1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

AliExpress

Дискусија во 'Мода и стил' започната од pamelche, 27 февруари 2013.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.874
    Допаѓања:
    107.778
    Пол:
    Женски

    Слободно порачај си Л, нема да згрешиш, палтото нема да биде широко, таков е и кројот на палтото а и кинезиве се помали од нас, затоа секогаш да порачувате еден бр поголем од тиј што носите. Јас секогаш порачувам Л а носам М и досега се ми е стигнато ко што треба
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.445
    Допаѓања:
    20.072
    Бидејќи немаше коментари под линкот што го прати, истото палто го најдов кај уште еден селер http://www.aliexpress.com/item/Autumn-a ... 3.html?s=p, ни рејтингот ни коментарите не се баш најзадоволителни... Јас би ти порачала да почекаш уште малку, да се пишат уште коментари па да си решиш дали да порачаш или не :) Ако ептен не ти се чека, порачај Л :)
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.102
    Допаѓања:
    177.512
    може нема да ти смета да објаснуваш 2-3-5-7 пати ама после ке видиш дека иако е на секоја2-3страна убаво објаснето ке си прашуваат пак поново
    Срамота море засрамете се а вие па уште силни ем шуто ем боде или прочитај некоја страница наанзад или ако те мрзи да читаш ,кај со имаш пребарувач горе напиши порачки од алиехпрес ке ти испаднат милиони постови наместо да пишиме како што се е :!: дно исто е на темава како та како се порачува од али

    ХАХА да се засрамам набере некој ви утепал некого со едно прашање,гледам не ти е прв пат да изреагираш на ваков начин,не секој на форумов кој што е нов знае што како и на кој принцип оди,впрочем зачленета сум за ако имам нешто да си прашам,кој има желба да ми одговори нека ми одговори кој несака никој со сила не го тера скролај надоле и готово,мислам не вреди да се објаснувам со некој што нема да разбере така да толку имам ;) да ти кажам[/quote]


    тогаш толку си писмена коа неможиш 5страни наназад да прочиташ ама не е битно битно е да се пише само нешто и гледам никој нема желба да ти објасни
     
  4. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Не ми е проблем да почекам уште малку,ме интересира колку е дебело и дали ќе е добро за во зима,колку си задоволна?и ти благодарам многу на одговорот :)
     
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.445
    Допаѓања:
    20.072
    Најискрено - не верувам дека ќе те грее во зима. Пишува дека е од волна и полиестер, ама па и јас лани од Матекс купив капут на кој што се не пишуваше, ваква волна, онаква волна, и на крај пак се испозамрзнав во него! Мене ова, пред се, ми личи на штосно и тренди капутче за искачање, колку да облечеш нешто додека да стигнеш од кола до кафич. Може ќе ти биде супер во есен, но за наша зима јас не би го планирала.
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    866
    Ако веке не си стиснала confirm order received,контактирај го прво селерот,обично се расположени да одговорат и да го решат проблемот,испрати му слика од она што си добила,или ке ти прати нов пар и продолжи времето на purchase protection или ке ти ги врати парите,ако не одговара отвори му dispute ,Али ке ти ги врати парите на сметка а тој нема да добие ништо.
    Јас чекав една пратка скоро два месеца и не се следеше добро,се на едно место стоеше и му пишав на селерот,ми го продолжи времето за заштита на порачка за уште 50 дена,пратката сега ја добив и ке му направам confirm да си ги земе парите.
     
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Геа, отвори дирекно диспјут, и таму ќе комуницирате со селерот.
    Закани му се со лош фидбек, обично се плашат од лошите коментари :D
    Барај да ти ги рефундира парите, или да прати нов пар наочари со тракинг број.
     
  8. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Веќе некое време чекам да ми стигне една козметика.Пишува дека е пратена а со бројчето за лоцирање нигде не ја наоѓа веќе нз колку време.Што да направам?
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Има поминато 10 денови откако е пратена?
    Пишу му на селерот, пратки со помала вредност некогаш не се следат,поради тоашто дополнително треба да плаќат за тракинг број.
    Ако не ти одговори- освен диспјут немаш друго решение.
     
    На lovelife му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.896
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    После 10 дена од кога си го порачала,ќе можеш да го следиш со бројчето за следење што е. Со сигурност така ти викам,затоа што и со моето е така :)
     
  11. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Поминаа повеќе од десет дена.Не го покажува каде е. :/
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Епа пиши му на селерот, ако и тогаш не ти враќа, отвори диспјут и готово.
    Тоа е тоа.
    Друго нема што да се направи.
     
