некои селери со добри продукти http://www.aliexpress.com/store/415916 http://www.aliexpress.com/store/511512 http://www.aliexpress.com/store/100751 http://www.aliexpress.com/store/908304 http://www.aliexpress.com/store/818817
Зошто да не стигне Јас сум чекала порачки и по 2 месеци и на крај ми стигнале, штом се следи и веќе е пратена ќе стигне. А за 14 дена да стигне преку Кинеската пошта е скоро невозможно. За 2-3 недели престигнуваат порачките преку ХК. А преку Кинеската пошта, мој просек е 35 денови Едит: Рокот на пристигнување е 60 денови, после тој рок ако не престигне , можеш да отвориш диспјут, или ако воопшто не се следи, можеш и пред дадениот рок.
Пред 2 недели порачав 2 машки часовници,но неможам да следам каде е пратката..ова ми покажува: незнам што е работава..
Сакам да си го порачам ова http://www.aliexpress.com/item/2013-Za- ... 11183.html Дали некој веќе има порачано ,па да сподели искуства? Исто и јас порачав часовник и од 19.09 истата порака ми стои на трацк17.Денеска му пишав на селерот но уште не ми одговорил...
Продавачот веднаш се согласи на целосно исплаќање на нарачката заедно со поштарината и спорот беше затворен во моја полза.
Ќе ти стигне, преку поштата на Сингапур е, затоа и не се следи конкретно. Но, штом е пратена,ќе стигне. Добро е, барем излегол фер.
Морам да се самоцитирам и update да направам.Отворив dispute уште тогаш одма и проверив направена ми е нарачката на 21 јули, и кинезот пак ми пиша порака да го тргнам dispute-от, да почекам уште малку ќе стигне, а нарачката си стои предолг период во Кина и нема мрднато, и сега несака да го прифати dispute.Со ваков селер до сега се немам расправно.Сега треба да чекам уште 8 дена, за од Алибаба да го решат dispute-от во моја корист
Сеуште е во Кина -Jiaxing in Zhejiang . Девојки, следете ги порачките преку www.17track.net,многу по прегледно е,нема да ви се јавуваат по поштенските бројки, туку ви дава во кој град се наоѓа пратката.
Женски сакам да си порачам сет за нокти.Нешто вакво : http://www.aliexpress.com/item/New-36W- ... 96910.html Има ли случајно некоја порачано вакво нешто од тука, или пак ако знаете сигурен селер за вакви работи. Ако некоја има порачувано би сакала да знам дали цената е во ред, дали производите се добри и сл.
Другарка ми го порача сетов и супер се покажа сега за сега, а и плус за една недела и стигна. http://www.aliexpress.com/item/Free-Shi ... 85236.html
Еј па ова уште поефтино ми се фаќа Само гледам оваа ламба е 9W а таа ја шо ја најдов е 36W. Која е разликата?
Можеш да си порачаш еве јас имам порачано , но единствено вреди само за ув ламбата , геловите се жива катастрофа не ти ги препорачувам А и вториот линк ламбата е послаба ,најубаво да си земеш 36 ватна , ноктите побрзо се сушат доколку со оваа 9 ватната ќе треба многу подолго да ги држиш рацете внатре
Мал совет- ако тракингот ви дава дека ви е стигната пратката во Македонија а не ви стига картонче, обавезно отидете во пошта да прашате што се случува! Дешавка од вчера - чичко поштар ми ја згрешил адресата и среќа што го видов картончето како ѕирка од комшиското сандаче па го земав, инаку прашање е дали комшијата воопшто и ќе се замараше да ми го врати (на страна што јас го носам презимето на татко ми па ништо чудно типот и да мисли дека таква личност нема во нашата зграда). Кога во пошта се испостави дека селерот сепак точно ја напишал мојата адреса, службеничката само промрче низ нос `Поштарот згрешил` и во секунда го искина картончето на може едно 50 мали парчиња (досега имам подигнато еден куп пратки, никогаш не сум видела пред мене да ги кинат картончињата) и го фрли во ѓубре. Немав намера да барам да зборувам со некој надлежен, не сакам на некого да му го комплицирам животот, ама па ова е втор пат во едвај два месеци како има проблем - првиот пат картончето не ми ни беше пратено, овој пат беше пратено на погрешна адреса, искрено се надевам дека нема да има третпат...
Мене во петокот ми покажа дека пратката ми е стигната во МК. Пошто нарачувам прв пат ќе почекам денес, ако не дојде поштарот идам утре да прашам што е работа. Треба во пошта да го кажам само тракинг бројчето?
Задоволна. Имам порачано фустанче, елек, шорцеви.. ги изнаносив. Би ви препорачала кога бирате величина од тоа што сакате да го порачате да изберете едно бројче поголема величина