Mila еве на странава овде можеш да пребараш мислам дека некои феминки порачуваа купачи па мислам дека и слики имаа поставено http://forum.femina.mk/threads/Онлајн-производи-искуства-и-критики.20081/#post-1906786 може да пратиш линк од тие купачи што си ги гледала зашто јас како што пребарував овде гледам дека само сет се продаваат
Нема да биде како на сликата, во неколку коментари пишува. Каошот бил сатенски, поширок бил, и имало повеќе чипка.
Девојкии дали некој нарачал од фустаните на херве легер они ги означуваат како хл , и дали се таков материјал како на сликите еластичен како мидер , дали вредат за парите ? Некој искуство да имал ?
Порано имаше палто, сако, кошули по 5 до 10 долари, сега се некако накај 20, или избор нема или број.
Рипна многу доларот, сега ако не се лажам 58 ден. е и затоа ни е се поскапо, со оглед на тоа дека пред тоа беше 45 денари.
Абе така е тоа со се нешто. Прво ќе те залажат со ефтини цени, после стануваат популарни и ги дигаат цените. Ама постепено, да не осетиш.
Вистина ти ова? Кај има врска Алиекспрес со курс долар-евро-денар? Полесно ви е во евра затоа што денарот е врзан за еврото и е 61.5 среден курс. Инаку доларот е поскапен во однос на еврото, па поради тоа и во однос на денарот. Веќе не се исплати ни од овде да порачуваш
Не дека не ми е јасно за курс, ок е пратам вести, економист сум, јасно ми е колку е доларот! Муабетот ми беше дека и ефтините, џабе пари работи и во евра и во што сакаш претвори, ги нема веќе. Се е со цени како кај нас овде, па дури поскапо.
Луѓе имам една дилема. Нарачав една кошула, и сега гледам дека друга адреса сум напишала, не сакам да ми стигне нарачката на таа адреса. Сеуште не ми ја пратиле кошулата, па дали некој знае дали може да ја сменам адресата. Му пишав на продавачот и уште ми нема вратено.
Девојки фустанот и нема некоја разлика. Разликата е во тоа што оваа што го нарачала нема тело како Адријана Лима ми се чини дека е, па затоа и се добива така слика. А плус тоа и првата слика е средувана така што ако си во добра форма и фустанот ќе ти стои добро