Онлајн производи (искуства и критики) Јас нарачав нешто што мислев дека е дебел капут и излезе едно тенко палтенце што не изгледаше воопшто како на сликата, а не беше баш евтино... Не знам за такви работи не би порачувала, подобро тука најди си, пробај си.
Јас да си побарам совет.Порачав фустанче уште средина на јули и сеуште не ми е ни тргнато од Кина.Неколку пати му пишав на селерот и упорно ми вика дека било до кинеската пошта, многу споро одело, и ми го продолжи времето за стигнување на нарачката.Некако не ми се чека веќе, да отварам dispute? Инаку еве го селерот, не се залажувајте да нарачате. http://www.aliexpress.com/store/316156
Според искуствово јас што го имам ни #ВоПаралеленУниверзум немат да стигнат,изивини ако те разочарам. Ама мојата порачка е направена на 23 Август,денес еве 23 Сепмтември сме ама ништо уште во Кина си дремат.
Ќе ви стигнат, ако не ден два пред истекот на рокот отвори диспјут, ако не стигнат ќе ти ги вратат парите. Во секој случај мора да направат нешто затоа што Али не им ги перфрла парите на продавачите се додека ти не потврдиш дека ти стигнала пратката, така да не се секирајте. Контактирајте го селерот и закенете се со диспјут.
Јас си нарачав вакво капутче, уште не ми е стигнато, ама читав коментари дека е исто ко на сликата. Никој не се пожалил ни од материјалот, ни од селерот. Дебелината мислам дека ќе ми одговара, нормално дека не очекувам да има крзно одоздола, туку обичен волнен капут ко што има по продавнициве кај нас. Кога ќе ми стигне подетално ќе ве известам.
Сакам да нарачан nike патики пошто гледам дека прилично се евтини за разлика од кај нас, истиот модел на али поевтин за 2-3000. Какво искуство имате вие со патики, не знам дали да ризикувам.. :/ Ако ми го згрешат бројот е тек тогаш следуваат 300 глупости
Јас лани порачав јакна од ибеј баш оваа беше црвената толку радост , ја очекував да дојде и баш секој ден го следев тој селерот дас видам какви коментари има и кога почнаа да му пишуваат срам да ти е , лажго , не излажа итн и баш за таа јакна што ја порачав. И реков готово и мојата нема да стигне. И не стигна. Тоа да ти бил продавач што не ни ги испорачувал работите само парите си ги земал. Ама секако на крај ми ги вратија парите
Измери ја убаво ногата, пушти сантим повеќе, за секој случај. Нема како да погрешиш. Секаде си има табела, следи ја неа.
Девојки ај ако може малку помош за димензиите јас стварно незнам кој број да го нарачам. Според која табела вие следите?Јас ја гледам табелата со ЕУ димензии ама некако не ми се совпаѓа,мене ми треба бр М ,тука СЕ СПОРЕД БРОЈКИ 32,34,38..... е сега незнам дали број М е 34 или 38.Се мерев но некако сум измеѓу,ајде совет како се ориентирате за димензиите.Фала.
^^ 38 е М, но имам читано поназад совети дека и да земеш број поголемо нема да згрешиш затоа што кинезиве малце се скарани со броевите од реалниот свет
Извадив интернет-картичка од Стопанска банка. Ме интересира дали за секое плаќање банката зема провизија и колку отприлика е провизијата на банката? Ми треба ова инфо за да знам колку пари да префрлам на картичката пред да ја извршам нарачката. ФАЛА однапред!
Нарачав го платив производот и пишуваше дека е испратен,на крај ми пристигна порака дека нарачката е стопирана пишуваше The order is frozen и дека продавачот работел во сомнителни околности,и за 3 дена парите ќе ми бидат вратени. Му се има на некој случено ова или само јас налетувам на сомнителни Уффф се откажувам повеќе не нарачувам од тука.
Се случува , ништо страшно, порачај од друг селер. Не зема ништо провизија, мене ми земаат околу 30 ден на почетокот на месецот, ама јас имам картичка од тутунска.
Мене ми се има случено.А како само имав мерак за нарачката,поарно да не ви кажувам. Само,кај мене пишуваше некако-сомнителна нарачка или така нешто и дека ќе го испитаат селерот,односно за 3 дена тој треба да им доставел некои документи и ако се било во ред ќе ја испрателе,а ако не,ќе ми ги врателе парите во регуларниот интервал од 7 до 10 дена. И се знае ,се случи второво.