Ќе знаеме за нареден пат. Туку, после колку време од кога ќе стигне пратката во МК ја враќаат назад во Кина ако не ја подигнеш?
^Јас ги прашав службениците од поштата во Карпош и одговорот беше дека пратките ги чуваат уште дваесетина дена пред да ги вратат на адресата на испраќачот. Претпоставувам дека тоа важи за сите пошти низ Мк но најдобро би ти било да си прашаш во твојата локална пошта
Дали можам да откажам штотуку нарачан производ? Бидејќи не гледам cancel button а видов дека погрешното сум го нарачала.. Anyone?
^ Штом е штотуку купен продуктот, веројатно уште се реализира трансакцијата. Кога ќе биде потврдена исплатата, ќе ти се појави статусот awaiting shipment и тогаш ќе може да ја откажеш.
Dali vi stignaa pratkite civ tracking number pocnuva so S, na primer S151446???????????????????? Јас ги чекам веќе 50 дена и е не знам дали да си ги побарам парите ХЕЛП ПЛИИС!
^ Дали можеш да ја следиш? Ако е во Прага, кај и да е, за некој ден ќе биде во Мк. Но, ако не можеш да ја следиш, отвори диспјут, очигледно има некој проблем.
Јас имам една таква порачка и нерви сокинав со неа последно ми го писува ова Arrival at inward office of exchange, held by import Customs, MK е сега ме нервира еднас на 11,10 ,2014 го пишува ова еднаш на 10,10,2014 гопишува ама ај како што гледам на царина е у мк а ?
И јас имам проблем со вакво бројче за следење. Производот го порачав во август, а околу 20ти септември ми стигна во Македонија, и го пишува истото (Arrival at inward office of exchange, held by import Customs, MK). Бев во локалната пошта и ми рекоа дека бројчето требало да почнува во R тоа значело дека е меѓународна пратка, а ова што почнува на S била обична пратка. Отидов и во поштата кај железничка и таму истото ми го кажаа. Би требало да стигнат производите , ама изгледа ќе се изначекаме
Ако пишува Free Shipping значи не се плаќа. Во спротивно си стои точно одредена цена колку се плаќа и кога ќе извереш боја и број ти ја дава вкупната цена.
Во пошта па ти ја носи поштарот, или ако е поголема ќе ти донеси ливче за да ја подигнеш лично од пошта.
^ Не знам од што зависи но мене за сите пратки ми има стигнато картонче за да ги подигнам лично во пошта а сум имала и многу мали пакети (пр. марама или часовник)
Девојки ми треба мислење од вас. Пред некоја ден порачав чизмички за ќерка ми. Му пратив порака на продавачот дека ногата и е долга 16цм и според нивната табела бројот 8 би и бил таман,доколку сметаат поинаку слободно да пратат друга големина. Е сега горе пишува дека пратката е пуштена а денес добив порака од продавачот. Еве ја пораката: Dear you open a dispute, we will give a full refund only 15.8cm u shoes biggest kids there is no way to wear Oh really sorry. Како вие го разбирате ова? Да отворам диспут ако не и се точни чизмите или веднаш да отворам оти не ги испратил? Мислење?
Не можеш да отвориш диспјут бидејќи не се пратени. Веројатно селерот сам ќе ја откаже нарачката, а можеш и ти да ја откажеш , тој само ќе потврди.
Девојки, ајде ве молам кажете што мислите за овој линк и селеров: http://www.aliexpress.com/item/free-shi ... 77670.html Фри шипинг преку ДХЛ, како е можно? Гледам дека селерот нема никаква репутација, можеби е нов, ама јас сепак се осмелив да порачам една јакна, навистина од љубопитност. Вчера ја порачав, денес е испратена. Ајд да видам што ќе се случи, додека не пробам не знам. Ама да нема некој слично искуство? Посебно ова ДХЛ ме буни. Се плашам да ми не дојде пратката на врата и да бараат 100 евра поштарина јас да платам Во секој случај, ќе ви пишам искуство.
Каков тракинг број имаш, ДХЛ бројот е само од бројки без букви мислам. Инаку искрено сомнително ми е ова. Мислам дека се работи за лажен селер Но, да се надеваме дека се е во ред. Инаку и јас порачав од селер без никаков рејтинг, нов е, колку да пробам, па ќе ве известам што ќе се случи.
Да, само бројот е, без букви. Ќе видиме, морав да порачам, баш ме занимаше можно ли е, па ќе ви пишам.