А може ли некако на интернет да проверам дали се стигнати парите. Користам Маестро картичка од Халк Банка
Ке одиш до банката од кај што ти е картичката и таму ке пополниш еден лист со кој ке си имаш пасворд и лозинка ,се логираш на нет на страната на банката ставаш пасворд,лозинка и одиш да си провериш моментална состојба
Феминки ви се има случено да ви повлечат пари од картичка повеќе од колку што треба? Порачав рамки за очила, околу 5$ беа а на картичка ми фалат пари, дупло од тоа има повлечено. Си помислив да не направив грешка два пара да не имам порачано, ама не е тоа во прашање... Кој малер сум во последно време, сите пратки со ред ми ги царинат... Сега само уште ова ми се немаше случено...
Сношти забележав, ќе одам после да проверам... Ама што би можеле да преземат тие од банка? Мислев да ја откажам порачката, ама не се многу пари во прашање...
Дали некој го има порачано овај спортски градник, и ако го има како е задоволен од него и за која големина одовара? Мислам јас ја видов табелата само што обем под гради сум 70цм а гради 77цм, и незнам дали ке ми одговара? Мислење ве молам? http://www.aliexpress.com/item/Y92-New- ... 03790.html
може ти повлекле повеќе пари зошто има некoи селери што имаат мин ордер 10$ ти си порачала 5$ и затоа ти повлекле толку.
Знаете ли зошто кога пробувам да отворам My orders не ми ја конектира страната туку ми пишува DNS lookup failed, но кога одам на почетната страница на али и гледам производи отвара најнормално?
Да, тоа е... Воопшто не помислив на тоа, а ниту обрнав внимание кога порачував... Можам сега да ја откажам порачката, со оглед на тоа дека е испратена пред 3 дена?
Пиши му на селерот, може уште не е однесена во пошта пратката (иако се сомневам дека ќе се согласи да ти ги врати парите)
Читаајќи ве овде,се заинтересирав и јас,ај викам да видам,да разгледам што има кај овој Али и искрено не се покајав. Одма направив и прва нарачка,иако немам појма како идат овие работи,само се надевам дека нема да ми ја исцица некој картичката,бидејќи е малку попуничка. Ме интересира дали му се случило на некој да ви повлечат пари,а да не ви испратат артиклот? Дали одма се наплаќа од картичката при завршувањето на самата нарачка? И дали има некој соработувано со овој селер flower14,ако да искуства од него? Знам дека се овие прашања често поставувани на оваа тема,се надевам нема да ми замерите ако сака некоја да одвои време и да ми одговори,освен што ќе бидам мноогу благодарна,ќе има и еден лајк од мене
Еве јас да ти одговорам, не за друго, поради лајкот Иако е прилично сигурно да се купува од Али, јас сепак би ти препорачала да си извадиш интернет картичка од Стопанска банка. Ништо не плаќаш, само пополнуваш пријава и ти ја издаваат за 2,3 работни дена. Тука имаш повеќе информации http://www.stb.com.mk/visa-internet-.nspx ама накратко, картичката си функционира на принцип - колку ти треба, толку си ставаш. И во случај да ти ја хакнат, нема да ти соберат повеќе од 20, 30 ден Кога ќе купиш нешто, парите се префрлаат на сметка кај Алиекспрес и таму стојат замрзнати се додека ти не потврдиш дека си го добила продуктот (и си задоволна т.е не отвараш диспјут), дури тогаш парите се префрлаат на сметка на селерот. Ако се случи селерот да не ја прати порачката до дадениот термин, парите автоматски ти се враќаат. Ако има проблем со стигната порачка или пак воопшто не е стигната, ќе отвориш диспјут и ќе си ги бараш парите, дали целиот износ или делумен, или пак може да бараш селерот да ти ја прати повторно. Не знам дали мислиш на овој селер, http://www.aliexpress.com/store/1317060. Продавницата е многу нова и продуктите уште немаат фудбек и ако нешто ти се допаднало, сепак најдобро би ти било истиот тој продукт да го побараш кај други, посигурни селери. Сега еден лајм, молам
Nausicaa да си жива и здрава ме изнасмеа со ова лајкот Бидејќи неможам да ти ставам повеќе тука,еве ти ветувам на наредните 10 поста што ќе ги пишеш имаш 10 лајкови од мене,не за друго зашто беше прва а јас возбудена сирота(прва нарачка,аирлија нека се множат )успеа да ме изнасмееш. Дури сега видов дека ми пратиле смс порака од НЛБ дека е направено успешно плаќање на Али Да,за тој селер се работи,видов од страна десно 100% positive feedback и ајде се залетав,порачав,ама искрено евтино а многу убаво,а само пред некој ден беше тродупла цената.. Ахх леле жива зараза е ова...додека не влезе чивијата... Ти благодарам мила на одговорот
Јас да ги прашам девојките кои имаат порачувано зимски јакни (или им имаат стигнувано потешки пакети), дали ве царинеа? Јас сакам да порачам јакна која тежи 1,5 кг и не знам дали (и колку) ќе ми наплатат во пошта поради тежината?
Мајка ми има нaрачувано од овие јакни http://www.aliexpress.com/item/Hot-Sale ... 99205.html и очекувавме да стигне во пакет, ама пак беше завиткана во ќесичка, и поштарот ни ја донесе до дома, немавме никаков проблем
alexsandraa, ќе отидеш со картичката и со лична карта на шалтер во некоја од експозитурите и ќе и кажеш на службеничката колку пари да ти префрли на картичката. Ако проба да те убедува дека треба да се префрлат на трансакциска прво, не се согласувај и барај да ти ги префрли на интернет картицата директно (на некој од постарите службенички уште не им е најјасно како оди целата таа процедура)
Аии јас се заљубив во прв поглед во оваа јакна,уште кога ја видов пред некој ден на еден профил на фб каде ја продаваа 2500 и бев решена да ја порачам ццц.А види они од Али за која цена ја земаат Кажи ми само дали е иста како на сликата,дали ви се допадна ? п.с. Со здравје да си ја носи мајка ти