Ми врати порака селерот дека испорачана е пратката само сајтот каснел со апдејтод, нема логика веќе 5 дена да не е апдејтовано дека е испорачана пратката.. Уште 4 дена остануваат, што треба да направам ако изминат и ако не пиши дека е испорачана?
Ние со сестра ми имаме порачано неколку кошулки, саатче за на рака и една маичка, и да ви кажам според цената што ја плативме супер се, и се си стигна на време и се беше во ред...
Имаш од десната страна да си сменеш валутата.. поубаво ти е во евро според мене а долар во евро моментално цената не ја знам .. позз
Повели: http://www.aliexpress.com/store/all-wholesale-products/110383.html Имам порачувано од овој селер и ми стигна се како што треба, плус многу ефтини работи има
Пробувам да направам нарачка со интернет картичката од стопанска банка. Селектирав дека плаќам со VISA,али ми бара некој security code а на картичката ништо такво нема.. кај payments metod да не нетреба ВИСА да селектирам или?
Девојки да ми помогне некоја каде да ја следам праткава? Прв пат добивам ваков тракинг број, а и страната што е посочена од селерот е на кинески, па прво броусерот не ми дозволуваше да ја отворам, па ја отворив некако, па ја преведов е арно ама сега некој си код ми бара што поима неам кај да го најдам. 44599004313 е тракинг бројот. Може и да ми посочите страна каде да следам вакви броеви,па сама ќе се снајдам, а може и да ми кажете каде е нарачкава Фала ви многу!
Женски дали некој може да провери до каде ми се нарачките, кај мене ништо не дава, ни страните не ги отвара RC200530292CN RB155538111CN RI465381089CN RK245098977CN YW733762415YW И сакам да прашам на некои од нарачките има само број, без буквите на почетокот и на крајот, тие каде можам да ги пратам? 32065982104 44576832775 31055056605
Security code ти е бројчето на задниот дел од картичката. Треба да бидат 3 бројки. Ако ги немаш, остави го полето празно, но важно е да ја одбереш точно таква картичка каква што имаш.
security code ми се чини дека тоа е на задната страна на картичката, три бројчиња се само, сепак најдобро да пише некој што сигурно знае
@LadyyGaga ги пробав сите тракинг бројчиња, а само на оваа RK245098977CN ми покажа дека пратката ти е во Кина. Другите пратки сеуште неможат да се следат, а оние тракинг бројчиња без букви можеш да ги следиш на тој линк што ти го има пратено селерот од десната страна - таквите страни за следење се повеќето кинески и плус не покажуваат точно, единствено ќе треба да почекаш
И јас порачувам со VISA а Security code ми е на тој листот што беше залепена картичката кога ја земав од банка - не сум забележала дали го има од задната страна на картичката
Tи благодарам многу, незнам што е проблемот, ги имам нарачано уште пред две недели, можеби сеуште е рано, во секој случај благодарам
Јас до сега се што сум добила е како што треба и сум презадоволна. Понекогаш ќе се случи да не стигне некој производ ама ми ги вратиле парите. Еве неколку продавници http://www.aliexpress.com/store/1017530 http://www.aliexpress.com/store/316156 http://www.aliexpress.com/store/437953 Зависи што ти треба, не знам ги има премногу добри.