види дали се си наместила како што треба... ако мислиш дека е се наместено, а сепак не работи, сликај и прати како доказ дека производот не е исправен, кажи дека уште првиот пат коа си ја вклучила не работела, па види што ке се договориш со продавачот
Ако кликнам на cancel order ќе ми ги вратат парите автоматски? Да напоменам дека во нарачката ми стои The seller hasn't shipped your item
Да. Сеуште ти ја нема испратено и имаш можност да ја откажеш. BTW страшно сум разочарана од али. Направив порачка пред 15тина дена ми ја испрати селерот. Имаше прилично евтини работи. И кога отварам денес и што че видам - селеров нема производи нема ништо. Од страв на сите направив dispute веднаш. Што мислите има ли измамници на сајтов како би можеле да ми ги земат парите? На што да внимавам сега во вакви ситуации?
Како се прави интернет картичка за нарачување од Алиекспрес, може да ми објасните? и како оди порачувањето и следењето на порачката
девoјки, мoже веќе прaшaл некoј aмa не сум прoчитaлa...ме интересирa кoјa е прoцедурaтa aкo сaкaм дa нaпрaвaм нaрaчкa кaде штo имa oпцијa кoјa викa декa нa пoвеќе oд 3 имa пoпуст. требa дa му пишaм нa селерoт или тoa aвтoмaтски се рaчунa? и дaли тoa пoвеќе oд три знaчи и 3 или пoчнувa сo 4? фaлa ви!
И мене истото ми се случи со еден одкако порачав после неколку дена продавачот не постоеше. Јас само кај него направив dispute. Да внимаваш на фидбекот само и коментари на производот.
Женски, според ваши искуства, колку дена и е потребно на една пратка да пристигне од Прага од Скопје?
Јас не ,но читај feedback на венчаниците на страната. Има многу искуства и мислења од оние кои порачувале ширум светот
нарачав уште пред 22 дена, и од 17ти Март ми пишува дека е во Скопје, немам добиено никакво картонче, на кој број треба да се јавам да си ја побарам сама?
Ви се случило да ви земат пари во пошта? Мене ми се јавија денеска да одам да ја земам порачката од пошта и кога отидов ми наплатија 150 денари. Чудно ми е затоа што пред да порачам се изначитав коментари и не сретнав такво нешто. Тоа што го порачав чинеше 3,54 евра не знам дали има нешто врска со цената, прв пат порачувам.
@EleonoraLovato со тракинг бројчето иди во пошта @Primrose.x се случува доколку ја отворат пратката ти наплаќаат, и мене никогаш не ми се случило ама последната пратка исто ми ја наплатија на картончето пишуваше 110 денари и кога отидов во пошта прашав зашто плаќам и таа на шалтер ми рече дека доколку пратката ја отворат се наплаќа (жива глупост)
Мојата беше во Скопје од 3ти Март а ја добив пред два дена, има премногу пратки и додека да направат селекција,и листа се фаќа доста време.
Нормално ли е пратката да ми е заглавена две недели во прага? До сега 40 пратки ми стигнаа и сите за помалку од 6 недели, оваа отече. 2015-03-25 09:26 The Czech Republic, to Exchange Bureau Еве ви производи и селери од кои сум презадоволна како од квалитетот, така и од брзината на стигање и комуникацијата. Четката http://www.aliexpress.com/item/best...eup-Tool-04-24-hours-dispatch/1969912701.html ламбата http://www.aliexpress.com/item/1PCS...et-Nail-Art-Tube-Light-Dryer/32230783189.html фустанчето ( јас го земав розевото и добив поклон танга) http://www.aliexpress.com/item/2014...-9103-lady-clubwear-wholesale/1695894071.html совршеното фустанче http://www.aliexpress.com/item/New-...s-Size-Lace-Vestidos-Desigual/1870963144.html и костимот за капење http://www.aliexpress.com/item/2014...wimsuit-Bathing-Suit-Swimwear/2006938936.html кога го видов ке се онесвестев. Истиот од сликата, квалитетот одличен, димензиите совршено точни, бојата одлична, моделот прекрасен, цената смешна
Споделувам мое искуство со страната. Да, има измамници, но има и начини за да ги избегнеш. Од странава порачувам веќе 2 години и досега сум немала некој посериозен проблем. На почетокот не ми беше јасно на што да внимавам, а и немаше баш кој да прашам. Поради тоа 2 пати ми се случи да порачам нешто од измамници. За моја среќа, самата страна има свои начини за откривање на измамниците, па ме известија по мејл дека порачката е замрзната поради сомнителни активности на продавачот. Во такви случаи, политиката на страната им наложува да достават писмени докази дека се легални, во спротивно ви ги враќаат парите во рок од 7 работни денови. Мене дупло ми ги вратија. После оваа случка добро ја проучив страната пред било што да порачам, и веќе на никаков проблем не наидов. Значи, кога ќе го најдеш тоа што ти се допаѓа, отвори го продуктот и провери го рејтингот на продавачот од десната страна на прозорецот. Најдобри и најстабилни се тие што имаат рејтинг означен со дијаманти или круни и најмалку 90% задоволни муштерии. Јас лично не ризикувам со помали рејтинзи, бидејќи секој продукт го има во најмалку 10 продавници. Секако освен рејтингот на продавачот, треба да ги провериш и коментарите од оние што веќе имале искуство со него. Се почесто луѓето ставаат и свои слики откако ќе го добијат продуктот, па можеш и да видиш што можеш да очекуваш. Друга важна работа, откако ќе ти стигне порачката, не им потврдувај веднаш дека си ја добила (иако тие тоа го знаат ). Најпрвин провери ја убаво, спореди со тоа што тие го прикажале на страната и ако не си задоволна извести ги дека нешто не е во ред. Доколку ја затвориш порачката пред да им кажеш дека не си задоволна, џабе ќе е се бидејќи така истекува и buyer protection, а вака има поголема шанса да се договорите за некаква компензација или враќање на парите. Мислам дека ги објаснив поважните работи
Секако дека има измамници , јас повеќе од ибеј порачувам , лани порачав една јакна зимска од еден продавач што имаше висок рејтинг и на крај памет не ми падна дека е измамник. И по 2 недели гледам почна рејтингот да ми опаѓа и кога читам коментари сите се жалат дека пари си земал но ништо не праќал. И така 16 евра дадов за ништо но секогаш ги враќаат парите. На секаква будала можеш да налеташ на овие сајтови , но тоа е ризик со оналјн шопингот @luciamk , јас не ти препорачувам да порачуваш венчаница од нет , зашто и може да не ти дојде и може да биде сосема друг материјал и сосема друг крој , нели сепак венчаница е треба да биде убава. Исто така имаше низ нет неколку слики што порачале од венчаници и што добиле. Ти ако некоја видиш можеш да му речеш на селерот да ја слика таа венчаница што ја продава и да ти прати слики за да бидеш сигурна.