@Sky-butterfly можеш ли да ја следиш нарачката да видиш до коде е стигната. Ако воопшто не се следи отвори диспјут, па и тебе не ти е во корист да чекаш по три месеци. Нормално е секој да си ги бара своите права. Инаку за овие "нови" селери и дупло и тордупло поефтини работи, да не ве разочарувам, ама скоро е и невозможно да ви стигнат. Пример четките, кај др селери се над 12, овде 2 или 3. Па никој не е луд да работи со загуби или палтото.. Сепак се работи за Кина, ама овие се нереални цени. А нерви ќе искинете чекајки ги парите и расправајки се со селери. Иако во овој случај, најчесто не одговараат, па на крај диспјутот се затвара во ваша корист.
@duffi можам да ја следам, ама скоро три месеци не е мрдната од Кина, нели е тоа сувише? Тој сака повторно да ми продолжи рокот, ама што е многу- многу е мислам.
луге селерот треба да ми врати пари на картица и ми вика кажи ми го Card Account Number? кој бр. од картицата треба да му го кажам?
@slimsblue од кој сајт порачуваш? Прв пат слушам некој да бара така бројот на картичка. На Али се е автоматски, како си платила така и парите ќе се враќат.
од али нарачав ама истече времето за кое требаше да ми стигне производот парите не ми се вратија а со селерот се договоривме да ми го препрати пак и пак не ми стигна..сеа сакам парите да ми ги врати ми вика имаш ли пајпал ако немаш прати ми Card Account Number да ти ги вратам парите на картица
@Sky-butterfly отвори диспјут и ич да не ти чуе. Не е можно толку време да е во Кина, стигната е барем до Пек или Кан? @slimsblue селерот нема врска со парите, али ги враќа нив. Баш чудно што ти бара број на картица...
Револтирана скопјанка: Нарачав палто од „Али-експрес“, погледнете што добив! (ФОТО) Извор: http://republika.mk/?p=339608
@Dr.Strangelove затоа велам читајте коментари и искуства. А и за некој си 15 тина $ не можеш да очекуваш бог знае штo. А и колку што се гледа на сликата единствено материјалот не е исти. Ова го дискутиравме и со невестинскиот фустан. Колку пари толку музика.
Во врска со купување од нов селер Пред месец дена ја порачав оваа јакна http://www.aliexpress.com/item/2014...emale-Raccoon-Fur-Collar-Down/2046927608.html од нов селер, регистриран во август годинава. Цената и беше US $15.19 и имаше над 1000 порачки но 0 коментари. Неколку дена откако ја порачав (и во меѓувреме порачките се накачија над 2000), селерот не само што престана да ја продава туку кога ќе ја отворев страната, ми даваше page not found. Поминаа повеќе од десет дена откако ми ја прати но не можев да ја следам, му пишав, ми се извини и ми даде друго тракинг бројче и од вчера јакната е во ПЕК. Селерот е многу љубезен, одговара на секое прашање но јас бев спремна на се и сешто во моментот кога ја порачав. Муабетот ми беше, сметав дека вреди да ризикувам со нов селер зошто ако е се во ред, ќе си имам нова (и многу евтина) јакна а ако има проблем, парите во секој случај ќе ми бидат пратени но Дафи е сосема во право, не знаеш на кого ќе налеташ - со `докажан` селер може да излезат проблеми а не па со нов кој уште се учи што-како (или е, не дај боже, преварант)
Вчера ги контактив од али за една нарачка уште од август, но не добив никаква повратна информација??? Што да правам? Дали д аим пишам пак??
Здраво женски, сакам да си порачам еден од овие капути(се мислам и за двата) некако ми се многу ефтини, ама се двоумам дали воопшто ке ми стигнат. Да не има некој искуство со овој селер?http://www.aliexpress.com/item/2014...ool-Coat-long-Winter-Jackets/32214145180.html http://www.aliexpress.com/item/2014...g-wool-jacket-coat-women-fur/32214141489.html
@LadyyGaga ја колку што гледам во продавницава нема store categoris значи нема ништо за продавање сите производи ги тргнал селерот..моe мислење ти е да не нарачуваш од овој селер
Зошто се залажувате со олку евтини производи?? Ако нема селерот ни еден единствен фидбек и цената е смешна ( во споредба со исти артикли кај други селери ) значи не најверојатно него навистина нема шанси ништо да ви стигне. А тоа нема гајле после ке ми вратат парите и не е толку едноставно секогаш. Само што ке си направите главоболки за ништо. Јас имав проблем со половично стигната нарачка од доволно добар селер. Отворив диспут и ми се јавуваа од Кина во 4 сабајле неколку вечери по ред Нека кажи некој ако му се има случено нешто вакво. Мислам да ти досадува во никое време за твои пари .Иначе секогаш нарачувам од Ебау ептен ретко од Али, го избегнувам колку можам. Затоа не влегувајте свесно во такви ситуации.
Сум нарачала досега неколку производи и сите ми стигнале. Сега ги читам вашите коментари и затоа се предомислувам. Затоа и прашав дали некој има искуство и дали на некој му има стигнато јакна или капут доколку има нарачано за пониска цена. Изгледаат фино на сликата. Во секој случај ти благодарам за одговорот.
и ја порачав од добар селер со висок рејтинг не ми стигна производот и веке 2 недели се расправам со селерот да ми ги врати парите иии да ако отвориш спор против него и не му вракаш на пораки ти се јавува на телефон,тоа и ми се случи и мене вчера..толку сум барана дури од Кина ми се јавуваат
@olence86 имаш ли уште шанси да отвориш диспјут? Ако не поминале предвидените денови, отвори спор. А ако нема, парите се веќе кај селерот и освен даму пишеш и да пробаш да се разбереш, друго решение нема. Девојки внимавајте со селерите, измамници има на сите страни. Иако јас немам некое негативно искуство.
Сите селери имаат почнато со 0 рејтинг и 0 фидбек, нека не ве обесхрабрува тоа толку многу. Ако има проблем, парите во секој случај ќе ви бидат вратени. Кога станува збор за стандард цена која варира за долар од селер до селер секако дека најдобро е да се порача од оној кој има најдобар рејтинг но штом можеш да начекаш нешто за два или три пати поевтино, зошто да не ризикуваш? А така евтино пуштаат на почетокот за да привлечат купувачи, вратете се кај истите тие селери за недела или две па ќе видите дека цените ќе ми бидат исти како кај останатите продавачи
неможам да отворам диспјут, бидејќи е прифатена нарачка уште во средината на август. Ќе ве прашам,,,,, како се отвара спор???? Му пишав неколку пораки на селерот не ми одговара.Потоа прашав друг селер за таа нарачка и он ми кажа дека него го уапсила полиција и сета роба му е запленета!
@olence86 за жал ништо не може да се стори,процесот е завршен Инаку спор се отвара на Open Dispute кој што се наоѓа во Order list веднаш до нарачката.
До сега немам порачувано од али, ме интересира како мозам да ја следам порачката и како да се уверам дека истата ми е пратена?