа левата и десната страна се разликуваат и тоа е премногу очигледно. Иако преубаво ми стојат, деталот што го има на едната страна, а на другата страна е изоставен, ме изнервира и не сакам да ги носам. Треба ли да отворам dispute? Уствари што да правам понатаму?
     
  15. tanjabela

    tanjabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    138
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tina-Melody

    Tina-Melody Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Купив четкички за праење нокти, многу се убави , а не сум имала никаков проблем до сега , така да сега планирам да порачам и друго :)
     
  17. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ти благодарам ептен. Ефтини се и фидбекот е одличен. Ако паметиш, да ми кажеш одприлика за колку време ти стигнаа? Сакам да порачам и за братучедка ми, ама за нареден месец до 23 најдоцна.
     
  18. tanjabela

    tanjabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    138
    не се сеќавам точно од по одамна ги имам ама не ги чекав многу, а гледам сега се и 7 долари а јас коа ги земав беа 5 :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Eте и јас да прашам нешто :)
    Сакам да си порачам палто само ми е страв да не ја утнам величината,инаку носам S/M зависи од моделот,и сега ако порачам М си викам можеби ќе ми биде тесно оти подебели блузи се носи во зима,а ако порачам L да не бидам ко мачка у вреќа,се мерев се пустев ама пак ме копка,инаку ете линк
    http://www.aliexpress.com/item/New-fash ... 51536.html
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Што убав да ти бил онлајн шопингот ^_^
    Си бираш, порачуваш, ти ги земаат парите, а после една недела веќе забораваш дека нешто си порачал. И баш кога ќе бидеш шворц, оп - ти стигнуваат две кошули на адреса. Surprise! :party:
    Сум го погодила бројот, до душа едната ми е малку широчка, ама ништо страшно. Веќе имам замислено комбинации во глава, едвај чекам да ги испробам. Едната кошулка ми е сон, многу нежна и елегантна. Сигурна сум дека ќе ја изнаносам. Имаше некои попусти, па двете ми испаднаа вкупно 700 денари, што мислам дека воопшто не е скапо како за кошули со долги ракави. Во бутик тешко дека ќе најдам нешто слично за по 350 денари.
     
    На sweet-cherry, okcenzi, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.