Зараза! Еден период секој ден отворав и нон стоп порачвав нешто, а на крај носам само три ланчиња. Решив да напрам пауза некое време
sto znacu fund processing,a vremeto za isporacka e isteceno a ne sum go dobila fustanot uste,i poveke nema od desnata strana confirm goods reserved?
имам нарачано повеќе призводи од алиекспрес од кои што 2 часовници и 2 ташни не ми стигаа. и парите ми ги вратија за 30 посто помалку друго ми има стигнато за некаде околку 25 дена, и последно што нарачав беше еден жолт фустан ама кога го видов во живо е флуросцентен може само за на плажа да се носи, а не беше ни скап, ама веќе не се подлажувам и не нарачувам.доста беше
Девојки, нарачаната сукња не ми стигна, па отворив диспјут. Прв пат отворам диспјут, па не знам сега што да направам.. Може малку помош?
Оди на MODIFY и кликни пак на full refund. Oдкако ке побараш фулл рефунд пак ке ти се појави истото како горе и ке кликнеш на Еscalate dispute со тоа нема да може продавачот да нуди други опции освен да ти ги врати парите.
Девојки, дали е можно продавачот да ја смени адресата на достава? Еве, подетално да објаснам. Од кај еден ист продавач нарачав неколку бразлетни за мене и за мајка ми, на две разни адреси во две разни држави и баш пред да ја платам нејзината неколку пати проверив дали е точна адресата. Денес ми стигнаа сите алки кај мене и кога после отворив order list на али покажува дека всушност и двете нарачки биле направени на моја адреса. Дали ја сум побркала или они можат да ја изменат адресата некако?
@esperansa777 Немаш Опен Диспјут, бидејќи рокот за испорака помина, а не си ни потврдила, ни пак отворила Диспјут, па во овој случај парите одат кај селерот. Но ова суспишиус ордер ми е баш чудно, можеби селерот е сомнителен па парите ќе ти ги вратат. Отвори си меил, сигурно те известиле што се случува. @SV1911 баш чудно, и јас сум порачувала во различни држави , исти призводи се било во ред. Пиши му на селеро, прашај го, можеби и системот направил некоја грешка.
Ваљда си и порачувала едно по друго и си заборавила да ја смениш. Иначе и јас си порачувам на различни адреси па стигаат. Проверувајте пред да ви ги ппрати продавачот пратките, ако е грешка адресата пишете ја точната и ке ви ја смени адресата. Одкако ке ја прати е касно за секоја промена
Пишав и предходно дека порачав фустан ми згрси и боја и величина отворив диспут ме убедуваше д ами врати 5 од 13 долари колку што кошта фустанот не прифативи стиснав али тимот да го разгледа случајот Е сега ми пратија од али на емаил дека ке ми ги вратат сите пари без да го вратам веке стигнатиот грешен фустан а оваму кај што е отворен диспутот ми стои дека се чека да се изпрати докази како слики и такво нешто е сега испратив слики од грешка фустанот па прашањево е дали ек ми ги вратат сите пари што мислите ?? и од како ек ми ги врата дали да порачам од истиот селер
Од како ке прикажеш доволно докази, во случајов погрешниот фустан, ке ги разгледаат и ке ти ги вратат парите како што рекле. Само ке си почекаш да помине таа фаза додека ги разгледуваат сликите.
Девојки...имав нарачано кошулка од али.. селерот најверојатно ја има пуштено (прати тракинг со тоа што прво беше бејинг, па пекинг и сега нова дестинација сеуште нема.. нејсе... во меѓу време дојде меил дека е под истрага и дека нарачката е замрзната, а после 3 дена дека е затворена и дека парите ќе ми бидат рефундирани за 7-10 дена... што ќе биде сега со пратката? ќе ми стигне? и пари ќе ми вратат? (којзнае што ќе дојде)
парите ке ти ги вратат сигурно али мала е веројатноста да добиеш пратка, ма да мене ми се има случено и пари и пратка да добијам
девојки помагајте Значи порачав патики од нов селер , и му пишав и не ми враќа , му отворив спор и не го прифака , му отворив пак и сега ке видиме што ке врати, му пишав доколку не го прифати спорот ке се обратам до Алиекспрес , сега доколку не прифати пак што да правам ?? инаку пратката воопшто не е пратена од тогаш поминаја 10 дена и пишеше дека патиките се обработуваат , значи не се во никаков трансит, мислам налетав на лажен селер после ова ке паузирам од алиекспрес
Ако не прифаќа од како ке го одбие приговорот ке кликнеш на modify, и послето пак на full refund, од како ке побараш full refund, кликни на escalate dispute (види во претходните постови) тогаш ке мора да ти ги врати парите, само може од Али да побараат да прикажеш докази, ако побараат прати му ги пораките што си ги праќала ке се види дека тој не сакал да соработува со тебе и ке ти биде одобрено вракање. Не порачувајте производи што немаат рејтинг.
a kade e toa modify ??? jas ne gledam nikade takvo , inaku pak mi go odbi prigovorot i ne vraka na moite poraki