Ти си селектирала како што треба , а тој security code за интернет картичката од стопанска банка се наоѓа на листот кој ти го имаат дадено заедно со картичката и истиот се состои од три цифри.
Драги феминки дали би можеле да ми кажете како да извадам своја картичка со која би купувала од алиекспрес? дали треба да се направи некој посебен акаунт не знам на алиекспрес или може со било која картичка visa/master и други од моите дома да купам производ? Ако има некоја што има време да ми го објасни цел процес пошо утепав од замарање дечко на другарка да ми купува преку негова картичка. Фала ви
Поднеси си барање во која банка сакаш, неможеш со обична картичка да порачуваш, треба картичка за порачување од интернет да имаш, брзо излегува понеси си и да треба да имаш акаунт на алиекспрес за да порачуваш
ако картичките на твоите дома се со код позади, кодот се состои од 3 бројки тогаш можиш да порачуваш, нема врска дали е со виза или маестро. Ако више сакаш твоја картичка да вадиш извади си од тутунска, сите картички им се прилагодени и за онлајн плакања нема потреба од дополнителни барања. Отвараш сметка во банката и картичката шо ке ти ја дадат можиш да ја користиш и на нет. На алиекспрес си праиш профил (исто као шо имаш и на фб), потоа само кликаш на копчето за купување, потполнуваш податоци и тоа е. За поубаво објаснување штом дечкото на другарка ти порачува прашај го еднаш нека ти објасни и ке знаиш.
Ај некој да ми проверии, ја блага веза си немамммм 33066483935 11182144620 11213381325 11221151151 11182144620
само првата не покажува ништо ако ти е при крај времето за достава откажи го за да можиш да си ги повратиш парите, инаку сите се више влезени во мк и ке ти пристигнат кога - тогаш на овој линк можиш да ги следиш трак бројките без букви: ЛИНК
Многу ти благодарам.. Инаку за првата што викаш, не ми е истекло времето има уште 35дена.. Му пишав на селерот да прашам што е проблемот, па ќе видиме.. поздрав
Изминаа 10 дена откако е испорачана пратката а сеуште не ми ја наоѓа на тракинг страниците, не знам што е проблемот.. Му пишав порака на селерот ми врати дека ја проверил и дека била во транзит и дека е сто посто сигурно дека ќе стигне.. Еве го бројчето па ако знае некој да ми каже RC182738705CN
Феминкии итно имам потреба од помош.. Прв пат нарачувам и не знам како одат процедурите. Значи сакам да нарачам маска за мобилен ама 2 од истиот селер, но различна боја. И сега како можам да одберам различна боја бидејќи кога бирам можам само на 1 да стиснам, а во количина ставам 2, а така од истата боја 2 ќе ми стигнат. Еве конкретно на ова мислам. И уште ова. Како да го искористам купонот. Има 2 долари попуст, но кога ќе стиснам цената не се менува. Ако може брз одговор.. понудата наскоро истекува.
А можам и 2 пати по едно да нарачам, и онака не знам кога ќе ми врати порака. А за купонот да не си запознаена?
Да, можеш посебно да си ги порачаш така најпаметно, јас така си порачувам секогаш, а за купоните од селерите незнам - немам користено