Девојчиња да ве прашам,правам на нарачка на Али и ми беа повлечени пари од сметка,имам Tracking Number и овде доле ми пишува Awaiting Receipt, пратена лие пратката
@okcenzi нарачката е во Пек,ќе стигне, само поради празниците им треба подолго време. Мојата беше во Пек скоро цел месец, а вообичаено во нормални услови се задржуваат 10тина денови. Продолжи го рокот за испорака. @Marinelka22 да пратена е. Почекај некој ден за да почнеш да ја следиш.
Редовно си купувам од AliExpress, ама секогаш сум неодлучна кога има поголем избор на тоа што сакам да го купам.. Па сега ќе си порачувам маска за телефонот, ама незнам каква, феминки што мислите, која од овие? http://www.aliexpress.com/item/Hard...nsparent-Side-Cover-Case/32228211026.html?s=p
Му стигнало нешто на некој што правел нарачки во декември? Значи вакво нешто не ми се случило досега, луѓево ми велат дека се стигнати работите а во пошта ми велат дека ништо нема стигнато. Не знам што да правам... ми доаѓа да одам да ги запалам она кретенине што работат во пошта
Денес ми стигна писмо од Пошта за царинење и ми бараат да доставам фактура, сметка, документ за вредност на стоката, а доколку докумените не бидат доставени пратката ќе биде вратена на испраќачот .Е сега прашањето ми е дали некој има искуство со ова и бидејќи пратката е од интернет за какви документи станува збор?
Направи принтскрин од али експрес страната кај што се гледа името на производот,количина,цена и плус од financial делот кај што се гледа колку е платено.Прати го на мејл на царинска пошта , го имаш во писмото
Па зависи што е нарачката. По дифолт е 15% царина + 18% ддв + нешто за лежарина и слични глупости, т.е околу 1600-700денари некаде. Е сега некои работи ти се ослободени или се со помала царина, зависи. Пример компјутерите се ослободени целосно од царина и се плаќа само 5% ддв, за телефони, конзоли и игри се плаќа само 18%ддв итн.
Многу фала на одговорите. Уште нешто, селерот ми ја прати фактурата која треба да ја пратам на царина и на неа стои дека нарачката е 30 долари, а така пишува и на пакетот, дека е поправен телефон и ми кажа дека така нема да плаќам царина. Дали некој има искуство со ова, некако чудно ми дојде? И дали вака треба да изгледа фактурата?
јас коа се јавив у царинска пошта ми рекоа со фактурата да пратам и извод од банка да видат дека стварно е платена таа сум. И во маилот го пракаш бројот што го имаш во писмото, фактурата и извод од банката.
Девојки има некоја од вас порачувано рејбан наочари и дали сте задоволни? Некој селер да препорачате? Фала унапред!
Вчерами стигна герданчето што го нарачав и е исто како на сликата. За 140 денари преубаво е. Го почекав околу 50 дена, ама добро. Како за прво порачување добро поминав, сега продолжувам понатаму. Инаку во врска со царината, за сите производи прават проблем на царина или само оние кои им се сомнителни и нели сега царина не се плаќа за производи под 150 евра или сеуште не е донесен законот? Инаку овие патики најк, адидас се стварно оргинал или тешко и како сте задоволни ако има некој веќе нарачувано, и се плаќа ли царина за нив?