феминки си имам голема мака.. Сакам да замолам некој доколку е расположен и има време да располагање ако сака да ми бјасни детално како можам да нарачувам преку али експрес. со какв картичка се прави со мастер картичка ли со виза ли , даали на цената на производот е пресметана и поштарината колку време се чека додека да пристигне дали сте задоволни од тоа што сте поралаче и дали се што сте порачае сте добиле дали ова е сигорно? ве молам за помош
Јас порачаав две Како и да е, ако е тој преварант, секако парите ќе ни бидат вратени. ги порачав за татко ми.
И да не стигне ќе ви ги вратат парите , а ако стигне ќе си имате/имаат јакна за супер пари па баш пишете ако стигне
Феминки, на 04 август нарачав една чанта , ама уште не ми е стигната.Таму стои статус - се процесира. Му пишав неколку пати на селерот не ми враќа порака, воопшто не е онлине. Пред некој ден разговарав со друг селер и го замолив да ми ја провери таа нарачка преку бројот на нарачка и замислите што ми кажа..... Ми рече дека тој селер го упасиле на царина и дека е во затвор. Така да не ја добив ниту чантата, ниту парите ми ги вратија. Бидејќи откако ќе ја прифатиш нарачката, неможеш после да ја откажеш и нема да можат да ти ги вратат парите.
А зашто не ги контактираш директно алиекспрес да им кажеш што е точно работата па да ти ги вратат парите , ипак штета е можеш нешто др да си купиш
А како да ги контактирам нив??? каде да им пишам емаил.... не сум баш искусна со оваа страна? Ајде помогни ми....
Еве да се самоцитирам, кажав дека ќе ви пишам искуство. Пред три дена добив мејл дека порачката е замрзната фодека селерот не приложи некој потребен документ, бидејќи е сомнителен. Денес ми стигна известување од Али дека селерот не приложил потребната документација и парите ќе ми бидат вратени. Ете барем пробав
Оди најдоле на страницата од десна страна ке видиш Contact us..потоа штиклирај го тоа Refund -- When will I receive my refund? бидејки нема соодветно прашање притисни на ова , потоа на Was this answer useful? оди на no i potoa na email us. Јас мислам вака е најубаво да ги исконтактираш и да им пишеш се
Зашто мене не ми се отвара линков, пишува page not found ме интересираше што порача па и DHL да е без пари. Баш пиши кога ќе ти стигне
Си ги порачав четкичкиве уште не ми стигнале за да видам дали се добри ама за овие пари до сега немало така да какви и да се мислам дека премногу се исплатат па ете ако некој сакал и му требале да му ги посочам за само 2.99$ http://www.aliexpress.com/item/Prof...-Bag-Brand-Make-Up-Brush-Free/2052679941.html
Освен тие 2 јакни, порачав и кошулка и сукња и чанта и уште 2-3 др ситници. 30 евра потрошив на овој селер и ако испадне дека е преварант ќе треба долго да се нервирам.
окцензи какво е тоа долго нервирање,ме изнасмеа Го погледнав и јас овој селер,ама многу ми е сомнителен,ем скоро е регистиран,0% фидбек а и корисничкиот ник му е gdfdrft(така нешто беше).Дај Боже да ви стигнат артиклите,ама јас сепак не би рескирала... Јас си се изначекав за порачкиве,моментално 5 имам на лагер,ама таа првата за јакната имам уште околу 15 дена рок да ми стигне и еве веќе од 26ти уште дреме на ПЕК,аман веќе почнав да се разочарувам,затоа пак решив веќе да не ги следам порачкиве,може побрзо ќе помине времето така.
Пеперутче и јас го погледнав селеров, гледам нов, ама па гледам и многу нарачки. Е сеа долго ќе се нервирам, затоа што можеби долго ќе чекам нешто да стигне, а може и нема да стигне.
Okcenzi, јас па мислам дека Али врши редовно проверки на своите селери, и ако нешто им е сомнително тие бараат дополнителни информации/документи од селерот, така да не би требало да се изначекаш до крај на истекот на достава за да видиш дали ќе ја добиеш пратката. Како што беше во мојот случај. После неколку дена од порачката добив порака од Али дека порачката ми е замрзната. Е сега, во секој случај, може и да не биде таков случај, затоа треба да ја следиш да не помине рокот за достава. Мада јас имам порачувано од нови селери и сум добивала работи. Додека не се проба, не се знае Мене па сега еден добар селер ме завлече за рамка за наочари и тоа поштено. Се ми врти нешто, веќе два месеци поминаа, веќе еднаш ми го продолжуваше рокот за достава и сака уште пак. Многу ме нервира, му кажав дека ќе го отворам диспјутот, тој ми одговара дека не ми оди тоа во прилог А да чекам со месеци и да не ми стигне ми оди? И така, ќе почекам уште некој ден и ќе отворам диспут, а неговата пратка се уште во Кина нека стои. Заглавена му е пратката и сега јас треба да ја чекам толку многу. Ми предлага уште месец дена да почекам, па ако не ми стигне да ми препрати нова. Се изнапишав, ама да ми олесни, ама така кога ќе ти се погоди некој да се натегаш со него, лелее