здр девојки сакав да ви кажам дека конечно после 40 дена ми стигна мојот таблет кој си го порачав за ефтини пари , и мислев дека е детска играчка ... ама ке го пофалам значи 7 inc е , и ист е како и овдешните таблети кои се продаваат за дупла цена
Дечки на алиекспрес деновиве има голем попуст има производи што се премногу намалени дури и по некој смешни цени за 3-4 $
Девојки нарачав нешто пред една недела и се ок, процедурата одеше нормално. Меѓутоа ми стоеше Awaiting Payment кај нарачката. И му пишав на селерот и ми вика не можеме да ти ја пратиме зошто не праќаме во Македонија бидејќи многу нарачки ни се изгубени таму. Е сега не ми е јасно, парите ми ги повлекоа? А селерот не ми враќа на пораките. Или можеби парите не ми биле повлечени од картичка? Фала ви
здраво имам пратка заглавена е во прага , а денес е 56 ден откако го порачав производот , и од 23 октомври ми е во прага , не знам дали да отворам спор ....
Ако веќе си чекала толку време почекај уште 4 дена за да дојде до 60 денови отвори спор и парите ќе ти бидат вратени на сметка
Штом е во Прага почекај, најверојатно ќе си ја добиеш пратката за неколку денови. Јас би ти рекла да го продолжиш времето за пристигнување, да кликнеш на request to extend purchase protection, бидејќи е 56 ден откако си го порачала производот, ти остануваат уште 4 дена затоа што кога ќе изминат 60 дена процесот се затвора. Ако не стигне ни за продолженото време, е тогаш отвори диспјут
@Candid доколку ти покажува awaiting payment, значи парите од сметка не ти се повлечени. Откако ќе ти ги повлечат парите пишува awaiting shipment. За да не се мислиш, провери си ја состојбата (на сметка) и ќе дознаеш дали ти повлекле или не. Нареден пат кога ќе нарачуваш нарачувај преку интернет картичка, а не преку дебитна на која имаш поголема сума, бидејќи така ќе ти биде попрегледно.
^Јас користам виза интернет картичка од Стопанска банка, таа е наменета само за онлајн порачување, така да сигурна е, си ставаш толку пари колку што ти е потребно за нарачката
Разбирам, постојано нарачувам меѓутоа ми се има случено да пишува awaiting payment а нарачката ми стигнала затоа не сум сигурна. Како и да е фала ти
http://www.aliexpress.com/snapshot/6254965564.html еве го селерот , и таблетот ист е како на сликата и го земав за истата цена која што е и сега .
Ќе може некој да ми каже каква е наградната игра на али? Не разбирам за што станува збор, како се користат купоните..
Играта може да се игра 3 пати на ден и поентата е да собираш поени преку кликање на поклончињата во рок од 30 сек. Потоа со паричките купуваш купони: За 300 парички можеш да го купиш првиот купон со кој имаш 2$ попуст на нарачка која изнесува минимум 19$. Пример ако порачаш нешто во вредност од 20$ и го искористиш купонот - тогаш наместо 20$ ќе платиш 18$ итн за останатите купони
Имам направено многу нарачки од оваа страна,,,,и сите ми стигнале... Најново нарачв јакна и одвај чекам да ми пристигне....
@KatFem јас пак разбрав дека тој попуст може да се потроши во една продавница но на неколку производи со збир од 19$. Нема логика поинаку, бидејќи повеќето производи се со ептен ниски цени.
@cinderella5 Не @SV1911 Ова е Shopping Festival, купуваш производи на попуст и колку повеќе купиш, т.е колку ти е повисока сумата на порачката - толку повеќе попуст добиваш Постојат 2 вида на купони, овие за кои ти зборуваш се купони кои ги добиваш од самите продавачи. Додека останатите кои се добиваат на овакви тн фестивали можат да се користат за сите производи на Али