    На lovelife му/ѝ се допаѓа ова.
  13. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Ми треба мала помош доколку некој има вакво искуство. Нарачав телефон кој е 120евра, и сега ми бараат од царина документ за вредност на стоката, кој им го испратив. Братучед ми кој исто така нарачал телефон ми рече дека наместо 130 евра напишал дека е 30, во спротивно ќе требало да плати околу 2500ден; и уште ми рече дека многумина така правеле. Е сега и јас направив така но ми бараат начин за плаќање на телефонот. What to do? :?:
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    to pay :)
    добро ти кажал братучед ти за тоа со 30те евра ама за техника мислам дека сепак нешто плаќаш, како и да е работава ти е завршена телефонот е на граница и ќе мораш да платиш таму што се бара за да си го земеш
     
  15. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Да, знам дека ќе платам нешто, ама каков е овој вториот документ, т.е. документ за начин на плаќање на телефонот, демек да виделе дали стварно толку пари е. :^)
     
  16. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Девојки дали може инфо за еден подарок?
    Читам на нет дека за да не те царинат на пратка порачана од интернет треба да е до 45 евра.
    Меѓутоа ме интересира дали во тие 45 евра влегува и самата поштарина или не?
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Мислиш шипингот?
     
  18. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.757
    Пол:
    Женски
    Моето искуство со AliExpress ,хм и не е баш најсјајно...Уште одамна знам за оваа страна и да се каже бајаги работи сум порачувала ..Неколку парчиња облека,нешто накит,маски за телефон, и сл..Козметика несум затоа што и по цените се гледа дека е шкарт а на лице не се става сешто :tmi: А поготово таква кинеска работа ,за која сегде се збори колку е канцерогена...Од професионална страна јас лично можам да кажам дека секогаш биле коректни.Работите ми стигале најмногу за 20 дена,несум чекала многу воопшто.А и на моите блиски исто,ако робата не ви стигне случајно парите со сигурност ги вракаат ,цените им се екстремно ниски НО дали вредат ?! Мислам дека НЕ.Се повеќе од работите што ги имаат на страната ги гледам и кај нас,сосема истите за100-150 ден поскапи ако не и помалце.Квалитетот мислам дека секој би се сложил не е кој знае што,скоро никаков ,но си викаме за таа пара ок е.Мене повеќе ми стана како занимација да седнам пред лаптоп и да си порачувам но се освестив фала богу :D
    АСОС и др слични онлајн страни се далеку подобри.Од искуство ви кажувам.И дефинитивно вредат за секој денар а и истите работи овде кај нас секако нема да ги видите на секој ќош.
    На другарка ми патиките од алиекспрес двапати не ги облече ѓонот се одлепи..Мојата мајца со две перења во машина избледе и се најде во канта одма ..Накитот дали 2-3 сум го стаила фати рѓа ..Ташна ако порачувате верувајте мора празна да ја носите ако несакате да се скинат рачките по првото носење ,како што и се случи на сестра ми :lol: :lol:
    Златен наш сити мол ,можеш да најдеш се што ке посакаш и се е во најнова мода ..А и од АСОС сум задоволна многу двете работи што ги порачав се покажаа како доста добри..... Мал совет од мене во голем реферат. :lol: :P И секако ова е мое мислење само,секако не делиме сите исто мислење и искуство .
     
    На jelly888 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.766
    Допаѓања:
    145.268
    Излишно е да ја споредуваш Кина со Асос, оддамна расчистивме дека нема никаква споредба.
    Се знае што е квалитет и дека вреди.

    Но за тоа дека ташната празна ќе ја носам, или патиките нема да ги облечам повеќе од двапати не се сложувам.
    Јас до сега незнам за кој немам порачено патики, и никој се нема пожалено.
    Мене и нашите спортски продавници со цени до плафон и не ми се нешто многу веродостојни, на крај краева се е како ќе ти се погоди.

    Колку пари, толку музика е работава. :D
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Јас нарачав nike free run патики пред 5-6 месеци па до денес не мрднале, а ги убив од трчање и шетање. Пешачам доста со нив, трчам се праам и топ си се. Ги земав за 2000 денари, додека тука беа околу 7000. Знам дека оргинал си е оргинал ама и копијава искочи супер, не очекував дека ќе ги носам толку, мислев дека ќе ми се распаднат по еден месец ама баш сум изнанадена. Сигурна сум дека уште толку ќе ги носам, ако не и повеќе. :hai: