Јакната е убава, цената е уште поубава но станува збор за нов селер и постои голем ризик дека може да се појават проблеми. Ако си помирена од сам старт со тоа дека работите може нема да течат глатко, порачај
0% positive feedback. Цените на јакните се нереални и смешни ($9,99), очекуваш да ти стигне? Не порачувај, на крај најверојатно ќе ти ги вратат парите, само ќе губиш нерви и време во расправање и чекање. Едит: сега видов - AliExpress Seller Since: 02 Nov 2014. Ама јас сепак не би ризикувала додека не видам фидбек
епа јас неможев да ја следам пратката,а селерот ми рече као демек ок е на 27.10 е испратена порачката само немпжеш од твојата земја да ја следиш со тракинг бројот..... тоа не ми беше јасно,ама не обратив пажња,зашто и претходноимав пратки што неможев да ги следам ама ги добив без проблем.... останува чекањето на поштарот........ значи ако навистина ја пратил,најкасно до нова година мора да стигне
Јас не верувам дека ќе и стигнат. Него сакав да прашам, каде можем да пишам на вие главниве од алибаба, за да проверат некој селер?
Оф леле јас со ццел памет му пишав дали ги има доставено сите документи и дали постои и најмала можност неговите порачки да бидат замрзнати. Хахахаха. Чекам да видам дали ќе ми одговори па ќе ти пишам.
Девојки, кога ги следам пратките пишува дека се во Мк ама уште ми нема стигнато картонче. Дали со тракинг бројчињата од пратките да идам да ги барам во пошта?
Ах а што мислиш ќе ти одговори точно,ќе ти рече да девојко,не се замарај да губиш време со мене,ќе бидам смрзнат и не се одмрзнувам повеќе (мала шала ) Мацамаца не се замарај воопшто повеќе со нарачката,дали ќе стигне или не,тоа со сигурност никој неможе да ти каже,крајот ќе покаже,важно парите ќе ти бидат вратени
не дека се замарам.... само во исчекување сум и нема друго чаре... ќе си се надевам дека ќе стигнат.... беа преубави,а чинеа само 6$ ...имаше 250 порачки човекот... само не ми е јасно под кои услови го прогласуваат за сомнителен?
Овие селери воопшто и ги немат производите, ама има луѓе па се лажат. -немаат никакви документи приложени -немаат никаков рејтинг -продавачите се жалат од нив -воопшто не го испорачуваат производот Навистина мислите дека некој ќе ви исопрача чизми од Кина за само 6$,кои кај други селери се над 20? А може да има и 1000 порачки, ама ако нема фидбек , се е џабе мили мои. Точно дека селерите на почетокот почнуваат со пониски цени, ама не со разлика во цените од 70%. Туку ова го пишувам по незнам кој пат..
јас веднаш проверувам фидбек,ама во профилот на селерот датумот на зачленување беше скорешен,значи слерот беше нов,па си реков сигурно сака да добие рејтинг побрзо...
Пробувам да нарачам но ми излегува ова Important: Payment method Mercadopago is not available due to Mercadopago system maintenance. Please pay through other methods. Sorry for any inconvenience caused. Го имате и вие истиот проблем?
и кај мене се појави, но си продилжив со нарачката, односно си внесов инфо од картица и се беше ок, порацката е во тек. Без гајле. Него јас сакам да го порачам ова http://www.aliexpress.com/item/wome...on-Dress-Formal-Evening-Dress/2046149784.html е сега селеров има висок фидбек, ама овој производ само 2 порачки до сега. Ајде помош малку, што мислите? И за некој час завршува попустот. Се плашам и да не е многу кратко.
Ја следам темава од сам почеток, од тука и дознав за али ама мислам дека никој нема досега спомнато (ако има се извинувам не сум забележала) дека на али покрај коментари има и слики од добиените производи. Нема кај сите, меѓутоа се наоѓа по некоја, мене лично ми помогна да не купам една јакна кога ги видов дел од сликите и дека на некои им стигнало со лош материјал и не како на сликата... Еве на црната лента што се појавува ќе стиснете на feedback и ке одите по страните... Уште еднаш се извинувам ако некој има спомнато па јас пак објаснувам.
Девојки порачав јакна на 28 октомври селерот имаше рејтинг над 90%, за јакната имаше задоволни коментари, не беше ефтина околу 1500 денари, после 10 дена можев да ја следам порачката на 17track и сеуште можам, пишува дека е во Цирих од 12 ноември, но сега ми покажува дека порачката ми е смрзната и дека не постои продавницата и селерот? Некој да не има вакво искуство?
Сакам да прашам дали некој нарачал од модлите силиконски за правење фигури од фондан поконкретно овиеhttp://www.aliexpress.com/item/Resi...ot-Lovely-Baby-Series-Fondant/1472099231.html дали се ефикасни