Има некој проблем со поштава наша, или до Али е проблемот? Еве веќе втора нарачка не ми стига, од 17.03, purchase protection завршува за 3 дена. За таа што пишував пред неколку дена се среди, ми ги вратија парите, ама сеа за нецела недела пак да отворам диспјут, па испаѓа како намерно јас вака да правам за парите да си ги земам. Овој пат extend ќе направам, ај да почекам уште малку.
Преку Seller's shipping methode? Мене не ми е баш релевантен и јас имам порачка која пишува дека од 7ми е во Мк. Почекај уште некој ден,продолжи го времето, мислам дека ќе ти стигне.
Само се канам да нарачам и цело време одлагам. Дали при подигање на пратката треба да е наведена истата адреса како на личната карта? На личната сум со стара адреса, и незнам која адреса е најпаметно да ја напишам?
^^^ Викате нема да си направам проблем ако наведам нова, а на лична имам стара? Скептична бев и затоа одлагав. А при подигање, во пошта се оди или поштар ти носи дома? Се извинувам за примитивниве прашања, ама немам поим, а никој не нарачувал од моето поблиско окружување.
Не прават никаков проблем, дури може и да не ти побараат л.карта. А и да побараат, името и презимето се веродостојни. Адреса можеш да наведеш било која. Обично поштарот остава картонче , па си ја подигаш пратката од пошта. Кај мене пратките ги носи дома, во случај да нема никој ми остава картонче.
@duffi да, преку него. Не е веродостојно баш, ама ти нив не можеш да им докажеш, ќе ти рече во Македонија ти е пратката и немам јас ништо веќе со тоа. @Rubiii, ако е мала пратка дома ти ја носи поштарот, ако е нешто поголемо добиваш картонче и си ја подигаш од пошта, ни лична карта обично не бараат, мене ми земал и брат ми пратки. А ако побараат чисто за името е, па и во случај да праша за адресата можеш да му објасниш, или ќе кажеш не можеше до дома, измисли некоја причина па демек полесно ми беше на оваа адреса. Не дека се замараат.
Мене секогаш во пошта ми барале лична карта. Еднаш ја пратив мајка ми да ми земе пратка, затоа што не бев во МК и не сакаа да ѝ ја дадат и тоа со моја лична карта. Им кажа дека не сум тука, џабе, морав лично да одам. Затоа најуаво да си дома кога ги носат, да може одма да си ја земеш
@sanja.burgundy, веројатно зависи и од самиот шалтерски службеник, еве кажувам мене никогаш не ми направиле проблем, а и брат ми кога беше носеше и моја и негова лична карта, па ништо не му побарале. Мене ми стигна денес нарачката, последниот воз го фатила.
Дали некој има порачано Hot shapers од AlliExpress. Изгледаат исто како тие што се продаваат во МК, само што цената е различна...ама и квалитетот да не е различен? Ако има некој искуство, ве молам да споделите.
Девојки ми стигнаа наочарите и можете да видите какви се на сликата, значи катастрофа ...е сега селерот ниту ми одговара на пораките нити го има прифатено диспутот во кој нормално побарав да ми ја врати целата сума. Што ќе биде кога ќе истече времето за диспут?
Ако не одговори на диспјутот додека истече времетоа тоа автоматски ќе значи дека го прифака и целата сума ќе тибиде вратена. Обично не го прифаќаат туку чекаат да истече со надеж дека ќе го затвориш за тоа време (по некоја случајност)
Е фала ти прв пат отворам диспјут и не ми е познато...на ваква катастрофа ај нека не прифати Како само може да бидат вакви извиткани, се наопачки чудо некое
@An4e24 ако сакаш стави линк од селерот, или директно од наочариве, исти имам порачано само со сребрена рамка. Иако ова мислам дека е при шипингот направено, не се ваљда толку луди вакви да пуштат.
Не се вакви пратени сигурно, но пак они се криви. треба на пакетот да пишат КРШЛИВО за да при транспорт да внимаваат превозниците при ракување со оваа пратка. А на ова има ставено нешто со поголема тежина на очилава и тоа е тоа.
Можеби но сепак има и фабричка грешка рамките на очилата се поставени наопаку и едниот дел е целосно завртен онака нема шанса да се заврти во транспорт пошто е спаковано туку може само да се скрши
http://www.aliexpress.com/item/UV-P...ATOR-Metal-Eyewear-Bat-Mirror/1929211825.html Еве од тука се нарачани Јас мислам дека е и нивна грешка зашто покрај тоа што се скршени и рамките се наопаку поставени тие неможат да се свртат при транспорт и неможе целата една страна да се сврти однопаку при транспорт
Епа тогаш не драпаат македончињава хахаха како може вакви да ги пратат јас незнам. Немаат ли очи што праќаат.