Девојки јас да прашам како ги бришете од листа оние производи кои веќе ви стигнале или ги имате порачано. ПОрачав 4 кравати две за љубави и две за брат ми, ама тие не знаат, дека сакам за нова год и за божик да им ги дадам поклон. Е сега, пошто и дечко ми и брат ми сакаат да порачуваат тракатанци некои, не сакам да видат дека јас сум и порачала веќе нешто. Од мојот профил ке се порачува и од моја картичка. Ај плс хелп, најкасно до утре вечер. Фала Линк од кравтите http://www.aliexpress.com/item/2014...siness-Wedding-Party-Neck-Tie/1715507258.html уште 1 ден се на попуст, а башка даваат поклон чорапи, ако нарачате повеке од 2 пара И уште ова да дополнам, брат ми сака да порача оние стеги за диодни светла што се ( како прачки за позади рамки), ама неможам да најдам, па ако знаеше некој селер дајте линк.
Сакам да си го порачам ова фустанче. Па сакам да прашам како се големините 2, 4, 6, 8... бидеќи не ги разбирам... И дали е 1,297.09 денари. Ви благодарам.
http://www.aliexpress.com/item/-/1947916972.html http://www.aliexpress.com/item/-/1947916972.html Еве го. Сум заборавила да го ставам
Имаш најдолу табела,измери се и ќе видиш кој број ќе ти одговара.А можеш да порачаш и кјустом т.е да го шијат по твоја мерка.Ќе избереш било кој број и ќе им димензии во инбокс.
Има ли досега некој вратено нарачка од алиекспрес? јас порачав јакна,ми стигна но ми е мала и сакам да ја замена за поголемо бројче ....Знам дека доставата до Кина се плаќа,па да не излезе дека чини повеќе од самата јакна...Ако има некој инфо ,нека пише
Marmalade ако сакаш стави ја јакната во другата тема за онлајн производи,пиши цена и бројче,па може некој ќе му се допадне и ќе ти ја купи,па така ќе си порачаш поголем број за тебе,а да ја враќаш не ти се исплати!
хаха да мора некое чаре да и се најде,ќе пробам и така и по колегите на работа....а со душа ја чекав...совет за другите да земат број два поголемо...
оф топик @Marmalade, можеш да си направи акаунт и да ја понудиш јакничката на моја гардероба http://mojagarderoba.mk/ Ќе си пишеш зошто ја продаваш, ќе напоменеш дека ни еднаш не е носена, може да го ставиш и линкот од Али да видат дека не ја продаваш поскапо од оригиналната цена и големи се шансите дека ќе ја продадеш - кој не сака нова јакна по евтина цена
Порацувам црн фустан хл величина добивам бел ххл величина пишав на селерот пратив слики од фустанот прашање да преговарам со негоили дирекно да отворам диспут има ли шанси да ми прати црн хл а да не платам ништо
http://www.aliexpress.com/snapshot/6297129542.html , црната една порачка број с,а моја пријателка нарача хл таа ја очекуваме да видиме дали ќе се погоди.
Па хм,ако прочита погоре побарав совет за враќање, а не дали е добра или не,малце си ги измешала работите.според мене е интересна и поразлична од оние што го носат сите.јакната си стигна како што е описот ,и каиш и боја и материјал.само ете броевите не се поклопуваат.и цената за мене е разумна 2000 ден за јакна не е премногу, низ продавници се 2-3000 и истите ги имаат сите.
Колку и да сака човек да ви помогне, некогаш и тоа не чини. Форумот и темава ја чита многу народ, па можеби ова ќе се најде како совет за некој друг, па затоа и посочив. Јас пред да порачам размислувам на се, па можеби и затоа сум немала некој големи проблеми. A ти одговорив и на првото прашање, тука ајт нема веза остани ми поздравена
Драга ,баш поради тоа што мн народ чита ,коментарот твој беше излишен и непотребен,и ги замара останатите и затоа ме изреволтира.што му е некому гајле дали ми се исплати,фидбекот,моделот и слично,ти велам дека скршна од прашањето.ни мене не ми е прва нарачка и јас прво размислувам и сто пати мерам ама ете кога не пробуваш некогаш ќе утнеш.јас сум благодарна за одговорот, на сите им вратив со "ми се допаѓа",извини ако те испуштив.поздрав и на тебе