Онлајн шопинг Конечно едната нарачка стигна во државава (барем така пишува на http://www.17track.net/index_en.shtml) значи за некој ден чичко поштар ќе ме израдува
Онлајн шопинг ај помогнете ми за уште нешто некои производи од алиекспрес ми се бендисаа ама не ги земав него си стоеа во кошничата кај мене и времето се одбројуваше откако помина времето јас не платив и порачката мислам дека се откажа баремтака ми дојде на е маилот дека порачката е откажана е сега прашањето ми е ако порачката ми е откажана зошто се уште ми ја има во моите порачки стои како завршена дали е можно самите продавачи да си повлечат пари од мене и да ја пратат ? и друго сите порачки се испратени до кај 10 јуни а кај сите стои дека се во пек тоа значи дека сеуште не се пуштени на брод а веке се поминати 2 недели најмалку
Онлајн шопинг Здраво Сакам да порачам од алиекспрес само ме буни нешто. Која е цената од овие двеве по која се плаќа ?? Price: US $25.50 / piece Approximately € 19,42 / piece http://www.aliexpress.com/item/Free-shi ... 32254.html
Онлајн шопинг Поминаа 21 ден од коа нарачав и уште не ми е стигната нарачката, дали треба да бидам загрижена? И точно ли покажува ова на www.17track.net??
Онлајн шопинг Може ли да ми кажеш како гледаш преку овој сајт до каде е порачката? Треба некој број да пишам внатре? Инаку јас порачувам од Ибеј
Онлајн шопинг Треба да имаш Tracking number. На алиекспрес, откако ќе ти ја испратат нарачката, го добиваш и тој потребен број. Провери си ја нарачката откако ќе ти ја испратат, мора да пишува таков број и кај тебе. Тој бројот го пишуваш после во таа страната, и ти покажува до кај е стигната.
Онлајн шопинг Мене едната нарачка од алиекспрес на ова www.17track.net ми покажува дека не се мрднала уште од 13.06, а втората нарачка од 22.06. Повеќе ме загрижува оваа од 13.06 зашо уште не мрднала. Затоа прашувам дали да им верувам на овие 17track.net, да не испадне дека веќе ми е стигната, ама не ми стигнало никакво картонче.
Онлајн шопинг Колку што знам точен е тракингот на 17track, но штом пратките влезат на територија на Европа можете да ги пратите и на овој линк од нашава пошта http://www.posta.mk/sledenje_pratki_stranstvo.html . Некогаш тракингот знае да заебава но во никој случај не би требало пратката да стигне а вас поштар да не ви го донесе предметот или картонче. Во секој случај и да се десило некаква грешка со испораката т.е. поштаров на овој линков од мак.пошта мене секогаш ми јавуваше каде точно се пратките и когс стигнале кај нас, па најчесто ден-два потоа доаѓаше поштарот.
Онлајн шопинг му пишав тогаш што пишав не ми врати, на 24 му пишав пак порака и пак не врати, денес земав и му направив open dispute и за 15 минути ми стигна порака од продавачот и бара да го откажам диспутот, дека потоа можам пак да го активирам амо има потреба. На хелп ми се покажа ваков одговор Спојлер Please note that you can reopen a dispute for the order within the due date if you have cancelled the dispute. If your order is under mediation, I am afraid that you are unable to file a claim for the order again. дали ова значи дека ке можам пак да го отворам до истекување на денот што ми е даден кога е пуштена нарачката или ке ми дадат друг рок за повторно отворање. еве ја пораката од продавачот Спојлер Hi Ivana, we have to ask the logistic company tomorrow because we didn't have any customer from Fiji. It will be impossible to make mistake with Fuji. If it is United States or Russia, I would believe it. But Fiji, definitely no. I will check it for you, please don't worry about it. We can figure out a way to resolve this problem. Could you kindly close the dispute for two days, and you can open it any time later. Thanks so much in advance. му одговорив дека ке го откажам диспутот откако ке го реши проблемот. сега незнам дали од алиекспрес се вмешуваат веднаш по 3 дена или само ако побарам modify во рок од 3 дена.
Онлајн шопинг Еве и јас конечно да споделам искуство! Пратката ми стигна за 20дена. Се беше така како што изгледаше на сликата и + кинезот беше многу фин и љубезен, одма одговара на пораки. Се на се пак ќе нарачам од него! И еве го херојот на приказната http://www.aliexpress.com/store/900687
Онлајн шопинг наубава ти благодарам за споделениот линк на македонски пошти инаку кај мене ми пишува дека денес пратката е во македонија за колку дена да го очекувам чичко поштар? инаку пратена е на 13,06 а денес на 26,06 е веке во македонија по што сметам дека е прилично брзо спроведена само уште до дома да дојде ама ке биде и тоа па ке ве известам
Онлајн шопинг Мене ми стигнале и двете пратки едната за точно 20 дена, другата за помалку, за 17 дена, ми стигна ливче со двата броја од две пратки, така да се погоди со едно идење се да подигнам Се изненадив, баш и проверив и на тракнгот и кинескиов и нашиот вика дека се стигнати уште од 20 кај нас, само ептен ги држат на царина очигледно. Последниве двајца ептен брзи експресни дури!
Онлајн шопинг кај мене ми стигна првата нарачка порачана на 13,06 стигна денес 27,06 кај мене прилично брзо сега ке ги почекам и другите него зборот ми е немаше картонче него поштарот ми ја донесе до дома порачката е од овој селер http://www.aliexpress.com/store/917573 само да се редактирам 2 порачки се пристигнати исти како на сликите за неполни 15 дена ептен сум задоволна
Онлајн шопинг Да прашам јас како оди продажбата на делови за изработка на накит http://www.aliexpress.com/wholesale?shi ... eedQuery=y
Онлајн шопинг неможе да се купи едно или неколку парчиња, обично си имаат минимална порачка од 50, 100 ... парчиња девојкава има попус уште 3 дена + промотивно дава 2 долара попус за секоја нарачка над 12 долара, исто важи уште 3 дена, јас порачав од неа пред некој ден, веднаш ги прати. http://www.aliexpress.com/store/712812
Онлајн шопинг И јас ја препорачувам уште еднаш утопијата, нема да се разочараш за поалку од 20 дена ми стигна што пријатно ме изнанади после последото фијаско што ми се случи со претходната нарачка. Мене сите ми се свијаат, се што нарачав мене поише од топ, исти како на сликите и повеќе од одличен квалитет за ич пари. Мене не ми се пресмета неговиот попуст од -2 автоматски и одма му пишав и одма ми врати и ми понуди да си избрам нешто по мој избор до 2 долари и тоа ми го пратил заедно со другите, ептен поштен продавач, а се сомневав дека и тоа ќе ми го прати и ме изненади најпријатно. Сега следно ми се ташни и маски за телефонот. И од овој продавач можам да кажам дека е ептен, ептен добар, како беа завиткани мајко моја одвај ги извадив, али па нема шанси нешто да се оштети. http://www.aliexpress.com/store/100751 Само не дава подарок, али па секако и последните подароци ми беа катастрофални!
Онлајн шопинг Дали како што стојат работите на сликите ми се порачани работите и ако не се дали знаете каде ми е проблемот во порачките?
Онлајн шопинг Плавуша, порачани ти се ама нема да ти ги испрати зашто минимална сума е 15 долари а ти немаш ни 2 долари вкупна нарачка. Треба да нараш од кај него само работи во вредност од 15 долари вкупна сума, за да ти ги прати. Сега ќе ја откаже нарачката и нема да ти ги земат парите од сметка.