Ви се има ли случено да не ви стигне картонче од пошта? Јас чекав една пратка месец или повише, ми стигнува картончево во петок и јас си идам во Понеделник уште рано наутро да си ја подигнам пратката. Стигнувам таму и тие ми викаат пратката била вратена.. Збеснав, ама добро селерот се понуди да ми ги врати парите или да ми го испрати повторно истиот продукт!! Прашањето ми е, тие во пошта ми рекоа дека 2 пати праќаат картонче ама мене не ми е јасно ми стигна само еднаш и тоа многу касно (што очигледно е грешка на поштарот) што во ваков случај освен да чекаш да ти ги вратат парите или да ти ја препратат нарачката?
@Candid, мене ми се има случено и да не ми стигне картонче и да ми пратат картонче на друга адреса (место стан бр 12 пишале стан бр 13) затоа и сум параноична кога е трекингот во прашање- кога ќе видам дека поминало недела дена откако пратката е во Ск, одам во пошта да си прашам, навистина немам доверба (а на страна што неколку пати картончето ми има стигнато на 5от ден од истекнувањето на рокот па како мува без глава имам трчано накај пошта) . Инаку, јас потпаѓам под поштата во Карпош и таму ми имаат кажано дека чекаат дваесетина дека пред да ја вратат пратката на адреса на испраќачот.
Јас ја имам порачано оваа ташна http://www.aliexpress.com/item/Mang...g-women-s-handbag-fashion-bag/1819956483.html, само од друг селер кој веќе не ја продава. Ташната дојде во одлична состојба, немаше никаков `кинески` мирис и јас сум стварно супер задоволна
И мене ме интересира истото. Имам порачувано облека и накит претежно, но за ташни не можев да се одлучам. А и во темата со онлајн искуства, колку што имам забележано, никој нема постирано ташни од али. Ако сте задоволни од одреден селер, споделете и линк. Фала однапред
Луѓенца навистина низ скопскиве пошти е хаос. Кај мене нема вакво нешто, ако нема никој дома ми ѕвони поштарот и ме прашува што да прави , да ми остави картонче или да ја остави некаде пратката. Вака на совест на комшиите, ако се смилува да ти го даде картончето. @RainBow @sia.bella девојки одете во темата за искуства од али, има девојки кои имаат ставено слики и како се задоволни.
За ташни јас големка ташна немам порачано, ама имам мала нарачано, и како што кажа феминката погоре не мириса на кинеско, супер квалитет е, многу е издржлива и покрај тоа што сестра ми ја преполнува и ја влечка секаде со нејзе.Моментално не можам да ја сликам, ама еве линк http://www.aliexpress.com/item/2014...lder-bags-women-messenger-bag/1059210625.html Селеров има премногу порачки, и мислам дека продавницата му е само за ташни, има огромен избор, и го препорачувам
Девојки за првпат порачав стрварчиња од али колку за проба како функционира целиот тој онлајн-али-шопинг и сега на yanwen тракинг ми стои следново: -пратка бр.1 -2014-11-30 00:00 Macedonia Arrive at Macedonia Airport-(YanWen the end of track) -пратка бр.2-2014-11-26 00:00 Macedonia Arrive at Macedonia Airport-(YanWen the end of track) -пратка бр.3 -2014-12-03 00:00 Macedonia Arrive at Macedonia Airport-(YanWen the end of track) Зашто колку време би требало да ги добијам на адреса?
Може да поминат и 10-15 дена додека ти стигнат ..зависи, претходно што имав исто една нарачка преку yanwen од прилика толку време ми се задржа тука, а еве и сега исто и јас повторно чекам 3-4 пратки што ми се на аеродром...Битно без гајле ќе стигат
@Boobydyboop, јас имав пратка преку yanwen и да ти кажам дека нерви искинав. Можев да ја следам едно недела дена, ми покажа 00:00 Macedonia Arrive at Macedonia Airport-(YanWen the end of track) и си остана на тоа. Пратката ми стигна 40 дена подоцна. Мој совет ти е одвреме-навреме да бараш од селерот тој да ти проверува до каде ти е пратката.
Ја не сум задоволна до сега од ништо шо сум порачала. Или ќе се скине или ќе се скрши...Или ја незнам да чувам крај краева.
Зошто не можам да порачам едно фустанче,ми пишува Sorry, your payment was not successful? А порачав и други работи,само тоа не ми успева,а пробав од неколку различни селери и ништо.Во што може да биде проблемот?
Лугенца вчера за прв пат се решив и ја да нарачам нешто од Алиекспрес. Ко за почеток мала сума ,само едно ланче 3,88 долари , ако нешто не искочи како што треба да не ми е жал за парите. Е сеа прашањето ми е.. Пишува дека е фри шипинг и коа го нарачав сумата си беше толку колку што пишуваше 3,88 долари. Е сеа нешо глеам дека продавницава му е со мин. нарачка 10 долари и као нешто пишува као ако нарачате испод 10 долари се плака поштарина. Станува збор за оваа продавница. http://www.aliexpress.com/store/pro...ecklace-dress-necklace/214020_2050623874.html Што им е тоа поштарина? Нејкам да ме удрат по џеб да паднам у несвест,ако треба да ке ја откажам нарачкава ке си најдам некое друго од друг селер. Би ви била благодарна долку ми објасните бидејки како што кажав прво искуство ми е ова со нарачување онлајн.
@SuperGirl24 има селери кои за да ја испратат нарачката треба да имаш мин сума од 10долари, или пак да платиш 2 долари шипинг, селерот обично праќа линк каде да платиш. Но има и селери и покрај ова правило 10дол, ги праќаат и порачките помали од 10, без никаков проблем. Ако не сака да ја прати селерот ќе ти пише и можеш да ја откажеш нарачката, ако несакаш да платиш дополнително уште 2. П.С И јас го имам ланчево, прекрасно е
Девојки, здраво Нарачав нешто од Aliexpress, и веќе 15 дена ми пишува дека е во Скопје, но го нема во мојава пошта (Гевгелија), што треба да направам? Во која пошта стигаат пратките во Скопје, можам ли да пишам на некој е-маил или да се јавам на некој број да прашам дали ми е таму пратката ? Благодарам однапред
Провери тука дали сигурно ти е во Скопје или е пратена во Гевгелија, ако не јави се во поштата во Скопје
Девојки, што мислите за фустанов ? http://www.aliexpress.com/item/Evev...-Party-Cheap-Dress-Sexy-Deep/32233115228.html Сакам да го порачам, но незнам дали ќе биде ист како на сликата... Да не ми дојде некое парталче...
Според мене веројатноста дека ќе ти дојде парталче е огромна. Зарем не забележуваш дека оригинална е само сликата со црниот фустан кој што верувам дека не е сошиен од ниедна од компаниите од Али, другите се само некој евтин фотошоп врз црниот фустан. Евидентно е дека позата на девојката е иста, и се гледа која слика е оригинална, а кои се боени во пеинт, фотошоп е премногу за ова. Но секогаш можеш да му пишеш на продавачот да ти прати слика од фустаните што тие ги шијат.
А видете го ова .Ке се залетав за малце А пак другите цени,сите му се вакви ц ц ц -нов селер! http://www.aliexpress.com/store/pro...oes-low-canvas-shoes/1494317_32239879275.html