Каде ја следиш нарачката? Најпрегледно е на 17track.net. Инаку мене просекот од Кинеската пошта ми е 35 дена, од денот на праќањето.
Па на www.17track.net. Иначе, нарачката е испратена многу подоцна поради тој некој празник од седум дена на почетокот на октомври, продавачот уште пред да ја прати ми напомена дека може подолго да чекам поради тоа.
Контактирај го селерот, не е можно да поминало толку време ,а ништо да не се случува со пратката. Ако не ти одговори , отвори диспјут. Нека провери тој што се случува.
Луѓенца дали кога нарачувате обавезно го гледате рејтингот и мислењата на тие што купиле, или си купувате и од тие што немаат review?
Обавезно, барем селерто да има рејтинг, производот и не мора. Го дискутиравме тоа погоре. Немојте да се лажете по драстично мали цени.
на 23 август нарачав часовник од aliexpress, и еве уште не е стигнат,а парите одма ми ги повлекоа, се јавував во главната пошта ама ништо нема..
Од странава си порачав ланче од 47 денари со бесплатна испорака, колку да ја тестирам како функционира и веќе е испратено а, замислете имам и бројче за следење.. Едноставно -неверојатно Изгледа ептен си го погодив продавачот..
http://www.aliexpress.com/item/Spri...Motorcycle-Vest-Free-shipping/2046337130.html Девојки дали овој селер е сигурен, прв пат планирам да порачам во вторник на распродажбата и од колку часот започнува кај нас?
Веќе 20тина 15тина дена ми пишува дека пратката ми е во МК ама задржана ми е на царина (Arrival at inward office of exchange,held by import Customs, MK) и никако да ми ја пуштат ниту ми стига писменце да си ја подигнам од главна пошта. Не е некоја голема пратка, две три ланчиња се, не повеќе од 6-7 долари. Му се случило ли ова на некој друг? Што треба да направам?
Уште утре оди во локалната пошта! Земи си лична карта, запиши си го тракинг бројчето и денот од кога ти пишува дека ти е во Мк и распрашај се за пратката.
И мене исто ми пишуваше, скоро цела една недела чекав чекав секој ден одев во пошта и ништо немаше стигнато се правеа на три ипол тетките таму, си отворив диспјут и завчера ми стигнаа дури дома пратките инаку поштарот ми кажа дека на царина имало заглавено многу пратки
Јас си нарачав многу убав фустан за некои нецелосни 18 долари, и продавачот има 96.4% positive feedback амаааа од мојот фустан ни трага ни глас дури воопшто не постои нигде го нема, го контактирав продавачот 2 пати истото бидете трпеливи бидете трпеливи ако не ми стигне до нг ќе убијам се живо и диво xD
Нарачав 2 футроли за мобилен и двете ми пристигнаа скршени. Сеуште немам потврдено дека ми е пристигната порачката. Што викате, да му пишам на продавачот?
сликај ги и пушти му ги на селерот и истовремено отвори му диспут , парите трееба да ти ги вратат , а инаку мене скоро сите нарачки ми стигнале за близу 60 дена , само една нарачка за 2 недели , инаку сум нарачала и од селери со 0 рејтинг и све ми дошло , али како што кажав за близу 60 дена
Здраво девојки. Дали некој знае што значи последниот ред NULL? Дали е се во ред со пратката? Поздрав , фала
Имам порачано четка за шминка од овде http://www.ebay.com/itm/Professiona...pt=US_Makeup_Brushes&var=&hash=item1e89f0b8df ја имам поточно таа за течна пудра и супер е ниедно влакненце не е паднато досега и спер ја нанесува пудрата